Реакција на Бујар Османи: Навистина мора да се очајни во ВЛЕН

„Денес навистина мора да се очајни во ВЛЕН, ако дошле до таму официјалните средби на еден министер за надворешни работи да ги претставуваат како политички определби, а секојдневното коалицирање со негирачи на независноста на Косово, негирачи на геноцидот во Сребреница и релативизатори на Охридскиот рамковен договор да го претставуваат како нормалност“, реагира потпретседателот на ДУИ, Бујар Османи на соопштението на …

Continue Reading

Муцунски во Вашингтон: Кога насилството се користи за замолчување на политичкиот говор и заплашување избрани функционери станува збор за организирано политичко насилство

На покана на државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера во Вашингтон учествуваше на министерска конференција посветена на заканите од подемот на политичкиот тероризам. На конференцијата, високи претставници од повеќе од шеесет држави разговараа за унапредување на меѓународната соработка и институционалната подготвеност за справување со современите форми на политички …

Continue Reading

„До 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години, креирање нови работни места главен приоритет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети. Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ „Со цел да се поддржат …

Continue Reading

„Претседателката зборува селективно за дијаспората, а молчи за криминалот и нееднаквоста пред законот“, велат од СДСМ

„Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова повторно се вклучи во дебатата за Изборниот законик, тврдејќи дека сегашниот модел ја дискриминира дијаспората. Меѓутоа, нејзините изјави отвораат многу повеќе прашања отколку што даваат одговори“, велат од СДСМ. „Ако Претседателката е за техничка влада која би овозможила фер избори, зошто тогаш го потпиша указот за укинување на техничката влада? Ако навистина сакаше Техничка влада во нова …

Continue Reading

„Мицкоски денес го фали НАТО, а вчера беше против – типичен пример за вмровско лицемерие“, велат од СДСМ

„Христијан Мицкоски денес се фали со унапредување на соработката со НАТО. Тимчо Муцунски во Брисел изјави дека НАТО е „феноменална работа“ бидејќи покрај безбедноста на граѓаните, обезбедува и сигурност за странските инвеститори. Сепак, граѓаните не смеат да заборават дека до вчера ВМРО-ОКГ беше остро против влезот во НАТО“, велат од СДСМ. „Истиот тој Мицкоски и неговата партија се противеа на …

Continue Reading

„Кога ќе им се извини Мицкоски на граѓаните за навредите“, прашува СДСМ

„Христијан Мицкоски со месеци ги навредува граѓаните, нарекувајќи ги ‘талог на општеството’, ‘мекотели’, ‘коленичари’, ‘медиокритети’. Ова не се изјави на обичен политичар, туку на премиер кој ги навредува сопствените граѓани. Но, Мицкоски не се извинува. Напротив, продолжува да ги навредува граѓаните и со своите постапки“, велат од СДСМ. „Мицкоски, заедно со својот прв човек и пратеник на Вучиќ – Иван …

Continue Reading

СДСМ: ВМРО-ОКГ повторно со дефокус – наместо за криминал и економски колапс, прават конструкции за ЈП ПОЦ

ВМРО-ОКГ и нивните портпароли повторно се обидуваат да создадат вештачка афера за да го одвлечат вниманието од вистинските проблеми, реагираат од СДСМ на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ. „Наместо да зборуваат за економскиот колапс, за блокираниот европски пат и за ослободувањето на криминалци како Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, тие сега се фокусираат на законски отпис на стари долгови во ЈП …

Continue Reading

Левица: Ново скандалозно назначување во РКЕ

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е целосно узурпирана од партиски кадри на власта. Мицкоски планира како член на регулаторното тело да ја постави Ана Виткова која моментално е советник во неговиот кабинет, велат од Левица. Очигледно, додаваат од партијата, Мицкоски е цврсто решен да завладее целосно со енергетскиот бизнис во Македонија. „Во две години владеење Мицкоски целосно завладеа со РКЕ …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ за случајот со Латас: Монтираниот случај конечно падна

Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена, велат од ВМРО-ДПМНЕ по веста дека Драган Павловиќ – Латас е ослободен од обвинението за случајот „Тотал“ за даночно затајување. „Политичкиот прогон на поранешната власт на Венко Заев и корумпираното СЈО на чело со Катица Јанева која заврши зад решетки и …

Continue Reading