Алијанса за Албанците нема да оди на листа со ДУИ на избори

Алијанса за Албанците на претстојните избори ќе оди самостојно, изјави партискиот лидер, Арбен Таравари, откако лидерот на ДУИ, Али Ахмети му понуди настап на изборите со заеднички листи. Таравари кажа дека станува збор за одлука на партиското раководство, и дециден е дека дефинитивно Алијанса за Албанците нема да оди со ДУИ со заеднички листи, а тоа му го повторил и …

Continue Reading

Тренчевска: Иднината да ја градиме од младите, за младите

На одбележувањето на почетокот на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска имаше воведно обраќање и потоа активно се вклучи во дискусија со младите. „Младите се движечка сила во секое општество, вклучувајќи го и нашето и токму затоа иднината треба да ја градиме со нив, за нив. Знаеме дека не …

Continue Reading

Албанскиот опозициски блок: Ахмети ја навредува интелигенцијата на Брисел, планот му е да го врати Груевски

Албанскиот опозициски блок се осврна на извештајот на Европската Комисија, во делот каде се споменува залоупотреба на знаменцето на ЕУ за носење на Закони во Собранието. „Она што десетици пати го посочивме се потврди и во извештајота на ЕУ. Сите имаа можност да ги видат забелешките на Европската Комисија дека знаменцето е злоупотребено во Собранието за да се скрати расправата …

Continue Reading

Мицкоски: Случајот со пратеникот Петрушевски ќе го истераме до крај, се додека овој нестручен судија не биде разрешен

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денска во рамките на акцијата Важно е! Од тебе зависат промените во Битола запрашан за пратеникот Бране Петрушевски, кој беше осуден за изречен став на собраниска говорница потенцираше дека судија кој ја изрекол оваа казна е добар пријател со пратеникот кој што се чувствува дека бил навреден. -Да, станува збор за пратеникот Бране Петрушевски, многу …

Continue Reading

Брачниот пар Македонци заглавени во Газа преминаа на безбедно во Каиро, објави Османи

Евакуиран е брачниот пар македонски државјани кои беа заглавени во завојуваната Газа. Министерот за надворешни Бујар Османи на Фејсбук објави дека брачниот пар утринава го поминале египетскиот премин Рафах и се на безбедно во Каиро. „Одлична вест тукушто пристигна од Каиро и Тел Авив. Брачниот пар, последните двајца наши државјани кои се наоѓаа во ризичните зони се евакуирани од Газа. …

Continue Reading

Премиер Албанец на почетокот на јануари предложен од ДУИ, за Османи доминантно е размислувањето изборите да бидат заедно

Демократската унија за интеграција (ДУИ) размислува претседателските и парламентарните избори да се одржат заедно. Министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека партијата се уште нема формална одлука оти телата не се состанале, но членството размислува за терминот за избори. Има расположение за сите опции оти сметаат дека ДУИ победува во која и да е варијанта. „Има едно доминантно размислување …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски и ДПМНЕ да одговорат за скандалот со кумската врска со тендерот во Штип

Од владејачката СДСМ оценуваат дека Општина Штип, раководена од ДПМНЕ и градоначалникот Јорданов ја тресе скандал со кумско-семејна врска за тендер на ЈП Исар. Посочуваат дека тендер вреден 20.000 евра на ЈП Исар Штип го има добиено фирма, на чии сопственици односно управители зет за ќерка им е кумашинот на градоначалникот на Штип. „Освен што е кумашин на градоначалникот од …

Continue Reading

Ковачевски во Виена: Економската соработка и интеграција на земјите е клучна за регионот и движечка сила кон ЕУ, Македонија постигна многу и ќе продолжи да напредува на тој пат

Премиерот Димитар Ковачевски, денеска на виенскиот Економски форум учествуваше на панелот ,,Градење економска соработка во тешки времиња“. Ковачевски во своето излагање говореше за важноста на интеграција на регионот во ЕУ, од економски, безбедносен и политички аспект. ,,ЕУ не може да има две граници, тоа не е одржливо. Во моментов има надворешна граница на ЕУ и внатрешна граница што е токму …

Continue Reading

Николоски: Учеството на дејците на ВМРО во ослободувањето на Македонија во Втора светска војна е најдобар доказ за националниот карактер на борбата

На денешен ден е ослободено Скопје во Втората светска војна. Ослободувањето на Скопје е Пиемонт на борбата за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор во лицето на фашистичка Бугарија и фашистичка Италија, истакнува потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. „Во ослободено Скопје први влегуваат Димитар Влахов, Методија Андонов Ченто и Генерал Михајло Апостолски. Димитар Влахов како една од легендите на ВМРО …

Continue Reading