ДУИ навредена од ВМРО-ДПМНЕ: Владата не е нивна играчка

Али-Ахмети-Без-Албанците-оваа-земја-нема-ниту-иднина-ниту.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Демократската унија за интеграција преку соопштение објави дека е скандализирана од, како што велат, навредливиот наратив на ВМРО ДПМНЕ кој го потврдува флагрантното кршење на изразената изборна волја на албанскиот народ и другите етнички заедници, чие соединување во Европскиот фронт се покажало како втора политичка сила во државата.

„За скандалозниот израз ‘Ахмети да престане да се однесува како палаво дете кое плаче за играчка која не е негова’, на ВМРО ДПМНЕ треба да им биде јасно дека Владата не е играчка во нивни и ничии раце и кршењето на волјата на суверенот е антидемократски чин и против Охридскиот договор“, велат од ДУИ.

Како  што се додава, Демократската унија за интеграција останува доследна на својот став за почитување на гласот на албанскиот народ и другите етнички заедници, бидејќи тоа е единствената гаранција за стабилност и прогресивен континуитет на земјата.

„Оваа земја е заедничка и секој треба да придонесе за здрави меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и партнерство со Соединетите Американски Држави. Никој да не мисли дека народот ќе дозволи враќање назад од започнатиот пат на еднаквоста и европскиот пат! Целосниот изборен и демократски легитимитет и кредибилитет му припаѓа на Европскиот фронт и безусловното вазалство на губитниците е предодредено да пропадне бидејќи ја нема поддршката од народот“, додава ДУИ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK