СДСМ: Со стари лаги ДПМНЕ сака да го орцни Филипче за да ги покрие бројните скандали на Власта

ВМРО-ДПМНЕ нема да може со стари истрошени лаги да ги прикрива катастрофалните политики и скандалите кои секојдневно ја тресат Владата на Мицкоски. Тоа што од белиот дворец ја праќаат Митева да зборува за некоја фирма која никогаш не била активна и нема никакви трансакции, кажува колку е очајна оваа пропаганда на лаги од ВМРО-ДПМНЕ. Претседателот Венко Филипче има се пријавено …

Continue Reading

Дурмиши: Од денеска започнува доделувањето на ваучери-потврди за туризам од 18.000 денари за работници со ниски приходи

Согласно Програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи во 2024 година, од денеска започнува доделувањето на ваучерите-потврди за одмор за работници со ниски приходи, објави министерот за економија и труд Бесар Дурмиши. Министерството за економија и труд ја објави листата на лицата кои аплицирале и се добитници на ваучери согласно јавниот повик објавен на почетокот на …

Continue Reading

Потребна е мобилизација во ЈСП, а не кредит за набавка на автобуси што ќе стигнат в година, вели Мицкоски

Планот ‘гласајте да земеме кредит за да набавиме автобуси коишто ќе стигнат догодина’, нема да го реши проблемот со ЈСП, смета премиерот Христијан Мицкоски. Прашан од новинарите зошто тие како Влада не набават нови автобуси, со оглед на расправиите кои ги имаат со градоначалничката Данела Арсовска, Мицкоски одговори дека тој не се кара со никого, а проблемот се решава со …

Continue Reading

Трипуновски: Ќе го следиме откупот на пиперката до последниот килограм додека не се откупи согласно договорените цени

„Денеска заедно со претставници од Земјоделскиот инспекторат сум на терен во општина Могила и општина Кривогаштани, сакав лично да се уверам со текот и откупот на пиперката од реколта 2024 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Согласно она што го видов во овој дел на државата, кај дел од откупувачите има мало отстапување во делот на …

Continue Reading

СДСМ: Кадрите на ВМРО-ДПМНЕ ја доведоа во прашање работата на Детската Клиника Козле после 40 години

„Функционирањето на единствениот Оддел за бронхоскопија во државата, кој се наоѓа тука во Клиниката за респираторни заболувања кај децата „Козле“, е доведено во прашање после 40 години. Само поради непромислените и погубни одлуки на новата директорка, Каролина Симоновска, кадар на ВМРО ДПМНЕ“, велат од СДСМ. „Врвни специјализирани доктори за бронхоскопија, водејќи се од морална и етичка свест, си дадоа оставки …

Continue Reading

Перински: Објавен е јавен повик за проекти во вредност од 250 милиони евра, општините можат да аплицираат за инфраструктурни проекти

Задоволство ми е да најавам дека денес го објавуваме јавниот повик за финансирање на проекти од инфраструктурен карактер кој што е наменет за сите единици на локална самоуправа во висина од 6.000.000.000 денари, средства коишто се обезбедени согласно ребалансот на Буџетот. Општините можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, …

Continue Reading

Митева: Филипче да одговори, ја криел ли фирмата од Бугарија за да не се доведе во релација со Медикал420 од која исчезнуваа наркотици фатени во меѓународна акција

Ул. Гоце Делчев 12, Петрич е адресата околу која се вртат милионите на Заеви и Филипче. Ова е адресата која Венко Филипче сакал да ја сокрие од јавноста кога не ја пријавил својата фирма основана во Бугарија. Имено на адресата на која е регистрирана фирмата на Венко Филипче во Бугарија, е адресата на која претходно се регистрирани низа фирми на …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Рејтингот на Венко Филипче и СДС е под нула, не го спасуваат фотографии од пациенти, кои ги понижува јавно

Според ВМРО-ДПМНЕ, рејтингот на Венко Филипче и СДС е под нула, не го спасуваат фотографии од пациенти, кои ги понижува јавно. „Венко Филипче знае дека тоне во криминали, знае дека на јавноста не може да и објасни зошто ја сокрил фирмата во Бугарија и не ја пријавил во анкетниот лист, па смета дека со сликање по операциони сали народот ќе …

Continue Reading

Мачкање очи е намалувањето на цените на училишен прибор, да се намалат цените на храната, велат од СДСМ

Владата наместо да ја намали цената на храната, како што тоа го правеше СДСМ и вистински да ги поддржи граѓаните, тие со цел да замачкаат очи кај граѓаните ги намалија цените на гумите и моливите. Освен што мерката е задоцнета, таа не ги решава на ниеден начин проблемите на граѓаните со високите цени за храната и сите основни производи. Сега …

Continue Reading