Митрески: До кога владата ќе си игра мајтап со работниците
Пратеникот на СДСМ, Јован Митрески, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати две прашања до министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, а се однесуваа на минималната плата за која, како што велат од СДСМ, владата не сака да даде конкретни одговори, а е најниска во регионот, како и за високите цени за кои граѓаните не се задоволни, па …
Continue Reading
Спасовски: Македонските граѓани плаќаат најскап зелен картон во регионот
Координаторот на пратеничката група на СДСМ и пратеник, Оливер Спасовски на денешната собраниска седница за пратенички прашања упати прашање до министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во однос на високата цена на зелениот картон на автомобилите кој што им е потребен на граѓаните за патувања надвор од државата. Прашањето се однесуваше на заштитата на трети лица и нивниот имот од последиците …
Continue Reading
Гаши-Филков: во фокусот Изборниот законик
Претседателот на Собранието, Африм Гаши заедно со потпретседателите и координаторите на пратеничките групи, оствариja работна средба со министерот за правда, Игор Филков, на која се разговараше за Изборниот законик. Договорено е до втората половина на јануари, Министерството за правда да формира работна група која ќе пристапи кон подготовка на Изборен законик, а во која ќе бидат вклучени по двајца Претседателот …
Continue Reading
Мицкоски: Лага е дека има договор за мигранти, граѓаните да бидат спокојни
„Јавноста да биде спокојна. Сè додека е оваа влада, нелегална миграција, легална миграција, како резултат на пропаднати апликации за азил, како резултат на некакви си договори, нема да има. И тоа се гледа“, нагласи премиерот Христијан Мицкоски како одговор на пратеничко прашање во Собранието. „Многу пати коментиравме во јавноста дека е апсолутна лага и конструкција дека било кога сме разговарале …
Continue Reading
(Видео) Лукаревска: Владата ги намали парите за загаден воздух за 50% во споредба со лани
Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, на денешната седница посветена на пратенички прашања упати прашање до министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа, кое се однесуваше на кратењето на буџетските средства за заштита на животната средина, но и како Владата планира да се справи со аерозагадувањето кога од година во година ги намалува средствата за оваа намена. Таа посочи …
Continue Reading
Хоџа официјално ја презеде функцијата министер за животна средина
Муамет Хоџа денес ооцијално ја презеде функцијата министер за животна средина и просторно планирање, со што ги презеде надлежностите и одговорностите за раководење со ресорот задолжен за заштита на животната средина, одржливиот развој и просторното планирање во државата. На првиот работен ден, министерот Хоџа оддржа работна средба со заменик министерката, Ане Лашкоска, со раководниот тим во Министерството, при што беше …
Continue Reading
Владата до јануари ќе испорача 8 од 12 клучни чекори, вели Мицкоски за реформската агенда
На денешната пленарна седница во Собранието на Република Северна Македонија, на која на дневен ред беа пратеничките прашања, претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, одговори на прашање поставено од пратеничката Драгана Бојковска од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, кое се однесуваше на реформската агенда на Владата. Премиерот Мицкоски истакна дека поради законските ограничувања, изборната кампања и спроведувањето на изборите, дел од реформските чекори …
Continue Reading
(Видео) „Што и да прашаме вие ќе дефокусирате, ќе кажувате Венко, Заев, влијание, вака, така“, Филипче обвини дека Владата одговара на прашањата
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и пратеник, Венко Филипче, на денешната седница за пратенички прашања, укажа дека по речиси две години од владата, премиерот Мицкоски и Владата на ВМРО-ДПМНЕ немаат дадено конкретен одговор на ниту едно суштинско прашање што ги засега граѓаните, туку континуирано користат дезинформации за да ја дефокусираат јавноста од нивната неспособност и криминални зделки. „Што и да …
Continue Reading
Бојковска: Додека со СДС и ДУИ имавме урнисано образование, ова Влада прави реформски чекори за поквалитетно образование за нашата младина
Образованието е темел на секое општество, но просветните работници се столбот врз којшто се гради иднината на државата. Токму затоа прашањата за нивниот статус и достоинство мора да биде високо на агендата на секоја одговорна влада. Го поздравувам договорот кој беше постигнат меѓу владата и СОНК, со што се утврди јасна и предвидлива методологија за растот на платите на просветните …
Continue Reading