(Видео) Мицкоски: Граѓаните кои не гласаат, во суштина гласаат за Ахмети да продолжи да живее како шеик во хациенда
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Чешиново-Облешево во рамките на претседателската и парламентарата кампања побара на изборите на 8 мај сите граѓани да излезат да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ и за професорката Гордана Силајновска Давкова. Имено тој објасни дека ако граѓаните останат дома и не го остварат своето право на глас овозможуваат Али Ахмети, Артан груби, Бујар Османи …
Continue Reading
(Видео) Ахмети: Тие што мислат дека можат да држат куќа со кредит, резултатот го видоа на 24 април
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во рамки на активностите за кампањата за парламентарните избори, ги продолжи средбите со граѓаните во општина Кичево. Пред присутните истакна дека куќата не се одржува со кредит и дека тие што мислат дека можат да држат куќа со кредит, резултатот го видоа на 24 април. Вие сте прва гарда за брза интервенција, вие сте прва …
Continue Reading
Таравари: ВЛЕН единствена албанска опција на 8ми мај, промената доаѓа
Првиот човек на Алијансата за Албанците Арбен Таравари во презентацијата на изборната програма на ВЛЕН рече дека оваа програма вреди и за луѓето и за програмата. Таравари истакна дека сегашниот Устав има недостатоци и не ја претставува реалноста во државата. „Убедени сме дека сегашниот Устав има недостатоци, ограничен е и во многу делови не ја претставува денешната политичка, социјална и …
Continue Reading
Карапејовски: Сите граѓани треба да имаат слободен пристап до здраствените услуги
Движењето ЗНАМ – за наша Македонија организираше трибина во просториите на Европскиот Универзитет насловена “Борба со остеопорозата со помош на витаминот Д – неговото височество” предводена од проф. Д-р. Јасмин Циривири – кандидат на пратеничката листа а ЗНАМ во изборната единица 1 и прим. Д-р. Маја Панајотовиќ Радевска. Трибината беше посетена во голем број, каде што граѓаните покажаа голем интерес …
Continue Reading
Николовски: Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите
Одговорноста на секој од нас е голема. Не смееме да дозволиме да имаме повторно нови изгубени години без иднина. Не смееме да дозволиме да им ја одземеме европската иднина на младите и идните генерации, рече денес во Крива Паланка коносителот на кандидатската листа за ИЕ 3 на СДСМ и коалицијата, Љупчо Николовски. Тој порача дека Европскиот пат не е закана …
Continue Reading
Михаилоски: Не попуштивме, застанавме цврсто против, чувајќи ја нашата демократија и нашиот мир
Претседателот на СДММ, Марко Михаилоски,истакна дека настаните од 27 април се критичен момент за македонската демократија. “Додека размислуваме за крвавиот четврток, се сеќаваме на времето кога раководството на ВМРО-ДПМНЕ, водено од очајна амбиција, покрена насилна толпа која направи хаос” изјави Михаилоски. Михаилоски нагласи дека денешната демократија во Македонија е директен резултат на спротивставувањето кон таквите сили кои се закануваат уште …
Continue Reading
Андоновска: Во нашата програма на коалицијата „Храбро за Македонија“ воведуваме категорија „пензионерско семејство“
Во нашата програма на коалицијата „Храбро за Македонија“ воведуваме категорија „пензионерско семејство“. Секое пензионерско семејство во Република Македонија независно дали го сочинува еден пензионер или два пензионери мораат да имаат минимална месечна пензија од 25.000 денари, вели носителката на пратеничката листа на коалицијата „Храбро за Македонија“ во Изборната единица еден, д-р. Добрила Андоновска. – Пример, ако во едно семејство еден …
Continue Reading
Левица со антикорупциска платформа ќе се бори против неказнивоста на функционерите
Носителката на листа на ИЕ5 од Левица – Јована Мојсоска ја презентираше предизборната програма меѓу жителите во Ресен. Левица, како партија на нова генерација политичари без криминален багаж, на овие избори настапува со своја антикорупциска Платформа, како единствен механизам против корупцијата која го разјадува македонското општество. „Народот доволно беше сведок како политичките елити три децении се амнестираат, како што беше …
Continue Reading
Димески: Ударна мерка на Левица на овие парламентарни избори се народни електрани
Носителот на листата со кандидати за пратеници од ИЕ6 за Левица, Игор Димески во Тетово имаш средби со граѓани. Тој презентираше дел од мерките за кои се залага Левица во областа на енергетиката и економијата. – Заштита на домашното производство преку протекциони мерки, национализација на сите дистрибутивни мрежи во Македонија, задолжителни полици за македонски производи во сите маркети, државна комерцијална …
Continue Reading