Во важечкиот Изборен законик стои Македонија во делот на свечената изјава – Каракамишева вели дека Силјановска го кажала она што било напишано
Во важечкиот Изборен законик, со прочистен текст во март оваа година, во делот на свечената изјава стои Македонија, а не Северна Македонија. Професорката по уставно право и политички систем, Тања Каракамишева, на социјалните мрежи го објави делот од Изборниот законик со коментар дека новата претседателка Гордана Силјановска-Давкова, го кажала името на државата во свечената изјава, онака како што стои во …
Continue Reading
Мојсоска: Какво лицемерие и понижување на македонскиот народ
-
Mark
-
May 12, 2024
-
Опозиција, Политика
-
0 Comments
Какво лицемерие и понижување на македонскиот народ. Немаше жалење кога се газеше референдумската волја, немаше жалење кога на најодвратен начин се вадеа пратеници од притвор, немаше ниту жалење кога министер противуставно потпишување договор во Нивици. ЕУ (во својата желба да остане послушното милениче на САД) постепено го доживува својот залез, додека разумните нации си бараат алтернатива во духот на новото …
Continue Reading
Наследникот на Ципрас во СИРИЗА: Зошто Мицотакис моли да се почитува преспанскиот, а претходно велеше дека е предавнички
Стефанос Каселакис – претседателот на грчката опозициска партија СИРИЗА, кој дојде на местото на Алексис Ципрас реагираше откако претседателката Гордана Силјановска-Давкова ја нарече земјата Македонија, за време на свечената заклетва. Каселакис по тој повод повика на почитување на договорот. „Ние, како партија која скапо го плати својот патриотизам, го повикуваме новото раководство на Северна Македонија да се вразуми и да …
Continue Reading
Пендаровски и’ посака успех на Силјановска-Давкова
Досегашниот претседател Стево Пендаровски ѝ честита на претседателката Гордана Силјановска Давкова за победата на претседателските избори и ѝ посака успех во извршување на функцијата. По официјалната церемонија на примопредавање на функцијата Претседател, двајцата остварија тет-а-тет средба. Пендаровски и Силјановска го поздравија спроведениот изборен процес посочувајќи дека изборите беа израз на волјата на македонската јавност и ја демонстрираа демократската зрелост на …
Continue Reading
Украдени документи и компјутери во Управата за матични книги во Прилеп, сторителот непознат
Вчера во полицијата било пријавено дека во период од 10 до 11 мај, непознат сторител упаднал во канцелариски простории сопственост на Министерство за правда- Управа за водење на матични книги, подрачна канцеларија Прилеп. „Сторителот украл документација, оштетил дел од документацијата и одзел монитори и куќишта од компјутери“, велат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Continue Reading
Грчкото МНР реагира на заклетвата на Силјановска: „Европскиот курс зависи од употребата на уставното име“
Грчкото Министерство за надворешни работи упати реакција по денешна заклетва во Собранието на новоизбраната претседателка на државата, Гордана Силјановска-Давкова. Од грчкото МНР велат дека и покрај тоа што во официјалниот текст на заклетвата што и’ беше диктирана, земјата се нарекува „Северна Македонија“, новата претседателка одлучи да ја нарече својата земја „Македонија“. Со овој чин, велат од Министерството, грубо се …
Continue Reading
Лога: Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Силјановска
Непочитувањето на уставното име на државата ја прави ништовна заклетвата на Гордана Силјановска-Давкова, реагира министерот за правда, Кренар Лога. „Или повторување на постапката или функцијата претседател на државата треба да ја преземе Јован Митревски (претседател на собрание), како В.Д.“, порача Лога. Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката …
Continue Reading
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
Гордана Силјановска-Давкова со највисоки државни и воени почести ја презеде функцијата претседател на државата од Стево Пендаровски во „Вила Водно“. Таа претходно беше во Собранието каде што даде свечена заклетва за совесно и одговорно извршување на должноста. Силјановска потоа се обрати пред пратениците, каде повика на единство, истакнувајќи дека ќе биде претстедателка на сите партии и сите граѓани, а говорот …
Continue Reading
(Видео) Заклетвата на Силјановска-Давкова во која не употрeби „Северна“
Гордана Силјановска-Давкова денес положи заклетва во Собранието за претседател на државата без да употреби Северна Македонија, по што грчката амбасадорка ја напушти пленарната сала во знак на протест. Во продолжение, видеото од заклетвата.
Continue Reading