„Имало директива од грчкото МНР“, пишува грчкиот весник „Катимерини“ за протестот на амбасадорката по заклетвата на Силјановска

Амбасадорката на Грција во Северна Македонија, Софија Филипиду, која беше поканета на седницата на Собранието за положување заклетва на Гордана Силијановска, си замина во знак на протест . Забележано е дека имало релевантна директива од грчкото Министерство за надворешни работи, пишува грчкиот весник „Катимерини“. Весникот натаму додава: „Петседателката на Северна Македонија, Гордана Силијановска напладне положи заклетва на посебна седница на …

Continue Reading

Грчката амбасадорка ја напушти собраниската сала во знак на протест на инаугурацијата на Силјановска-Давкова

Грчката амбасадорка во земјава – Софија Филипиду, ја напушти собраниската сала за време на инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата. Информацијата што подоцна беше потврдена, прв ја сподели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на социјалните мрежи. „Грчката амбасадорка Филипиду, демонстративно ја напушти собраниската ложа, заради употребата на терминот Македонија при положувањето на заклетвата од новата Претседателката Силјаноска Давкова“, …

Continue Reading

Aхмети тврди дека со челниците на „Вреди“ во јануари потпишале декларација дека ќе владеат само со партии што поддржуваат уставни измени

ДУИ тврди дека и првите луѓе на коалицијата „Вреди“, со кои ВМРО-ДПМНЕ договара коалицирање во новата Влада, се потписници на декларација во која уверуваат дека ќе владеат заедно само со оние политички партии кои се согласуваат да ги поддржат уставните измени. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешниот собир на претставниците и членството на коалицијата рече дека декларацијата била потпишана …

Continue Reading

„Договорени се општите начела за идната Влада“ – заврши средбата на ВМРО-ДПМНЕ со Влен

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беа присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН беа присутни Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши. „Договорени се општите начела на соработка за идната …

Continue Reading

Даштевски на Силјановска и’ го врачи Уверението за претседател и и’ посака успешен мандат

Државната изборна комисија и’ го издаде Уверението за избран претседател на Гордана Силјановска Давкова. Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, врачувајќи и’ го Уверението на Давкова, од име на Комисијата и’ посака успешен мандат како шеф на државата. Претходно, на седницата во ДИК беше усвоен Заклучокот за конечност на резултатите од гласањето на изборите на 8 мај. Државната изборна комисија утврди …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да нè поколебаат тактики или закани за поделби

„ВМРО-ДПМНЕ жестоко ги отфрла неоснованите обвинувања и тактиките за поттикнување страв што ги користи ДУИ. Македонскиот народ се изјасни низ демократските процеси, а обидите за поткопување на неговата волја се неприфатливи. Обидите на ДУИ да се сликаат како бранители на албанските права не се ништо друго туку фасада за прилепување до власта по секоја цена. Нивното искуство доволно говори за …

Continue Reading

Силјановска Давкова ќе биде шестиот претседател на Македонија – ДИК објави конечни резултати од гласањето

Државната изборна комисија ги објави конечните резултати од гласањето на претседателските избори на 8 мај, констатирајќи дека за претседател е избрана Гордана Силјановска Давкова, со 561.000 гласови, наспроти нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски кој има 251.899 гласови. Уверението за избор за претседател на државата и за претстојната инаугурација на Силјановска Давкова ќе и биде доделено во просториите на ДИК. ДИК ќе треба …

Continue Reading

Честитки од ЕУ и САД до Силјановска-Давкова за победата на претседателските избори

Пристигнуваат честитки од Европа и САД за големата изборна победа на Гордана Силјановска-Давкова. Вчера, со своја честитка за професорката Гордана Силјановска-Давкова се огласи и амбасадорката на Швајцарија во Македонија, Вероник Улман. Во нејзината честитка стои: „Искрено и честитам на Македонија за фер и демократските избори. Честитки за госпоѓата Гордана Сиљановска-Давкова на изборот за првата жена претседателка. Швајцарија со нетрпение очекува …

Continue Reading

Силјановска се заблагодари за честитката од ЕУ: Со нетпрение очекувам да ја продолжиме соработката

Силјановска Давкова се заблагодари за честитката од ЕУ и порачува дека со нетпрение очекува да ја продолжам соработка со Европската Унија за конечно заокружување на европската интеграција на целиот регион. „Денеска, како избрана претседателка, добив официјално соопштение од Европската Унија со кое ми се честита победата на изборите. Темелот на мојата на кампања беше градењето на консензус помеѓу сите политички …

Continue Reading