Минчев повлече закони на претходната Влада од собраниска процедура

Министерот за јавна администрација Горан Минчев информира дека министерството согласно законските надлежности, ги повлече Законите од Собраниска процедура поднесени од претходната Влада, и тоа: предлог Законот за административни службеници, предлог Законот за вработени во јавниот сектор и предлог Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници. Оваа обврска, како што е образложено, е согласно донесениот Закон за изменување и …

Continue Reading

Астрит Исени ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи

Астрит Исени и официјално ја презеде функцијата заменик-министер во Министерството за внатрешни работи. Со преземање на функцијата, заменик министерот ја изрази својата длабока и максимална посветеност во неговата работа и неговиот придонес во држување на јавниот ред и мир, со цел нашите граѓани да се чувствуваат заштитени и безбедни, се истакнува во соопштението. ,,Чест ми е што ја преземам оваа …

Continue Reading

Стојаноска за ребалансот на Буџетот: Дури и со ваква опустошена државна каса, доколку има волја, знаење и капацитет може да почнат промените на подобро

Со усвојувањето на Ребалансот на Буџетот за 2024 година почнува консолидацијата на Република Македонија, вели Дафина Стојаноска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ. „Дури и со ваква опустошена државна каса, доколку има волја, знаење и капацитет може да почнат промените на подобро. Со овој Ребаланс ќе започнат и клучни реформи во секторот здравство. Обезбедени се финансии за почетокот на реализацијата на проектот за …

Continue Reading

ВЛЕН: Пријавата кон Бектеши е потврда за корумпирано минато на ДУИ

Коалицијата ВЛЕН ја поздравува и поддржува секоја активност која има за цел зајакнување на правото и редот во Северна Македонија. Веруваме дека гонењето на незаконските дејства и корупцијата е клучно за обезбедување на правичен и равноправен систем за сите граѓани, велат од оваа коалиција. Според нив, последната кривична пријава против поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, за “опструкција на правдата”, …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери

МЕПСО со СДС и ДУИ отпиша 14 милиони евра долгови на фирми трговци со струја, меѓу кои и на синот на Муса Џафери. ДЗР констатира неправилности во работата на МЕПСО, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Имено во 2021 година неколку фирми трговци со струја прават долг кон МЕПСО од 14 милиони евра. Сите фирми се блиски до СДС и ДУИ, една од …

Continue Reading

Левица ќе поддржи укинување на економските директори на клиниките

Јована Мојсоска, пратеник на Левица, на вчерашната седница на Комисија за здравство истакна дека Левица го поддржува укинувањето на економските директори на Клиниките. Како што истакна, Левица ја поддржува секоја политика која се залага за укинување на формирање на паралелни системи. -Тоа го кажавме и за замениците министри, тука се пресликува истата ситуација, односно се работи за функции кои се …

Continue Reading

СДСМ: Нема место за горди работници во гордата Македонија на Мицкоски

ВМРО-ДПМНЕ од ден во ден потврдува дека ќе води политика која ќе значи минимални плати без раст и понижени работници кои ќе ја губат вербата во државата, велат од СДСМ. Политиките кои ги најавува Мицкоски, според оваа партија, не само што нема да доведат до раст на платите, туку ќе предизвикаат зголемување на сиромаштијата, зголемување на социјалните разлики и следствено …

Continue Reading

Јанчев од Левица го поддржа протестот против „Бехтел и Енка“

„Даваме поддршка, затоа што дејствувањето на конзорциумот „Бехтел и Енка“ ја девастира животната средина и директно го загрозува животот на луѓето во Прилеп. Не нѝ е прв пат да ги поддржиме на блокадите, нашата пратеничка група и нашиот правен тим им е целосно на располагање на активистите“ , истакна пратеникот на Левица Сашко Јанчев на денешниот протест организиран од народната …

Continue Reading

Нов затвор во Идризово ќе градат Николоски и Пандов

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари средба со Александар Пандов, директор на Управата за извршување на санкции. На средбата се разговараше за отпочнување на постапката за изградба на нови простории во КПД Идризово. Проектот предвидува изградба на нов објект затворско одделение за мажи, ново притворско одделение и нови објекти за кујна и перална. Изградбата …

Continue Reading