Османи – Блинкен: Евроинтегративниот процес, функционалната мултиетничка демократија и почитувањето на трите договори се неопходни за зачувување на стабилноста на земјата

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска се сретна со државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, на маргините на неформалниот НАТО состанок во Прага. Како што извести МНР, станало збор за актуелните настани во Северна Македонија, при што Османи брифираше за неопходноста од продолжување на евроатлантскиот пат на земјата, како клуч за стабилноста. „Евроинтегративниот процес, посветеноста кон функционалната мултиетничка демократија …

Continue Reading

ЛДП: Изгласана доверба на претседателката Зајкова и раководството

Либерално-демократската партија вчера вечер ја одржа првата седница на Централниот одбор по изборите. Централниот одбор донесе одлука со која дава целосна поддршка на претседателката Моника Зајкова и раководството да ја води и застапува партијата во идните делувања и во јавноста. Како одговорна партија, ЛДП внимателно го разгледа Извештајот за подготовките, настапот и резултатите на партијата за претседателските и за парламентарните …

Continue Reading

Централниот одбор на ЛДП ќе ги разгледува настапот и резултатите на изборите

Либерално-демократската партија извести дека вечерва ќе се одржи седница на Централниот одбор. „Како одговорна партија, ЛДП, веднаш по конечното завршување на парламентарните избори ќе го разгледува предлог извештајот за подготовките, настапот и резултатите на Либерално-демкратската партија за претседателските и за парламентарните избори 2024 година. Анализата за натамошното дејствување ќе ја прават членовите и партиското раководство во сите општински организации во …

Continue Reading

Сиљановска Давкова со хрватската амбасадорка Тигањ: двете пријателски земји имаат заеднички стратешки цели и интереси за траен мир, стабилност и просперитет

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. На средбата се разговараше за одличните билатерални односи коишто се одликуваат со интензивен политички дијалог и конструктивна соработка во сите сфери од заемен интерес. Во таа насока, претседателката истакна дека двете пријателски земји имаат заеднички стратешки цели и интереси за траен мир, стабилност и просперитет на регионот …

Continue Reading

Евроамбасадорот Гир не сакаше да ги коментира случувањата во ДУИ

Нема да коментирам внатрешнополитички случувања и изјави на лидери во земјата, изјави евроамбасадорот Дејвид Гир, прашан од новинарите како ја коментира изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети дека дека со нивното невлегување во власта се прекршува Охридскиот договор. Гир потоа рече дека она што е важно е дека според прелиминарната оценка на меѓународните набљудувачи, изборите беа демократски и се случија …

Continue Reading

ДУИ навредена од ВМРО-ДПМНЕ: Владата не е нивна играчка

Демократската унија за интеграција преку соопштение објави дека е скандализирана од, како што велат, навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ кој го потврдува флагрантното кршење на изразената изборна волја на албанскиот народ и другите етнички заедници, чие соединување во Европскиот фронт се покажало како втора политичка сила во државата. „За скандалозниот израз ‘Ахмети да престане да се однесува како палаво дете …

Continue Reading

ЛДП: Уставните измени треба да бидат карта за влез во ЕУ, а не за политички пазарења

Процесот на уставните измени во Македонија е клучен за напредокот на државата во интеграциите со Европската Унија и токму затоа промените кои се неопходни за исполнување на критериумите за членство во ЕУ не треба да бидат предмет на националистички реторики, велат од Либерално-демократската партија. – Ќе потсетиме дека реформите ќе донесат значителни придобивки за граѓаните и ќе ја зајакнат демократијата …

Continue Reading

(Видео) Стоилковски: 12 директори и раководители на Хирургија збор немаат за колапсот, одговорност ќе има

Најмалку 12 оддели кои функционираат на Хирургија, не функционираат нормално веќе две недели, а нема ниту еден збор од 12 раководители и директори со звучни имиња за колапсот на терцијалното здравство, реагира портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. „Збор за хаосот немаат ниту д-р Александар Трајановски од ТОАРИЛУЦ, ниту д-р Софија Пејкова од пластична хирургија, ниту д-р Зоран Караџов од Абдомен, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Кога Лога сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции, да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок

„Кога Кренар Лога ќе сака да глуми заштитник на наводната независност на судските институции добро е да објасни врз основа на кои од двата отсто доверба во судството го темели овој заклучок“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук објавата на министерот Кренар Лога. „Зошто Лога не беше загрижен кога цело ДУИ и Зајас на Ахмети беше вграден во судскиот систем на државата? …

Continue Reading