Собранието го донесе Законот за спорт

Законот за спорт беше предложен од Министерството за правда и со него се обезбедуваат финансиски поттикнувања за националните спортски федерации, спортските клубови, активни спортисти од олимписки и неолимписки спортови и други правни субјекти кои имаат решение за вршење на дејност спорт, подигнување на спортот на повисоко ниво вонашата земја и остварување на подобри резултати како во домашни рамки така и …

Continue Reading

(Видео) Митрески се сретна со бугарскиот амбасадор: Да се креира и промовира позитивна реторика која може да придонесе за градење на меѓусебна доверба

Претседателот на Собранието, Јован Митрески, денеска оствари средба со Ангел Ангелов, амбасадор на Република Бугарија во Република Северна Македонија при што истакна дека позитивниот став за средби и посети е многу важно да продолжи во иднина, затоа што на тој начин се испраќаат пораки за спремност за отворен разговор и желба за унапредување на билатералните односи меѓу две соседски држави. …

Continue Reading

Маричиќ: Забрзаното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е еднакво важно и за Брисел и за нашиот регион

Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ од Лидерскиот самит на Западен Балкан за Планот за раст во Тирана изјави дека уште еднаш било потврдено дека забрзаното проширување на ЕУ со земјите од Западен Балкан е еднакво важно и за Брисел и за нашиот регион. „Затоа, ЕУ го создаде Планот за раст за земјите од Западен Балкан. …

Continue Reading

Бојмацалиев на средба со СВР Тетово: Ја гарантираме безбедноста за секој граѓанин да може да го оствари правото на глас

Денеска, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Сашо Тасевски остварија работна средба со раководствата на СВР Тетово и ОВР Гостивар, во рамки на серијата посети што следуваат периодов низ Секторите за внатрешни работи низ целата држава, а со цел увид во постигнатите резултати и маркирање на идните активности. „Минатата недела …

Continue Reading

Велковски за ширењето на големата кашлица: Инспекциските контроли во Скопје немаат утврдено неправилности и прекршувања од страна на детските градинки

Техничкиот министер за труд и социјална политика, Ѓоко Велковски денеска оствари средба со директорите на детските градинки од цела Македонија, на која се разговараше за сите затекнати проблеми во детските градинки ширум државата и реалните можности за нивно решавање во периодот на техничка влада и по изборите на 8 мај. „Во изминатите четири недели како сум во министерството за труд …

Continue Reading

Бочварски од Струмица: Преку 2 милијарди евра инвестиции во изградба на патишта, железници, гасоводи, водоводи и канализациони системи

Преку 2 милијарди евра во моментов инвестираме во целокупната инфраструктура во земјава и тоа го покажуваат и бројките и бројните проекти што ги реализираме на терен. Капиталните инвестиции ги реализираме во континуитет за да обезбедиме квалитетна инфраструктура и да реализираме проекти кои носат директен бенефит за граѓаните и економијата, истакна министерот Благој Бочварски денеска од Струмица. Бочварски заедно со градоначалникот …

Continue Reading

Џафери во Тирана: Планот за раст и заедничкиот регионален пазар се клучни за забрзано членство во ЕУ

Премиерот Талат Џафери се обрати на Конференцијата посветена на Планот за раст за Западен Балкан, која е продолжение на разговорите започнати во Скопје минатиот месец. Џафери зборуваше во рамки на Панелот „Вовед во единствениот пазар“, при што ја нагласи важноста на заедничкиот регионален пазар како можност до придобивките на внатрешниот пазар на ЕУ, за граѓаните, уште во текот на пристапниот …

Continue Reading

АХВ да биде транспарентна и да ги засили контролите и мониторингот на храна: Трипуновски на средба со Бабовски

Дополнителниот заменик министер Цветан Трипуновски денеска одржа работна средба со директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство. На средбата, како што е истакнато во соопштението, се разговарало за сите отворени ситуации за кои што во минатото јавноста не била информирана. „Сега од позиција на технички заменик министер со десетина дописи се обратив до агенцијата каде што барав расветлување на многу …

Continue Reading

(Видео) Лефков: Дали Пендаровски се кандидира под присила зошто никој друг не сака да губи

„Стево Пендаровски нема кредибилитет да биде претседател на републиката. Пендаровски не држи до сопствениот збор и менува ставови во рок од неколку часа. Во претстојниот период ќе ја потсетиме јавноста зошто Стево Пендаровски не треба да биде претседател. Прв и најмаркантен пример зошто Пендаровски нема капацитет за претседател е неговата неспособност да додржи на својот став“, рече Миле Лефков, член …

Continue Reading