Мицкоски да им се извини на граѓаните за своето однесување во Собранието, бара СДСМ


mickoski-kosta-pres.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Христијан Мицкоски смета дека едно срамно изговорено, изнудено „извинете“ во празна собраниска сала може да ги измие сите досегашни навреди кон граѓаните, велат од СДСМ.


„Не може. Не може да ги нарекуваш граѓаните „талог на општеството“, „глодари“, „медиокритети“, „мекотели“ па потоа заедно со својот прв соработник Иван Стоилковиќ да пцуе пратеници во Собранието. Такво однесување не доликува на универзитетски професор. Тоа е срамота и за универзитетот и за собранието и за државата. Вакво однесување на еден премиер досега не е видено во ниту една нормална држава. Спуштањето на ова ниво не може да се оправда со ништо, а најмалку со губењето на поддршката од граѓаните и со падот на личниот рејтинг – кој пак самиот си го предизвика со своите секојдневни лаги. Мицкоски не им се извини на граѓаните“, велат од партијата.

Од СДСМ велат дека тој се обидел да прикаже дека се извинува на пратениците, во момент кога салата била празна, со цел, како што велат, да создаде привид на „исправка“.

„Но граѓаните не се наивни. Вистинското извинување значи признавање на грешката. Досега од Мицкоски видовме само театар. Граѓаните заслужуваат почит. А не навреди од премиерот на државата“, велат од СДСМ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK