Мицкоски да им се извини на граѓаните за своето однесување во Собранието, бара СДСМ
Христијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните, велат од СДСМ. „Не може. Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието. Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа …
Continue Reading
СДСМ за реконструкцијата: Прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза
Вчера во Собранието се водеше расправа за таканаречената реконструкција на Владата. Мицкоски зборуваше за „нова енергија и ново темпо“, додека во реалноста се работи за козметички потези кои не ја менуваат суштината. Ова не е реконструкција која носи одговорност туку е прегрупирање на луѓе кои веќе две години ја водат државата во криза, велат од СДСМ. Од партијата обвинија дека економијата …
Continue Reading
(Видео) Спасовски: Навреди кон пратениците на СДСМ, бараме извинување од Гаши
Оливер Спасовски, координатор на СДСМ, изјави дека на денешната седница имало нервоза и навреди кон пратениците на СДСМ и побара извунување од претседателот на Собранието, Африм Гаши. „Оваа прес-конференција ја свикавме во вонредни околности, затоа што она што се случи на седницата на Собранието е вон сите демократски критериуми, особено што доаѓа од страна на претседател на Владата и на …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Од оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо
Мицкоски нема ниту еден резултат, ова е една реконструкција која е само замена на имиња, едни луѓе со други, oд оваа реконструкција граѓаните не можат да очекуваат буквално ништо, нагласи во денешната изјава за медиуми, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. Toj посочи дека најавената реконструкција на Владата не претставува суштинска промена и дека Владата на Мицкоски нема напредок во ниту …
Continue Reading
(Видео) Трајчулески: Со Стоилковиќ како министер, „српскиот свет“ добива губернатор во 80 македонски општини
Реконструкцијата на Владата не носи нова визија, туку отвора сериозни дилеми за стратешката определба на државата и за кадрите што ВМРО ги предлага на највисоки државни функции, кажа пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулески, на денешната собраниска расправа. Тој оцени дека кадровските решенија предложени од Владата испраќаат загрижувачки политички пораки, особено во делот на евроатлантската ориентација на државата. „Очекувано е назначувањето …
Continue Reading
Пашоли: Подолго време постои чувство дека постепено се намалуваат правата што произлегуваат од Охридскиот мировен договор
Во сабота започнува граѓанска иницијатива за заштита на Охридскиот мировен договор. Тетово ќе биде местото каде што илјадници граѓани ќе се соберат на мирен и достоинствен протест за да го одбранат уставниот поредок, правната сигурност и вредностите што веќе 25 години обезбедуваат мир, стабилност и добри меѓуетнички односи во Република Северна Македонија, истакна денеска на прес-конференција потпретседателката и пратеничката на …
Continue Reading
„Нова енергија“ или прегрупирање пред колапс, велат од СДСМ за владината реконструкција
Мицкоски вели дека реконструкцијата на Владата носи „нова енергија, ново темпо и уште поголема одговорност“. Ова е флоскула која се користи кога нешто не функционира и треба да се прикрие вистината, велат од СДСМ. Вистината, според нив, е дека оваа Влада веќе две години не успеа да испорача ниту едно од клучните ветувања. „Европскиот пат е блокиран, реформите се запрени, …
Continue Reading
Мицевски: Економската стабилност е резултат на правилни политики и конкретни мерки
На денешната седница во Собранието се обрати пратеникот и координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски кој посочи дека економската стабилност и спроведувањето на конкретни мерки се клучни за постигнување долгорочни резултати, нагласувајќи дека актуелните политики даваат позитивни ефекти врз состојбите во државата. „На Македонија и се потребни луѓе коишто испорачуваат стабилни долгорочни резултати. Додека ние нудиме решенија, визија …
Continue Reading
„Наркодилерот Цуната е пуштен да избега“: СДСМ бара оставка од Тошковски
На наркодилерот Цуната, којшто се поврзува и со Пулс, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозор во полициска станица а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега, реагираат од СДСМ. „Исто сценарио на ВМРО, веќе видено неколкупати. Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар. Затоа Панче Тошковски не се менува, …
Continue Reading