Во програмата на ВМРО-ДПМНЕ „Платформа 1198“ фокусот е во реализација на капитални инвестиции во износ од 3 милијарди евра, ниски и рамни даноци и намалување на стапката на невработеност на 7.5%
Гордана Димитриеска Кочоска, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешната програмска дебата насловена „Патоказ кон иднината – Зајакнување на економијата, инфраструктурата и енергетиката“ на која се презентира програмата на ВМРО-ДПМНЕ наречена Платформа 1198 посочи дека фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде насочен капитални инвестиции, кон политиката на ниски и рамни даноци, силна борба против сивата економија и намалување на стапката на невработеност на …
Continue Reading
Во ДИК утре ждрепка за утврдување на редоследот на претседателски кандидати
Државната изборна комисија ќе спроведе ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за Претседател на Република Северна Македонија. Ждрепката ќе се одржи во 12 часот во големата сала на 4 кат во Државната изборна комисија. Утре, 25 март 2024 година ќе се одржи и ждрепката за распределба на рекламни паноа и билборди за Изборите за Претседател на …
Continue Reading
Каевски: Нова програма на СДСМ, имаме План за европска иднина на Македонија
СДСМ имаме јасен, конкретен и издржан план за иднината кој е преточен во нашата нова изборна програма, рече пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски и ги наброја клучните столбови од планот на СДСМ за европска иднина на Македонија: 1. ЕВРОПСКИ ПЛАТИ И ЖИВОТЕН СТАНДАРД – Во наредните четири години просечната плата ќе ја зголемиме на рекордни 1.100 евра а минималната плата …
Continue Reading
И Левица ги објави носителите на листи во сите изборни единици
Левица ги има вистинските носители на пратеничките листи во шестте изборни единици, кои се воедно и единствените, од севкупниот избор, кои немаат нанесено штета врз државата, се вели во соопштението до Левица. Носител во ИЕ 1: Проф. д-р Димитар Апасиев, претседател на Левица, пратеник во Собранието на Република Македонија, доктор на правни науки, професор на Правниот факултет при Државниот универзитет …
Continue Reading
Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата Платформа 1198
Денес ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира програмата Платформа 1198 која содржи точно 1 198 проекти и решенија кои се конкретен одговор за проблемите на граѓаните и нивните потреби. Креирањето на оваа програма е финишот на повеќегодишен консултативен процес во кои беа вклучени експерти, професори, академската и стручната јавност, а во најголема мера беа слушнати барањата на граѓаните кои беа прибирани од …
Continue Reading
ДПА го дефинираше учеството во коалицијата на ДУИ
Централното собрание на Демократска партија на Албанците (ДПА) синоќа го одобри предлогот на претседателот Мендух Тачи за учество во коалицијата Европски фронт предводена од Демократската унија за интеграција (ДУИ). Партскиот лидер за оваа можност најави ееден ден претходно во гостувањето на една од националните телевизии. -Се одржа Централното собрание на ДПА на кое едногласно беше одобрен предлогот на претседателот Мендух …
Continue Reading
Ванковска: Договорот со Бугарија може да се раскине со обична нота!
„Договорот за таканаречено ,добрососедство’: Тешко на онаа држава што има такви соседи, кои ѝ задираат во идентитетот, во историјата, во постоењето… Тој договор не предвидува промена на Устав. Тоа е еден кус договор на две странички со 13-15 членови. Во него има клаузула за раскинување. Таму е најлесно! Таму не е дури ни сложено како ова со Преспанскиот. Ако постои …
Continue Reading
ДУИ: Албанската опозиција врши поделба на Албанците од Косово, Албанија и Македонија и ги напаѓа медиумите и новинарите
Албанската опозиција конечно сфати дека на 24 април и 8 мај ќе доживее длабок пораз од Демократската унија за интеграција. Ако досега меѓусебно се обвинуваа за поразот од ДУИ, сега обвинуваат и медиуми и новинари од Албанија и Косово. Дури и ги клевети дека се продадени за да ја заштитат ДУИ и обвинуваат опозицијата, се вели во соопштението од ДУИ. …
Continue Reading
Ковачевски: Направивме многу, но треба уште повеќе, направените грешки ќе ги исправиме
Направивме многу во изминатите години, ги покачивме платите и пензиите, ја преполовивме невработеноста, обезбедивме рекордни инвестиции, вративме 2,6 милијарди евра назад кај граѓаните, станавме членка на НАТО, започнавме преговори со ЕУ, навистина многу, но имаме и грешки, рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во обраќањето на 28 Конгрес на СДСМ. -Јас сум искрен човек, а СДСМ е партија која секогаш …
Continue Reading