Мицкоски до Пендаровски: Го гледам како се сили на жени, а пред Али Ахмети преде како маче, по поразот на изборите, ниту ГПС нема да те пронајде

kicevo4-11042024.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ја слушнав вчера најновата навреда на Стево, охрабрен, осилен, а во суштина исплашен како глувче мало и вели на професорката која за него е величина голема како Монт Еверест на Хималаите и недостасувало ГПС. Го гледам како се сили на жени, а пред Али Ахмети преде како маче, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Кичево во рамки на претседателската кампања.



Мицкоски му порача на Пендаровски дека после избори и тешкиот пораз ниту ГПС нема да го пронајде.

„Јас ќе му порачам да си го зачува ГПС бидејќи ќе му треба после изборот кој ќе му се случи најпрво на 24 април, а после тоа на 8 мај ќе не знае главата каде му е, нека си го чува ГПС-от барем да знае каде точно се наоѓа во тој момент“, рече Мицкоски.

Мицкоски истакна дека Пендаровски се фалел дека изминатите 5 години не крадел, но го праша да каже како ја финансира неговата кампања, посочувајќи му дека во РЕК Осломеј се испорачуваат услуги три пати поскапи, дел од тие пари завршуваат во приватни џебови, а дел за финансирање на претседателската кампања на Пендаровски.

„Она што е главна карактеристика со која што Стево се гордее и вели на полупразните плоштади вели барем не крадев, тоа било главна карактеристика и главен успех изминатите 5 години на Стево Пендаровски. И тука се поставува едно клучно суштинско прашање, добро Стево еве да те разбереме дека не си крадел, но со какви пари ти се финансира Стево кампањата за претседателските избори, вели Мицкоски и додаде:

„Еве јас ќе ти дадам одговор за да не се мачиш, да не треба повторно да коленичиш во Зајас и да измеќариш пред Али и Артан. Има еден објект недалеку од Кичево, се вика РЕК Осломеј по три пати поскапи цени се испорачуваат услуги таму, дел завршуваат во приватни џебови, а дел ја финансираат твојата кампања. Ете така се финансира со криминални крадени народни пари кампањата на Стево Пендаровски“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK