ВМРО-ДПМНЕ: Филипче додека беше министер ја направи државата заложник на здравствената мафија

Филипче додека беше министер ја направи државата заложник на здравствената мафија, луѓе собираа пари за лекување преку СМС пораки, а неколку фирми блиски до него се богатеа, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение. „Филипче имаше 7 години да поправи нешто во здравството, но ништо не направи. Наместо проекти, Филипче тргна со милионски тендери. Немаше голем тендер во здравството кој не смрдеше …

Continue Reading

Гаши го прекрши Уставот и ја погази секуларноста – Левица ќе поднесе интерпелација

Во Собранието на Република Македонија, во салата Борис Трајковски се одбележа Денот на сеќавањето на геноцидот во Сребреница, каде коалициониот партнер на ДПМНЕ и ЗНАМ – спикерот Африм Гаши оддржаа молитва, со што го прекрши Уставот на државата, ја погази секуларноста и сите норми на правната држава. Имено, Гаши иницирал религиски обред – молитва во Собранието на Република Македонија со …

Continue Reading

СДСМ: Африм Гаши ја наруши секулраноста на државата

На верските обреди не им е местото во македонското Собрание ниту во било која државна институција, реагира Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, откако денес со молитва во македонското Собрание, беше одбележана годишнината од геноцидот во Сребреница. „Претседателот на Собранието Африм Гаши, инаку коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ со овој чекор ја наруши секуларноста на државата, тоа е не почитување на Уставот“, велат …

Continue Reading

Се укинува балансерот – министерот Минчев вели дека имало злоупотреби во минатото

Укинување на балансерот најави министерот за јавна администрација Горан Минчев, соопштувајќи дека оваа дигитална алатка во минатото била предмет на злоупотреби. Тој образложи дека имало случаи каде етнички Македонци се пишувале Албанци и каде етнички Албанци се пишувале Македонци. Имало и случаи каде припадници на други етнички заедници се пишувале Македонци. „Јас тоа можам да го конкретизирам и со актуелниот …

Continue Reading

Марија Срцева ќе раководи со ТОАРИЛУЦ, Берат Лена со Нефрологија во Струга, именувани нови медицински директори

Министерството за здравство информира дека министерот, д-р Арбен Таравари, денеска именуваше нови в.д. медицински директори на неколку јавни здравствени установи   За директор на универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ се именува, проф. д-р Марија Срцева, во Специјализирана болница за нефрологија-Струга се именува д-р Берат Лена. Директорка на Универзитетски стоматолошки клининички центар „Св. Пантелејмон“ се именува проф. д-р Цветанка Бајрактарова, а на …

Continue Reading

Муцунски – Борел во Вашингтон: Нашето членство во Европската Унија останува најважен приоритет на новата влада

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со Жозеп Борел, потпретседател на ЕК и висок претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, во рамки на НАТО Самитот во Вашингтон. На средбата стана збор за нашето европско досие, процесот на пристапување во Европската Унија и внатрешно-политичката динамика во земјата. Воедно, Муцунски ја апострофираше нашата цврста заложба …

Continue Reading

Кривична против Иљази, ја оштетила Токсикологија за речиси 660 илјади денари

Денеска, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Единица за корупција во соработка со Одделот за криминалистичка полиција, поднесе кривична пријава против 29-годишната Бесија Иљази од Тетово, заради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 ст.3 вв ст.1 од Кривичниот законик. Пријавената Б.И. во својство на …

Continue Reading

Мицотакис ги информирал колегите од НАТО дека Мицкоски дома не употребува Северна, во Вашингтон бил примерен

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кажа дека премиерот Христијан Мицкоски, на официјалните состаноци на сите лидери на НАТО, го користел уставното име на државата, за време на прес-конференција за грчки медиуми на Самитот на НАТО во Вашингтон, пренесе „Гласот на Америка“. Мицотакис рече дека ги информирал колегите во НАТО дека Мицкоски не го спроведува клучниот член од Договорот од Преспа, а …

Continue Reading

Гаши: Геноцид како во Сребреница не смее да се заборави, но и не смее да се дозволи да се повтори

Геноцид како во Сребреница не смее да се заборави, но и не смее да се дозволи да се повтори, истакна претседателот на Собранието, Африм Гаши на одбележувањето на Денот на сеќавањето на геноцидот во Сребреница во Собранието. Гаши од името на пратениците во Собранието и од негово лично име изрази искрено сочувство за жртвите на геноцидот во Сребреница до членовите …

Continue Reading