„Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски јавно призна дека води разговори за судбината на земјата, но дека тие се тајни. Не постои нормална земја во која министер за надворешни работи кажува дека разговорите за иднината на државата се тајна за нејзините граѓани. Како може иднината на Македонија да биде тајна“, прашуваат од СДСМ.
„Во исто време, Муцунски бара политички имунитет за МНР: „Целата Влада може да се критикува – само МНР не.“ Тоа е неприфатливо.
МНР не е институција над Владата. Тоа е дел од истата Влада што две години нема отворено ниту еден кластер, што ги проби роковите за реформи (ветени до 1 јуни) и што единствен „резултат“ што го нуди е наративот дека опозицијата нема право да зборува.
Муцунски тврди дека за разлика од претходната влада „тие не се попустливи“.
Но фактите се поинакви.
Самите функционери на ВМРО ги признаа успесите на претходната влада:
• Мицкоски го нарече Преспанскиот договор „ремек-дело на дипломатијата“;
• Претседателката Сиљановска-Давкова потврди дека идентитетот, јазикот и културата се целосно заштитени и апсолвирани;
• Самиот Муцунски денес зборува за бенефитите од членството во НАТО – иако ВМРО со години беше против тој процес.
Значи сите тројца го пофалија она што претходната влада го направи.
За какви „попуштања“ тогаш зборува Муцунски?
Претходната влада работеше транспарентно.
Оваа влада работи зад затворени врати.
Единствената „тајна“ што постоеше тогаш беше лажната пропаганда на ВМРО и Латас – истата што продолжува и денес.
Реалноста е јасна: актуелната надворешна политика сѐ повеќе се движи меѓу влијанието на „српскиот свет“ и рускиот фактор, наместо јасно европско позиционирање.
Прашањето до граѓаните е едноставно:
По сите лаги со кои ВМРО дојде на власт, по сите лаги со кои Мицкоски и ВМРО-ОКГ владеат –
Дали верувате на Тимчо Муцунски и на неговите тајни разговори што ги води во ваше име?
Дали му верувате на Христиан Мицкоски?
Критиката кон МНР не е напад на државата.
Тоа е обврска кога надворешната политика се партизира и кога нема никакви резултати.
Ако МНР навистина работи во интерес на Македонија – зошто преговорите се тајни и зошто граѓаните на Македонија не можат да знаат што се договара? Ако Тимчо бара имунитет и тајност – проблемот е многу подлабок“, се наведува во соопштението на СДСМ.