СДСМ: Мито земаат дури и возачите во Владата
СДСМ денеска реагира по информацијата дека возачот на генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, бил приведен под сомнение дека барал пари за посредување при вработување, поставувајќи прашање каква била улогата на Јанушев во случајот. „Сите земаат мито, дури и возачите на Владата. Ова е ОКГ – организирана криминална група“, се наведува во соопштението на СДСМ. Од партијата тврдат дека доколку …
Continue Reading
(Видео) Каранфилова – Пановска: Нема откуп, лозарите мака мачат, со кој образ Мицкоски е на Тиквешкиот гроздобер во Кавадарци?
Лозарите во Тиквешијата се соочуваат со сериозни проблеми со откупот на грозјето и ниските откупни цени, а Владата на ВМРО-ОКГ и Мицкоски не презема ништо за да го заштити нивниот труд. Со кој образ Мицкоски денеска е на Тиквешки гроздобер, рече денеска од Кавадарци заменик-претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова – Пановска. „За жал, оваа година Тиквешкиот гроздобер се случува во …
Continue Reading
ДУИ: Албанците секаде исклучени, ВЛЕН молчи
„Од државните свечености, до спортот, културата и институциите – Албанците се исклучуваат секаде, додека ВЛЕН молчи. 35 години по независноста, оваа влада покажува дека државата може да биде независна, но стариот менталитет може брзо да се врати со вазалите на ВЛЕН на власт. На одбележувањето на 35-годишнината од независноста, албанскиот јазик беше игнориран во државните настани. Ниту еден збор. Ниту …
Continue Reading
(Видео) „Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг“, кажа Цветаноски
„Додека народот едвај врзува крај со крај, додека цените растат, а платите стагнираат, Мицкоски трупа нови долгови, нови милијарди на грбот на народот. Па уште и ги лаже граѓаните, го фингира долгот заедно со Кочовска. Откако претседателот на СДСМ, Венко Филипче објави дека Владата донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијарди евра, Мицкоски два дена молчеше“, кажа Симона Цветаноски …
Continue Reading
(Видео) Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време на СДС и ДУИ, денес Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја доведе економијата до раст од 4,3%
„Македонската економија расте забрзано. Најновите податоци покажуваат дека во вториот квартал од 2026 година реалниот економски раст достигна 4,3 проценти. Ова е важна бројка, но уште поважно е што таа не доаѓа сама и не е резултат на само еден добар квартал. Кога ја презедовме одговорноста за водење на државата во јуни 2024 година, зад нас остануваше период во кој …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: На прес на Влада почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа
„Почнаа со работа медиумите од српската медиумска мрежа во Македонија. Како што најавивме, на сомнителен начин. На прес конференција во Владата пред два дена присуствувала и екипа на Euronews Македонија. Како присуствуваат кога се уште немаат дозвола за работа? Очигледно Владата на Мицкоски, веќе ја третира Euronews Македонија како телевизија и ѝ овозможува пристап на официјални владини настани“, вели Богданка …
Continue Reading
„Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие“, прашува СДСМ
„Осум недели поминаа од труењето со водата во Гостивар, кога околу 5.000 граѓани побараа медицинска помош. Осум недели нема извештај за водата. Нема одговори. Нема одговорност. Осум недели институциите молчат“, велат од СДСМ. „Зошто не се објавува извештајот за водата? Што се крие од граѓаните? Случајот во Гостивар не беше единствен. Во околу 50 населени места низ државата беа регистрирани …
Continue Reading
„Клековски и Мицкоски не менаџираат со кризата – се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска: 56 случаи, 7 починати“, велат од СДСМ
„Во Македонија до 1 септември годинава се регистрирани вкупно 56 случаи на западнонилска треска, има и 7 починати. Македонија е на првото место во Европа по бројот на заболени во однос на бројот на жители, пред земји како Италија, Грција, Романија. Повторно, исто како и здравствената криза со труењето во Гостивар, здравствените институции на Мицкоски закаснија со реакцијата“, велат од …
Continue Reading
СДСМ: Марта Кос ја откажа посетата на Србија поради величењето на Младиќ – истата политика на Мицкоски и Стоилковиќ
„Европската комесарка за проширување Марта Кос денеска ја откажа планираната посета на Србија поради величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ. Пораката од Европската Унија и од Кос е повеќе од јасна“, велат од СДСМ. „Величењето што ја придружува неговата смрт е неспоиво со вредностите врз кои се гради патот кон ЕУ. Тој пат бара соочување со минатото, вистинско помирување …
Continue Reading