Ковачевски во Париз на Генералната конференција на УНЕСКО и на вечера со Макрон
Претседателот на Владата Димитар Ковачевски ќе биде во работна посета на Париз, каде што ќе се обрати на 42. Генерална конференција на УНЕСКО, соопшти вечерва владината прес-служба. На официјалната посета на УНЕСКО, Ковачевски ќе биде пречекан од Одре Азуле, генерална директорка на Организацијата за образование, наука и култура на Обединетите нации. „Во рамки на посетата, премиерот Ковачевски заедно со повеќе …
Continue Reading
Османи: Политичката поларизација и блокирањето на Собранието се главни забелешки во извештајот на Европската Комисија
Политичката поларизација и блокирањето на парламентот, министерот за надворешни работи Бујар Османи, вели дека се главните забелешки во Извештајот на Европската комисија, а за тоа вината ја гледа кај опозицијата која ја блокирала работата на законодавниот дом. Прашан од новинарите за Извештајот пред истиот да биде објавен, министерот Османи рече дека од овие причини оневозможено било да се донесат голем број …
Continue Reading
Пендаровски го охрабри Народниот правобранител да иницира постапки: „Институцијата е граѓанска контрола над власта“
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на отворањето на конференцијата „Надзорната улога на Народниот правобранител над разузнавачките и безбедносните структури, од аспект на заштитата на правото на приватност на граѓаните“, во организација на Народниот правобранител и Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор. Во своето обраќање претседателот Пендаровски истакна дека Народниот правобранител, како заштитник на уставно загарантираните права и слободи …
Continue Reading
„Синохидро“ сè уште имаат и рок и фронт до 31 декември да работат на патот Кичево – Охрид, вели министерот Бочварски
Кинеската компанија „Синохидро“ се уште има рок до крајот на годинава да работи на реализација на патот Кичево – Охрид и покрај анализите и ревизиите што се прават за проектот. На ова денес потсети министерот за транспорт и врски Благој Бочварски кој вели дека се бара најдоброто можно решение за завршување на автопатот. „Компанијата ‘Синохидро’ во минатиот период беше во …
Continue Reading
Левица за новиот претседател на Граѓанскиот суд: Ни фотографија, ни биографија, само вест за љубовна афера
Денес, Судскиот совет за нов претседател на Граѓански суд Скопје го избра судијата Бесник Авдија, кој беше единствениот кандидат. Од политичката партија Левица велат дека за единствениот кандидат, кој има две години искуство во Судот, нема никаква професионална биографија во медиумите, а и на сајтот на судот нема ниту негова фотографија. Единствената вест за овој судија, велат од партијата, се …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Две години локална власт на ДПМНЕ, нула резултати, Скопје е пример за тоа
После две години од мандатот на ДПМНЕ како локалната власт во над 40 општини резултатот е нула. Проектите кои ги ветуваа не се реализирани, изборните програми на градоначалниците на ДПМНЕ станаа книги на лаги, на лажни и нереализирани ветувања, истакна на денешната прес-конференција портпаролкта на СДСМ Богданка Кузеска. Мицкоски и ДПМНЕ, додава таа, не ја оправдаа довербата и не го …
Continue Reading
Џафери за датумот за избори: Нема да оставам да ме прегазат роковите
Нема да дозволам да ме прегазат роковите, вели собранискиот спикер Талат Џафери околу датумот за избори. Тој им даде рок на политичките партии во Собранието до Нова Година да го договорат датумот за избори. „Политичките партии кои што се застапени во Собранието имаат можност до Нова Година да си најдат консензус по однос на двата термина за избори“, прецизира Џафери. …
Continue Reading
Инвестирањето во македонската одбрана в година ќе достигне 2 отсто од БДП, најави Славјанка Петровска
Министерката за одбрана Славјанка Петровска утрово во Министерството се сретна со Хавиер Коломина, помошник генерален секретар на НАТО за политички работи и безбедносна политика со кого разговараше за придонесот на Северна Македонија како посветен и активен сојузник во Алијансата кон колективната безбедност на НАТО и кон стабилноста на регионот. На средбата Петровска истакна дека Северна Македонија во целост ги спроведува …
Continue Reading
На македонскиот пазар не се пласирани небезбедни минерални води и газирани пијалаци, велат од Агенцијата за храна
Се следи состојбата со труењата со минерални води и сокови во Република Хрватска, информираат од Агенцијата за храна во Македонија за „Макфакс“. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), велат од таму, како контакт точка на европскиот Систем за брзо известување за небезбедна храна и храна за животни – RASSF, до овој момент нема добиено нотификација дека на македонскиот пазар се …
Continue Reading