Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците
Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски на прес-конференција вечерва кажа дека резултатите се јасни и им честита на победниците. „Резултатите се јасни и немам намера подетално да ги разлагам. Согласно резултатите досега им честитам на победниците, да им посакам успешна работа во следните четири, односно пет години. Мојот концепт за мултиетничка Македонија денеска не доби мнозинска поддршка од граѓаните. Јас сум …
Continue Reading
ДУИ очекува над 20 пратеници: „Имаме повеќе од 30.000 гласови предност пред опозицијата“
Од 50 отсто изборјано гласачки ливчиња, имаме над 30.000 гласови разлика пред „Вреди“, изјави портапролот на ДУИ, Арбр Адеми. „Речиси во сите општини сме во предност: Дебар 2:1, Струга повече од 2:1, Кичево 5:1, Врапчиште повеќе од 2:1. ВО предност сме и во Тетово, Гостивар, Куманово, Липково“, изјави Адеми. Како што рече, се потврдува дека Европскиот фронт ќе стигне до …
Continue Reading
Левица: Имаше нерегуларности, бугарски воз, притисоци од сегашната власт и закани за отпуштање по изборите од опозицијата
Партијата Левица вечерва по затворањето на гласачите места обвини за низа нерегуларности за време на гласањето, но и покрај тоа очекува позитивен резултат од изборите. Портпаролот Амар Мециновиќ обвини за ситуации со бугарски воз, попречено гласање, притисоци од сегашната власт но и закани за отпуштања од работа по изборите од сегашната опозиција. „Денеска видовме дека имаше многу недоследности и неправилности …
Continue Reading
На избирачко место во Гази Баба ќе се гласа до 21 часот вечерва, гласањето продолжено на вкупно четири гласачки места во земјава
Поради техничките проблеми пријавени уште утрово, Државната изборна комисија (ДИК) го продолжи гласањето и по 19 часот на вкупно четири избирачки места. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски соопшти дека гласањето е најмногу продолжено на едно избирачки место во Гази Баба. „Продолжување на гласањето ќе има во следните места: Зелениково, избирачко место 2376 до 20.20 часот, Гази Баба избирачко место 2544 …
Continue Reading
Тошковски: Ова беа можеби најмирните и најдемократски избори што се случиле било кога
Во Република Македонија се одржаа можеби најмирните и најдемократски избори што се случиле било кога, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Тој оцени дека не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. Се заблагодари на македонските полицајци, граѓаните кои, како што рече, покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското …
Continue Reading
„Македонија добива нов претседател и нова влада“, најави Муцунски
„Цензусот е постигнат. Македонија добива нов претседател и нова влада, предводена од Христијан Мицкоски“, напиша на социјалните мрежи, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски. Тој упати благодарност до граѓаните за поддршката, како и за нивниот придонес за мирни, фер и демократски избори.
Continue Reading
Адеми тврди дека симпатизери на Европскиот фронт гласале за претседател: „Оставивме самите да одлучат“
Европскиот фронт преводен од Демократската Унија за Интеграција изрази благодарност до секој гласач што ја избрал европската иднина и ги осуди, како што велат, обидите на опозицијата преку пропаганда и лажни вести да сее страв. Портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, изјави дека Европскиот фронт денеска ќе биде сведок на историската победа на овој сенароден референдум кој ќе ја запечати европската иднина …
Continue Reading
(Видео) Груби ги бојкотираше претседателските избори
Вицепремиерот Артан Груби не гласаше на вториот круг од претседателските избори. Во видеото објавено на неговиот фејсбук профил, се гледа дека на членовите на комисијата им вели дека ќе гласа на парламентарите избори, а потоа става гласачко ливче само во таа кутија. Видеото можете да го погледнете на ЛИНКОТ.
Continue Reading
Муцунски: ДУИ оди во опозиција, бојкотот не им успеа, цензусот е исполнет
Повикот на ДУИ за бојкот не успеа, а денот ги извади на виделина игрите на власта. ДУИ посакува криза и преку бојкот сакаше да се факторизира. ДУИ изгуби, бојкотот не им е успешен, извесно е дека одат во опозиција, изјави Тимчо Муцунски, на првата прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ по гласањето на парламентарните и вториот круг од претседателските избори. „Пропадна сценариото да …
Continue Reading