„Заев не е политички активен веќе 5 години, зошто ВМРО-ДПМНЕ упорно ни се обраќаат со прашања за слободен граѓанин на Македонија“, прашува СДСМ

„ВМРО Ванчовистичка не може, или можеби не сака да сфати дека Зоран Заев не е политички активен веќе пет (со букви), нагласуваме 5 години (со бројка). Ако треба да дојдеме и да им го нацртаме тоа – тука сме. Затоа не разбираме, или премногу добро разбираме (дефокус), зошто упорно ѝ се обраќаат на СДСМ со прашања за слободен граѓанин на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Наводите за висококатницата на Заев во Дубаи добија сведоштво: „Тоа се милиони евра“

Опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека, според нивни наводи, поранешниот премиер Зоран Заев инвестира во изградба на 42-катна зграда во Дубаи, а заедно со Венко Филипче поседувал и станови во тој град. Во соопштението се наведува дека тврдењата ги изнел Томе Аврамски, кој се претставува како познаник и поранешен соработник на Заев. Според партијата, Аврамски изјавил дека лично бил во Дубаи …

Continue Reading

СДСМ обвини за политички прогон и дефокус со кривични пријави

Од СДСМ денеска обвинија дека поднесувањето кривични пријави претставува обид за дефокусирање на јавноста од, како што наведуваат, криминалите на ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштение до јавноста, од СДСМ посочуваат дека, според нив, секогаш кога владејачката партија е „фатена во криминални тендери, поскапа струја, мигранти за пари или резолуции против слободата на говор“, се користат методи за одвлекување на вниманието преку лажни …

Continue Reading

Мухамет Хоџа и Беким Сали се новите министри во Владата

Собранието ги избра Мухамет Хоџа за министер за животна средина и просторно планирање и Беким Сали за министер за европски прашања. Новите министри доаѓаат на местата на Изет Меџити и претходно разрешениот Орхан Муртезани. Образложувајќи ги предлозите пред пратениците, премиерот Христијан Мицкоски истакна дека изборот е направен со цел целосно и функционално екипирање на Владата и обезбедување континуитет во работата …

Continue Reading

Министерката Божиновска не поседува бугарски пасош, велат од ВМРО-ДПМНЕ

СДС се загубени во времето и сигурно по зборовите на Заев си го бараат семето, па наместо да бидат вистинска опозиција решија да бидат жолта штампа, со лаги и невистини, за кратки сензации, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Министерката Сања Божиновска не поседува бугарски пасош, тоа е лага од кујната на СДС, која мислат дека ако илјада пати ја повторат некој ќе …

Continue Reading

Тренчевска: Разрешувањето на Муртезани не е реформа, туку политичка шминка

Разрешувањето на министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, не е реформа. Тоа е политичка шминка. Обид да се создаде впечаток дека нешто се менува, додека суштински, ништо не се менува.Проблемот е во владата како целина, во нејзината неспособност, недостиг на визија и бегање од одговорност, се менува Муртезани ама изолацијата од ЕУ останува, рече потпреседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, на …

Continue Reading

СДСМ: „Манасије српски“, првиот македонски бот

Во Србија, Александар Вучиќ осмисли посебна функција во партијата кога не знаеше што да прави со луѓето кои ништо конкретно не знаеја да работат, само филозофираа, па ги нарече „ботови“, велат од СДСМ во партиското соопштение осврнувајќи се на работата на Валентин Манасијевски од ВМРО-ДПМНЕ. „Бот е скратеница од „робот“ и означува луѓе кои се „подесуваат со софтвер“ да извршуваат …

Continue Reading

Апасиев: Очекувам едногласно усвојување на заклучоците за трагедијата во Кочани

Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за слободата и правата на граѓанинот, во Собранието на Македонија, Димитар Апасиев информира дека до пратеничките групи доставил Предлог-заклучоци од одржаната комисиска седница по повод поднесената претставка од родителите на загинатите деца во трагедијата во Кочани. „Очекувам истите да бидат едногласно усвоени на првото продолжение на V-та седница на Постојаната анкетна комисија“, се …

Continue Reading

Мицкоски со порака до граѓаните кои заминале во странство: Каде и да одите, колку и да сте успешни, таму секогаш ќе бидете дојденци

Вашето враќање е порака дека Македонија не е заборавена, корените не се пресечени и дека љубовта кон домот не исчезнува, изјави премиерот, Христијан Мицкоски, на Форумот на повратници во државата, настан посветен на македонските граѓани кои одлучиле да се вратат во Македонија. „Вашето враќање не е симболично. Тоа е суштинско. Тоа е порака дека Македонија не е заборавена, дека корените …

Continue Reading