(Видео) Кузеска за скриениот бојкот во некои општини: Секоја партија како настапи на изборите треба да одговори пред себе и пред граѓаните

Денеска имавме мирен, достоинствен и успешен изборен ден, изборите беа фер и демократски, како што доликува на земја членка на НАТО со почнати преговори за Европската унија. Констатирани се одредени неправилности, но сметаме дека се тие со незначителни во овој изборен процес, рече портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Правото на глас и слободното одлучување се најзначајни придобивки во демократијата Таа …

Continue Reading

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да не’ уценуваат никогаш повеќе

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва порача дека изборите се финална одлука за тоа дали Македонија ќе биде вратена назад на народот или ќе остане киданапирана во рацете на стотина луѓе. „Да ја отфрлиме апатијата и цинизмот и наместо тоа да ја прифатиме моќта на нашиот колективен глас да донесе значајни промени. Заедно надминавме безброј предизвици, преживеавме бури и напредувавме со …

Continue Reading

Сиљановска-Давкова до младите: Не бегајте од Македонија, на 9 мај ќе почне нова демократска македонска историја

На 8 мај мора да ја повторите лекцијата од 24 април. Да научат како се однесува народот. Мора да им одржиме лекција дека народот легитимира, народот делегитимира. На овие избори се случува чудо, не доаѓаат само реки од народ од Македонија, туку и нашите Македонци од странство. На младите им порачувам, не бегајте од Македонија, не одете си! На 9 …

Continue Reading

Таравари: Ветувам дека кога ќе ја формираме Владата ќе трчаме уште посилно отколку во кампањата

„Со верба ветувам дека јас и сите челници на ВЛЕН кога ќе ја формираме Владата ќе трчаме уште посилно отколку во кампањата“, ова беше првото јавно ветување што Арбен Таравари го даде на големиот митинг во Тетово, додавајќи дека по 8ми мај нема да им биде удобно во кожните фотелји, туку ќе работат уште повеќе за сите. Таравари нагласи дека …

Continue Reading

Ковачевски: Демократијата е како кислород – кога е тука, не ја забележуваме, кога ќе ја снема, се чувствуваме задушено

Да не си играме со нашите демократски вредности и да осигураме силен СДСМ во Собранието за да може да бидеме чувари на демократските институции. Да осигураме дека нема да ја вратиме државата во „дивите“ времиња на ВМРО ДПМНЕ и Груевски“, порача лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски од завршниот митинг во Скопје. „ Демократијата е како кислород. Кога е тука, не …

Continue Reading

Ковачевски: Ние сме вистинските социјалдемократи, ЗНАМ се лажни и измислени во Белата палата

Со испраќање на порака за здружување на силите на патот кон Европската Унија, Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија вечерва го одржа завршниот митинг во Скопје, непосредно пред изборите закажани за среда. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на присутните граѓани им порача дека двојните избори на 8-ми се последниот повик за Европа и од тоа, нема да се откажат. „Исто како што …

Continue Reading

Пендаровски: Граѓаните да размислат кому ќе ја дадат довербата в среда, ако ВМРО-ДПМНЕ се дограба до власт последиците може да се непоправливи

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Скопје го одржа завршниот митинг во рамки на претседателската кампања и притоа истакна дека е сигурен дека на 8 мај, ќе се извојува двојна победа, како што рече: „не за нас, за сите вас“. Тој ги повика скопјани, но и сите граѓани на Македонија да размислат кому ќе ја дадат довербата в среда …

Continue Reading

Kовачки: Kај активисти на ДУИ пронајдено оружје, пари и списоци за гласање, приведени се

Лудилото со поткуп од страна на ДУИ и СДС не’ застанува. Штотуку ме информираа дека кај активисти на ДУИ било пронајдено оружје, биле пронајдени пари и биле пронајдени списоци за гласање. Истите биле приведени, тврди Драган Ковачки, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и носител на ИЕ 3. „Немојте да се плашите, ДУИ не смее да извади пратеник во тројка. …

Continue Reading