Левица: 25 години Карпалак – 25 години без правда за бранителите
Делегација на Левица предводена од советникот Боби Илиевски, денес положи цвеќе на спомен-обележјето кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години ги загубија животите во масакрот кај Карпалак. На 8 август 2001 година, припадниците на македонските безбедносни сили беа нападнати во кукавичка заседа поставена од припадници на УЧК. Во нападот беа убиени Нане Наумоски, Сашо Китаноски, …
Continue Reading
Влен: Дали Груби ја купува слободата со тајните на ДУИ?
Се навршуваат речиси шест месеци откако на црната кутија на ДУИ, Артан Груби, му беше определен куќен притвор во случајот „Лотарија“, а од обвинение сè уште нема ни трага ни глас, велат од Влен преку соопштение. „На 22 август истекува максималниот рок за оваа мерка, а Обвинителството и натаму оди со полжавски чекори. Дали Артан Груби ја отворил устата, пропеал …
Continue Reading
Јанкоски: Итно поставување на М-ТАГ уреди на патарините за намалување на колоните по патиштата
Либерално-демократската партија (ЛДП), поради сѐ почестите згуснувања на сообраќајот на патиштата низ државата, бара итно постаување на М-ТАГ уреди на секоја патарина. „Не ви беа доволни 2 години да ги поставите М-ТАГ уредите на сите патарини во државата? До кога ќе ги малтретирате граѓаните? Секој ден илјадници луѓе патуваат по македонските патишта, а наместо брзо и ефикасно да поминат, чекаат …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лицата со правосилни пресуди со кои се појави во Ново Село ги нарекува „деца на Македонија“
ВМРО-ДПМНЕ денеска упати обвинувања кон лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за лицата со кои се појавил за време на неодамнешните случувања во Ново Село, тврдејќи дека меѓу нив има лица со правосилни пресуди за насилство и кривични дела поврзани со наркотични средства. Од владејачката партија реагираат на тоа што Филипче овие лица ги нарекол „деца на Македонија“ и тврдат дека …
Continue Reading
СДСМ: Дали и Савески е на екскурзија, зошто Обвинителството молчи за состојбата со водата во Гостивар?
СДСМ денеска повторно побара реакција од Обвинителството во врска со состојбата со водата во Гостивар, обвинувајќи ги надлежните институции и власта дека давале контрадикторни информации за нејзината исправност и безбедност. Од опозициската партија се повикуваат на изјави на директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, според кои во водата биле утврдени „многу различни бактерии и вируси“, и прашуваат за …
Continue Reading
ЛДП: Потпишувањето на договорите за третата фаза од железничкиот Коридор 8 е важен чекор во поврзувањето со Европа
Либерално-демократската партија (ЛДП) го поздравува потпишувањето на договорите со Европската Унија, Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој за финансирање на третата фаза од железничкиот Коридор 8. „Ова е важен чекор за подобра регионална поврзаност, економски развој и поблиска интеграција на Северна Македонија во европската транспортна мрежа. Истовремено, потсетуваме дека државата веќе изгуби околу 60 милиони евра …
Continue Reading
Манасиевски: „Децата“ на Филипче од Ново Село се осудени насилници и трговци со дрога
Лицата кои лидерот на СДСМ, Венко Филипче, вчера во Ново Село ги нарече „деца“ се осудени насилници и трговци со дрога, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Тој обвини дека Филипче со вчерашната прес-конференција во Ново Село се обидел да го сврти вниманието и како жртви да ги претстави лицата со кои бил фотографиран. „’Децата’ на Филипче, кои ги …
Continue Reading
Попов: Покрај јавниот, намален и државниот долг за над 40 милиони евра кој сега е 51,7 отсто од БДП
Државниот долг заклучно со 30 јуни 2026 година изнесува 9 милијарди и 432 милиони евра, односно 51,7 отсто од БДП, што претставува намалување од 41 милион евра во споредба со претходниот месец, изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сергеј Попов. Тој на прес-конференција рече дека, покрај јавниот долг, кој во вториот квартал во споредба со првиот се намалил на 58,8 отсто …
Continue Reading
СДСМ: По навредите од Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, сега навреди и од Стоилковиќ
СДСМ ја обвини власта за, како што велат, оркестрирана кампања на навреди, омраза и поделби меѓу граѓаните, посочувајќи дека по изјавите на премиерот Христијан Мицкоски, ваков речник се промовира и на Фејсбук-профилот на вицепремиерот Иван Стоилковиќ. „Народот го гледа вистинското лице на криминалната власт на Мицкоски. Навреди, сеење омраза и поделби меѓу граѓаните и меѓу македонскиот народ“, рече на прес-конференција …
Continue Reading