Левица: Обвинителствотo да постапи за скандалот со психијатриската болница

„Додека модерната терапија предвидува инклузија на лицата со аутизам, психијатриската болница во Демир Хисар скандалозно врзувала 17-годишно дете за кревет, по што истото добило рани и модринки!“, велат од Левица. „Здравствениот сектор на Левица со години добива сведоштва од роднини на лица кои престојувале во психијатриските болници низ Македонија за суровиот третман кон овие лица! Министерството нема механизам за подобрување …

Continue Reading

Активно работиме на цевководот кај мостот Беласица, граѓаните ќе имаат парно на 15 октомври, велат од ЕСМ

ЕСМ соопшти дека во текот на изминатите недели активно работи на решение за проблемот со цевководот кај мостот Беласица, кој е од суштинска важност за парното греење во Град Скопје. „Успешно беа отстранети оштетените цевки и донесени се нови. Бидејќи мостот е под надлежност на Град Скопје, АД ЕСМ е во постојана комуникација со нив, каде се бара заедничко решение …

Continue Reading

28 години од атентатот на Киро Глигоров

Поминаа 28 години од атентатот на поранешниот македонски претседател Киро Глигоров. Глигоров го преживеа атентатот со тешки повреди во пределот на главата. На местото на атентатот загина неговиот возач Александар Спировски, а беше повреден телохранителот на Глигоров, Илчо Теовски. Исто така, на повредите подоцна им подлегна и Ристо Хаџиманов, пензионер и случаен минувач покрај местото на настанот. Нападот се случи …

Continue Reading

Цената на струјата не се зголемува, се враќа дневната евтина тарифа од декември, велат од СДСМ

Енергетските мерки и политики на СДСМ, создаваат услови цената на електричната енергија да не се зголемува. Граѓаните можат да бидат спокојни во однос на снадбувањето со електричната енергија и за цената на струјата, велат од СДСМ. Од владејачката партија додаваат дека од 1 декември се враќа и дневната евтина тарифа на електричната енергија за домаќинствата. „Институциите предводени од СДСМ во …

Continue Reading

Костадинов ги пречека Заев и Ципрас во својот кабинет

Вечерва градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов во својот кабинет ги пречека поранешните премиери Алексис Ципрас и Зоран Заев. „Двајца поранешни лидери кои ги кренаа рампите меѓу Македонија и Грција и трасираа пат на пријателство, разбирање, меѓусебна почит, ги зближија двата народи и ја зајакнаа севкупната соработка меѓу двете држави“ соопшти општината. Во кабинетот, во кој цели три мандати помина …

Continue Reading

Ѓорчев: Ни се случува  демографска катастрофа, нема човек кој не размислува да се исели, а причините се јасни имаме најлоша влада која носи само пустош

Ни се случува демографска катастрофа каква што Македонија наназад 100 или 200 години немала. Од Македонија секогаш имало иселување, печалбарство, имавме економска миграција, но ова што го имаме од 2017 година наваму откако дојде оваа влада, нам не ни се случува иселување, туку буквално егзодус, изјави Влатко Ѓорчев член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за Тема на денот во дневникот на …

Continue Reading

Меџити за детето со аутизам: Било врзувано само кога било опасно за себе и другите

Министерот за здравство Фатмир Меџити изјави дека детето со аутизам, чија мајка ги обвини лекарите за нехуман третман, било лекувано согласно протоколите за лекување и третман на пациенти. „Пациентот е фиксиран само во одредена состојба кога бил по опасност за себе и другите околу себе повторно согласно протоколите за третман на пациентите“ објасни Меџити. Сведоштвото на мајката, кое многу брзо …

Continue Reading

Османи: Руската воена агресија врз Украина е најголем тест за нашата посветеност за заштита на човековите права

Претседавачот со ОБСЕ и министер за надворешни работи, Бујар Османи денеска преку видео-обраќање ја отвори Конференцијата на човековата димензија на ОБСЕ што се одржува во Варшава. Како што истакна Османи во своето обраќање, оваа Конференција има за цел да ја оцени имплементацијата на заложбите на ОБСЕ од страна на земјите-учеснички во доменот на човековите права, демократијата и владеење на правото …

Continue Reading

Муцунски: Со интонирање на македонската химна, секоја понеделник ќе започнува наставата во училиштата во Аеродром

Со интонирање на државната химна, секој понеделник ќе започнува наставата во сите основни училишта на територијата на Општина Аеродром, најави градоначалникот Тимчо Муцунски. На својата фејсбук страна тој објави и видео од денешното интонирање на химната. „Станува збор за иницијатива преку која изразуваме искрена почит кон татковината и со која имаме цел да го подигнеме националното чувство и љубовта на …

Continue Reading