Бесими: Имаме солидна основа да дојдеме до системско и одржливо решение за платите во јавниот сектор

besimi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Имаме солидна основа да дојдеме до системско и одржливо решение кое ќе важи за сите во јавниот сектор. Станува збор за голема реформа која не може да се реши ад хок, туку ќе се решава системски преку дијалог со синдикатот како партнер во овој процес. Владата дава поддршка за решавање на овој процес, истакна министерот за финансии Фатмир Бесими во врска со системот за плати во јавниот сектор.







– Клучно е што со ова решение се сака да се надмине состојбата која создава парцијални решенија кои поттикнуваат незадоволства. Сега се обидуваме тоа да го надминеме, преку дијалог во Економско социјалниот совет каде треба да дојдеме до најоптимално решение. Имаме солидна основа да дојдеме до системско и одржливо решение, решение кое ќе важи за сите во јавниот сектор, вклучувајќи ги и вработените во Министерството за финансии и другите институции каде има разлики, рече Бесими на гостувањето за централниот дневник на МРТ.

Системот што ќе се прифати, како што посочи, ќе биде имплементиран во буџетот.

– Тоа ќе биде систем што ќе се применува по сила на закон и нема да има потреба од преговори и нема да се користи за политички поени. Тоа е прашање кое ќе се реши на сличен пристап како и минималната плата, за која воспоставивме систем и сега веќе оваа година никој не го поставува тоа прашање. Минималната плата по сила на закон имаше раст во март оваа година и тоа ќе следи и во иднина, рече Бесими.

Додаде дека во рамки на дијалогот со синдикатите се блиску до утврдување на методологијата по одржување на последниот состанок на Економско социјалниот совет.

Во однос на најавеното издавање на граѓанската обврзница, Бесими рече дека тоа нема негативно да влијае врз депозитите во банките и дека улогата на обврзниците е да придонесат во развојот на економијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK