Пендаровски-Османи: Заедничката иднина во евро-атлантските структури е влог во натамошна стабилизација на регионот на Западниот Балкан
Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во рамки на работната посета на Република Косово, оствари средба со претседателката на Република Косово, Вјоса Османи-Садриу. На средбата беше изразено задоволство од нивото на билатералните односи меѓу двете држави кои се пријателски, динамични и засновани на меѓусебно почитување и разбирање. Во фокусот на разговорите беа актуелни теми од билатералните односи, европската перспектива на …
Continue Reading
Пред да се распишат изборите 1117 вработени со договор на дело во здравството ќе добијат трајни вработувања
Завршено е аплицирањето за 1117 трајни вработувања во здравствените установи чија првична цел беше трајни вработувања да добијат лицата кои со години работат со договори на дело. Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека даваат максимални напори за вработувањат да станат реалност пред да се распишат изборите. „Јас не сум правник, јас сум лекар, но ги консултирав службите. Знаете како …
Continue Reading
Пратениците на Левица со нова кривична пријава против Талат Џафери
Пратениците на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов, до Основното јавно обвинителство – Скопје, денес поднесоа заедничка кривична пријава против претседателот на Собранието на Република Македонија – Талат Џафери, заради основано сомневање за сторено кривично дело „Несовесно работење во службата“ – казниво по чл. 353-в од Кривичниот законик, со запретена затворска казна до три години. „Пријавата, која е деветта по …
Continue Reading
Стоилковски: Го знае ли Лукаревска Законот за ДДВ кој предвидува кривични и затвор за лажни податоци или и треба обука?
Уште колку јавни настапи и требаат на Сања Лукаревска да каже по кој основ утврдила висина на данок кај ОКИТНА и ХАНТ ОСОЈ, ако контрола по две години и продадени фирми на непостоечки лица од Косово, УЈП нема пристап до деловните книги?, прашува Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Уште колку интервјуа и се потребни на Сања Лукаревска да каже зошто ОКИТНА и …
Continue Reading
Со Џафери имаме различен стил за водење на Владата: Ковачевски ја поднесе оставката
Денеска премиерот Димитар Ковачевски лично ја поднесе оставката до Собранието, со што во оставка е целата Влада до изборот на техничката во недела на 28 јануари. „Денеска, како што кажав, ќе го направам тоа што е според закон предвидено. Мојата оставка е потпишана, сега ќе ја однесам во архивата. Ќе се видиме со претседателот на Собранието, ќе му посакам успешна …
Continue Reading
Спасовски и Сулејмани потпишаа договор за соработка и размена на информации во електронска форма меѓу МВР и Управа за водење на матични книги
Во МВР од страна на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и директорот на Управата за водење на матичните книги, Емир Сулејмани, беше потпишан Договорот за соработка и размена на информации во електронска форма, а со цел натамошно поттикнување и јакнење на меѓусебната соработка и поуспешно и поефикасно спроведување на законски утврдените надлежности. „На овој начин воспоставуваме соработка со размена …
Continue Reading
Лидл е новата германска инвестиција, вредна 80 милиони ера, вели СДСМ
„Економските мерки и политики на СДСМ создаваат услови за нови инвестиции, поволен деловен амбиент за инвеститорите и нови и подобро платени работни места. Потврда е влегувањето на македонскиот пазар на трговскиот ланец Лидл, препознатлив во регионот и светот по својот квалитет и цена“, соопшти СДСМ. „Со инвестиција од 80 милиони евра во изградба на современ логистички и дистрибутивен центар во …
Continue Reading
„Спасовски заминува како најнеславен министер на МВР со стотици скандали, убиства, мафијашки пресметки, бегства, кражби и киднапирања“, вели ВМРО-ДПМНЕ
„Оливер Спасовски после 8 години конечно заминува од позицијата министер за внатрешни работи. Спасовски освен што го уништи МВР, целосно ја загрози безбедноста на граѓаните, а неговото министерување беше проследено со стотици скандали за кои до ден денешен нема никаква разрешница“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Спасовски наместо да ги заштити граѓаните, ги штитеше криминалците и се фотографираше со нив. Спасовски наместо МВР …
Continue Reading
„Се тресеше гората и на крај се родија слаби кадри на ДПМНЕ за техничката Влада“, вели СДСМ
„Се тресеше гората во Белата палата и на крајот ДПМНЕ за техничката влада понуди слаби и нестручни кадри. Дел од предложените кандидати за во техничката влада се лични пријатели на Христијан Мицкоски, дел се кадри од времето на Никола Груевски за кои има поднесено кривични пријави, дел се поранешни функционери во град Скопје, но ниту еден нема зад себе ниту …
Continue Reading