(Видео) Стоилковски: Директор на центар за социјални работи, кадар на Тренчевска во Радовиш, приведен за трговија со дрога
„На крими-скандалите на СДС им нема крај. Директор од СДС, пулен на Јована Тренчевска, прв човек на институција за социјални работи во Радовиш, е фатен од полицијата за трговија со дрога“, рече Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. „Александар Филев, ВД директор на меѓуопштински центар за социјални работи во Радовиш, на 17-ти месецов, 5 минути пред полноќ, во Штип, бил приведен …
Continue Reading
Загрижени сме за Османи кој кажа дека секој месец едвај врзува крај со крај: УМС на ВМРО-ДПМНЕ постави кутија за донации пред МНР
„Искрено и длабоко сме потресени од изјавата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој истакна дека секој месец едвај врзува крај со крај, а многупати, се плаши да не треба да се задолжи кај своите пријатели. Во духот на нашиот политички ангажман насочен кон помош на оние кои им е најпотребно, а со оглед на тоа што Османи после …
Continue Reading
(Видео) Џафери пречекан од Рама во Тирана: започнува Конференцијата на високо ниво за Планот за раст на Западен Балкан
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, денеска, во Тирана, Република Албанија, беше пречекан од страна на премиерот на Албанија, Еди Рама, пред официјалното започнување на Конференцијата на високо ниво „Раст и конвергенција за Западен Балкан“. Премиерот Џафери, во своето обраќање ќе се осврне на определеноста и посветеноста на Владата на Република Северна Македонија за успешното спроведување на …
Continue Reading
Ванковска на чекор до претседателска кандидатура, собра 9.085 потписи
Професорката Билјана Ванковска која е предложена од политичката партија Левица, заклучно со вчерашниот ден има собрано 9.085 од потребните 10.000 потписи за претседателската кандидатура. Зад неа е Стевчо Јакимовски од ГРОМ со 7.994 потписи. Досега Бујар Османи, Арбен Таравари и Максим Димитриевски успеаа да соберат 10.000 потписи и со тоа да бидат кандидати за претседател на државата. Вело Марковски има …
Continue Reading
Пендаровски: ВМРО-ДПМНЕ продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази
ВМРО-ДПМНЕ во недостиг на суштински идеи и понуда за граѓаните, продолжува да се служи со уличен жаргон и излитени фрази, обидувајќи се да го дискредитира претседателот Пендаровски и неговиот кредибилитет, реагираат од неговиот кабинет. „Со ваквата политичка комуникација ВМРО-ДПМНЕ нема да постигне ништо. Граѓаните добро знаат кој е претседателот Пендаровски, кој е постојано транспарентен, отворен и меѓу граѓаните“, се истакнува …
Continue Reading
Ковачевски: Во мојот втор мандат како премиер 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра
Во мојот втор мандат како премиер, ќе работиме да дојдеме до над 1.000 евра просечна плата и минимална плата од 600 евра, и ова ве уверувам дека со правилни политики е достижно, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во Штип во обраќањето при отворањето промотивен штаб на СДСМ. „Со напорна работа, нема недостижна цел. Никој не веруваше дека 500 евра …
Continue Reading
Лиже таму кај што плукал, Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Стево Пендаровски е човек без кредибилитет и интегритет, или со други зборови лиже, таму кај што плукал. Во периодот кој што следи ќе направиме реминисценција на случаи во кои Пендаровски си го погазил својот личен збор и интегритет, а со тоа и го погазил достоинството на народот и на Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Најдобар опис за неговиот карактер, според партијата …
Continue Reading
Ковачевски: Кога во Белата палата купувале вазни од по 10.000 евра, социјалната помош била 3.000 денари
„Кога во белата палата купувале вазни од по 10.000 евра, социјалната помош била 3.000 денари,а ние ја зголемивме скоро за 4 пати и сега е околу 200 евра, е толку на ВМРО ДПМНЕ им се важни граѓаните“, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски вчера од Штип. СДСМ никогаш не се водела од партиските или лични интереси, рече Ковачевски, одлуките кои …
Continue Reading
Извршниот одбор на СДСМ го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата
На денешната седница во Штип, Извршниот одбор на СДСМ ја разгледа информација за спроведената постапка за можни кандидати за Претседател на државата за претседателските избори 2024 година. „По сите анализи, разговори и спроведени истражувања на јавното мислење, Извршниот одбор во проширен состав го поддржа Стево Пендаровски за кандидат за Претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата. …
Continue Reading