Стоилковски: Зошто Лукаревска не поднесе кривична пријава, туку фирмите ги става на листа на должници?

„ Лукаревска преку УЈП признава дека им се случил криминал од над 22 милиони евра пред нос и дека ништо не преземале. Лукаревска јавно вели дека на адреси на фирмите нема складишта, нема магацини, нема ништо, ама затоа, им ја признава трговијата и ги става на листа на должници“, праша на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски. „Тука има …

Continue Reading

Ковачевски: Овие избори нема да бидат помеѓу левицата и десницата, туку помеѓу Истокот и Западот

Овие избори нема да бидат помеѓу левицата и деницата, туку ќе бидат избори помеѓу Западот и Истокот, вели премиерот Димитар Ковачевски. Одговарајќи на новинарски прашања, Ковачевски рече дека обично во светот на изборите се судираат политички партии од центарот и лево од центарот и политички партии центар и десно од центарот, но кај нас сега ќе има избори на кои …

Continue Reading

Ковачевски во четврток ќе ja поднесе оставката

Премиерот Димитар Ковачевски потврди дека во четврток ќе ја поднесе оставката, пред собраниската седница закажана за в петок, по што претстои формирањето на техничката влада во времетраење од три месеца. Оставка во четврток се очекува да поднесе и собранискиот спикер, Талат Џафери, кој ќе седне на местото на Ковачевски. На седница ќе треба да се избере координаторот на СДСМ Јован …

Continue Reading

Маричиќ: Европскиот напредок на државата е реалност

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, се сретна со новоназначената директорка за Западен Балкан во Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување на Европската комисија, Валентина Суперти. На средбата се разговараше за успешно завршениот скрининг процес, за спроведувањето на Планот за раст, одлучноста на двете страни за упорно работење со цел пристапување на државата во …

Continue Reading

Николоски: Реизбран сум за потпретседател на групата на Европската народна партија во Советот на Европа

Во Сразбур се одржува редовната зимска сесија на парламентарното собрание на Советот на Европа и ја имам честа да бидам реизбран за потпретседател на групата на Европската Народна Партија, тука во Советот на Европа, објави на својот Фејсбук профил Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ. „Оваа позиција за извршував и во изминатите две години, а денес ја добив поддршката од членовите …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Субвенции за плати за ЈСП за ноември и декември изгласавме минатата година, причина за неисплаќањето на платите се неспособните Арсовска и Петревски

Ако СДС и Арсовска се грижеа за вработените за ЈСП тогаш зошто веднаш не собраа мнозинство за гласање за субвенции на ЈСП туку ги оставија на минусни температури да штрајкуваат, прашува ВМРО-ДПМНЕ. Причината за неисплаќањето на платите во ЈСП, како што велат од партијата, не е Советот, туку разузданото раководство на ЈСП, директорот од ГРОМ, Крсте Петревски и уште понеспособната …

Continue Reading

СДСМ: Додека вработените на ЈСП мрзнеа, советниците на ВМРО-ДПМНЕ во групи се договараа како да ги изиграат

Додека вработените во ЈСП мрзнеа на улици советниците на ДПМНЕ договараа како да ги изиграат, објави утрово Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, споделувајќи фотографии од седницата на Советот на Град Скопје. „Додека Скопје немаше автобуси и луѓето не можеа да стигнат никаде навреме, додека надвор на улиците мрзнеа вработените во ЈСП, советниците на ДПМНЕ по групи договараа како да ги изиграат. …

Continue Reading

СДСМ: Хаосот со ЈСП е пример што следи кога ДПМНЕ ќе добие власт

Локалната власт на ДПМНЕ создаде хаос со јавниот превоз во Скопје а ЈСП го доведе на раб на функционалност, да нема автобуси, вработените да не може да земат плата, велат од СДСМ преку соопштение. „Иако ДПМНЕ во Советот на град Скопје има мнозинство на вчерашната вонредна седница одби да ги поддржи субвенциите за ЈСП, одби на вработените да им се …

Continue Reading

Димитриевски: Во Охрид се формираше Општинска организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија

Вечерва во Охрид се формираше Општинска организација на Движење ЗНАМ – За наша Македонија. Нашата визија за Македонија е самоодржлива држава, со сопствени модерни капацитети за производство на електрична енергија и за производство на храна, развиено земјоделство, одржлив раст и развој; Македонија со нулта толеранција за корупцијата, каде што правдата мора да биде еднаква за сите и законот да важи за …

Continue Reading