Мицкоски: Една од првите мерки во првите 100 дена од новата влада ќе биде намалувањето на даноците на профит

Задоволството е големо што имам можност да присуствувам на стартот на една нова и надоградена приказна изразена во новата инвестиција на компанијата Киел. Во едни вакви тешки времиња би рекол дека не само што е мудра, туку и навистина смела одлука да се инвестира во државата. И во таа смисла јас како човек кој за скоро очекувам да ја добијам …

Continue Reading

Деспотовски: Луѓето треба да ги слушаме, а довербата да ја бараме со конкретни резултати

Со средби во општинските организации во Ѓорче Петров и Аеродром продолжуваат активностите на терен на Јован Деспотовски, кандидат за претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. „Дискусијата со нашите членови во Ѓорче и Аеродром се моќен потсетник за потребата од транспарентност и отчетност во нашата партија. Се заборави на потребите на луѓето. Функционерите зборуваат, а ништо не слушаат. Да не ја …

Continue Reading

Град Скопје: Арсовска по 20ти пат достави предлог одлука за нови еко автобуси

„Градоначалничката на Град Скопје за седницата на Совет на 19.06.2024 по 20ти пат достави предлог одлука за нови еко автобуси до советниците од ВМРО-ДПМНЕ, кои повеќе од две години не гласаат за нови автобуси иако имаат мнозинство во Советот на Град Скопје“, велат од Град Скопје. „Бидејќи согласно закон градоначалник не може да донесе одлука за набавка на нови автобуси, …

Continue Reading

„Омразата, бализмот и вандализмот не водат кон соживот за кој повикуваат етнички профилираните партии“, велат од партијата Левица

„Знамето на Република Македонија – запалено од страна на необалистичките структури во државава и истото оштетено виси над месна заедница во Куманово. Под изгореното македонски знаме и низ целиот објект на Месната заедница, со спреј е исцртано албанското знаме, како и симболот на терористичката УЧК“, соопшти партијата Левица. „Ова претставува последното во долгата низа еклатантни непочитувања на македонското знаме, како …

Continue Reading

Петровска: Со интегритет и чесно работење, верувам дека ќе ја вратам довербата во партијата кај членовите и граѓаните на Македонија

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера ја претстави својата програма пред членовите на општинските организации во Карпош и Гази Баба. Пред присутните, Петровска ги објасни своите постулати и приоритети во програмата за работа како идна претседателка на СДСМ. „Мојата програма ‘Манифест на социјалдемократијата’ во себе содржи прогресивни политики и враќање кон корените на СДСМ. Како дете на партијата, …

Continue Reading

(Видео) Спасовски: Каде има големи ветувањата одете со мала торба, предлогот за Влада е без план во економијата и стратешките цели

Од она што денеска беше соопштено во јавноста при поднесувањето на предлогот за работа и состав на новата Влада јасно е дека не постои јасен план во делот на економијата, нема јасни правци за стратешките интереси а кадровскиот потенцијал којшто се нуди не одговара на очекувањата на граѓаните, рече денеска во изјава за медиуми координаторот на пратеничката група на СДСМ, …

Continue Reading

(Видео) Мицкоски: До Собранието поднесена е програмата и составот на новата Влада, очекувам на дневен ред да биде ставена викендов

„Штотуку во Архивата на македонското Собрание ја поднесов Предлог програмата за работа на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ како мандатар на истиот, исто така заедно со Програмата на работа на идната Влада е поднесен и списокот на членовите на идната Влада. Како придружен дел на тој список се и нивните биографии“, кажа претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. „Очекувам истото да …

Continue Reading

„Кадри кои служеле на режимот на Груевски, почнувајќи од Мицкоски, не може да донесат и спроведат реформи“, велат НСДП

„Мандатарот Мицкоски предлага состав на Влада со кадри на Груевски, во најголем дел тоа се луѓе кои во минатото служеа на режимот на ВМРО-ДПМНЕ и ги пратат многу скандали. Граѓаните за брзо ќе ги видат на дело кадрите на „рециклираниот режим“ и „заробената држава“ која ја инсталираа во десетгодишното претходно владеење“, велат од НСДП. „Кадри кои служеле на режимот на …

Continue Reading

Средба на претседателката Сиљановска Давкова со полскиот амбасадор: разменети мислења за актуелните политички случувања во двете земји

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими амбасадорот на Република Полска, Кшиштоф Гжелчик. На средбата се разменија мислења за актуелните политички случувања во двете земји, тековните предизвици и можностите за искористување на потенцијалите со цел продлабочување на билатералната соработка. Во годината кога се одбележува триесетгодишнината од воспоставувањето на дипломатските односи, заемна констатација беше дека односите меѓу двете земји се на …

Continue Reading