„Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат“: Апасиев со струшки дијалект му честиташе на новиот спикер

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на струшки дијалект му го честиташе изборот на новиот спикер Јован Митрески. „Друже, Јовче. Златна рипка да фатеше во езероно, немаше да ти текнит дека некоаш во животот че беше спикер на парламентот. Уживај другар наредни сто дена и прај се ко фараон бетер од Таљат“, му порача Апасиев кој прочита писмо од сограѓаните на …

Continue Reading

Трипуновски: Во моментов немаме категорија на земјоделци што не се разочарани, потценети, ограбени и омаловажени

Во моментов немаме категорија на земјоделци коишто не се разочарани, потценети, ограбени и омаловажени, независно дали се работи за тутунарите, за лозарите, за градинарите, за сточарите. Буквално нема категорија на земјоделци коишто изминативе шест ипол години не ја почувствува лошата политика на власта во делот на земјоделството, истакна Цветан Трипуновски, предложен кандидат за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и …

Continue Reading

Тошковски: МВР ќе биде сервис на граѓаните, ќе нема привилегии

Ова министерство е едно од клучните министерства кои што ќе треба да овозможи фер и демократски избори во наредниот период, рече Панче Тошковски, кандидат за технички министер за внатрешни работи на денешната дебата „Важно е! Платформа за иднина“ на тема Важно е да имаме фер избори што се одржа денеска во хотелот Александар Палас во Скопје. „Јас како министер ќе …

Continue Reading

Мицкоски: Нудиме професионалци кои имаат обврска да обезбедат кредибилен изборен процес

Овој настан беше потребен за да зборуваме отворено за некои работи и предизвици кои што не чекаат во периодот кој што следи. Би сакал она што сакам да го кажам да го започнам со една работа која ја читав во текот на вчерашниот ден и утрово, а тоа е онаа ново формирана коалиција, барем во јавните гласила и на јавна …

Continue Reading

Двете години мандат на Ковачевски се изгубени за граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Двете години мандат на Димитар Ковачевски се целосно изгубени години за Македонија и за граѓаните. Неговото заминување од позицијата кај што беше октроиран, е почетокот на крајот на владеењето на СДС и нивниот газда ДУИ, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Овие две години беа години на порази и неуспеси. Два километри автопат не успеаа да завршат кон Блаце, а автопатот од Кичево …

Continue Reading

Милошоски: Времето на ликови како Артан Груби, Талат Џафери и Рамиз Мерко поминува, тоа го гледаат и поединци од пратеничката група на ДУИ

„Прво сметам дека ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во позиција да го одбира коалициониот партнер, а не коалициониот партнер да не одбира нас“, истакна Антонијо Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „Тема на денот“ на Сител телевизија. „Според анкетите и сондажите кои што ги имаме на терен ВМРО-ДПМНЕ ќе има од прилика два пати повеќе пратеници во споредба со …

Continue Reading

Николоски: Реизборот за потпретседател на ЕПП во Советот на Европа е потврда за поддршката која ја има ВМРО-ДПМНЕ

„Европската Народна Партија е најголема политичка партија во Европа, има најмногу пратеници во ЕП, и најмногу пратеници во Парламентарното собрание на Советот на Европа каде што сум и јас. Има и најмногу премиери и претседатели во држави кои што се земји членки на ЕУ, и ја има и претседателката на ЕУ, Урсула Фон Дер Лајен“, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар …

Continue Reading

Левица: Железничарите на протест – Демири го доведе во колапс железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај повторно е во колапс, откако работниците излегоа на протест поради тоа што се принудени да работат во нехумани услови без грееење. Дополнително, на работниците повторно им доцни платата за декември, додека од менаџментот нема никаква одговорност за ваквата катастрофална состојба во „Македонски железници Транспорт”, велат од Левица. „Поради неодговорното менаџирање со претпријатието, синдикалната подружница на работилницата на влеча …

Continue Reading

ВМРО-ДПМНЕ: Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала казна од 4 години, а шестообвинетиот најголема од 14 години

После пет години низ правосудните лавиринти на системот контролиран од СДС и ДУИ денес случајот „Дурмо Турс“ има разрешница, која наместо да дoнесе правда за оваа трагедија, отвора нови прашања, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа партија, само во судство на СДС и ДУИ, првообвинетиот, газдата на „Дурмо Турс“, добива најмала казна од обвинетите (4 години), а возачот, шестообвинет, најголема (14 …

Continue Reading