ВЛЕН: Зошто Ахмети заедно со Апасиев го бојкотираше изборот на Африм Гаши за претседател на Собранието
„За новата влада на Република Северна Македонија преговараат и новата влада ќе ја сочинуваат победникот во македонскиот блок со победникот во албанскиот блок. ВЛЕН, како коалиција на обединетата албанска опозиција, на изборите од 8 Мај се потврди како носител на етничкиот легитимитет на гласачите Албанци“, велат од ВЛЕН. „Од самото формирање, ВЛЕН говори со факти, а не со политички флоскули. …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Ахмети да престане да се однесува како палаво дете кое плаче по играчката која не е негова
Нема ниту мајоризација, ниту шовинизам, ниту е важно што Ахмети имал чувство на навреденост, важно е што волјата на мнозинството е ДУИ да оди во опозиција и се соочи со одговорност, реагира ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Од партијата коментираат дека ако одењето на ДУИ во опозиција е кршење на Рамковниот договор, тогаш и Али Ахмети …
Continue Reading
Ахмети: Неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати, да стане дел од владата
Остра критика од лидерот на ДУИ, Али Ахмети кој во име на Европскиот фронт, ги обвини албанските политички субјекти кои се очекува да бидат дел од идната влада, дека го нарушиле легитимитетот на слободното гласање и на Охридскиот договор. Според Ахмети, за Европскиот фронт, неприфатливо е коалицијата која освоила помал број мандати да стане дел од владата. „Охридскиот договор не …
Continue Reading
Тошковски во посета на Секторот за меѓународна полициска соработка: во иднина да се продолжи со инвестирање во градење на квалитетен кадар
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го посети Секторот за меѓународна полициска соработка при Бирото за јавна безбедност каде непосредно се запозна со работата на оваа организациска единица, каде одржа работен состанок со раководството. „Во рамки на овој Сектор функционираат Одделението за потраги, Одделението за НЦБ – Интерпол Скопје и Одделението за Европол. Согласно надлежноста која ја имаат во …
Continue Reading
Стоилковски: Покрај исклучени сали, на Хирургија изгаснати и компјутерите за томографија, а економскиот директор патува на Азурен брег
Здравството е пред колапс, прекинот на операции на Хирургија предизвика хаос во другите болници, а министерот се уште нема поим зошто салите за операција на Хирургија не работат. Важно знае дека воздухот не бил компромитиран, ама смрдело, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски. Како што рече, хаосот со воздухот не е единствен проблем на Хирургија. Од вчера, додава тој, и …
Continue Reading
Пратениците треба да знаат дека се избрани за во Собрание да аргументираат, а не да се сликаат и да молчат: Богоев ги искара неговите сопартијци по вчерашниот молк
Критики на сметка на новите пратеници од Социјалдемократскиот сојуз од дел од нивните сопартијци. Молкот на вчерашната конститутивна собраниска седница предизвика реакции меѓу членовите на партијата. Стефан Богоев од СДСМ, оценува дека пратениците треба да дискутираат во Собрание, а не да молчат. „Пратениците треба да знаат дека се избрани од народот за во Собрание да аргументираат и дискутираат, а не …
Continue Reading
Ќе ја замени градоначалничката фотелја и ќе биде гласот на народот: Блерим Беџети ќе делува како пратеник
Градоначалникот на Општина Сарај и актуелен организациски секретар на ДУИ, Блерим Беџети, соопшти дека градоначалничката фотелја ќе ја замени за пратеничка. Преку неговиот Фејсбук статус вели дека отсега ќе делува како пратеник во Собранието на Република Македонија и дека ќе биде гласот на волјата на народот. „Од денеска започнува моето ново патување како пратеник во Собранието. Ветувам дека ќе бидам …
Continue Reading
Маричиќ – Бока: Европската интеграција на Северна Македонија мора да продолжи со превземање на одговорноста и обврските на патот кон ЕУ
Првиот заменик претседател за европски прашања Бојан Маричиќ денес оствари средба со Јанос Бока, министерот за европски прашања на Унгарија. На средбата се говореше за приоритетите на унгарското претседателство со цел зајакнување и поддршка на процесот на европските интеграции на Северна Македонија во периодот што следи. Унгарија како претседавач ќе биде фокусирана на проширувањето на Европската Унија со земјите кои …
Continue Reading
Сиљановска Давкова – Ангеловска-Бежоска: во фокусот тековната работа на Народната банка и зачувување на макроекономската стабилност
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ја прими Анита Ангеловска-Бежоска, гувернерка на Народната банка на Република Северна Македонија. На средбата, прва по нејзиното стапување на функцијата, Сиљановска Давкова беше информирана за тековната работа на Народната банка и остварувањето на предвидените цели, насочени кон постигнување и одржување на ценовната стабилност и кон одржување на стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем. На …
Continue Reading