­

Апасиев: Се подготвува кривичната за Мицкоски

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, на својот Фејсбук профил објави дека се спрема кривичната пријава за попречување на правдата која му ја најави на премиерот на последната седница за пратенички прашања.   „Правниот тим на Левица ја подготвува кривичната пријава против премиерот Мицкоски, за сторено кривично дело против правосудството – попречување на правдата, казниво по чл. 369-а, ст. 5 од …

Continue Reading

Исмаил од Левица: Мицкоски и Тошковски избегнаа да одговорат на суштински прашања за трагедијата во Кочани

Пратеникот од Левица, Реџеп Исмаил, обвини дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, избегнале да одговорат на прашањата на пратениците во врска со трагедијата во Кочани. Во статус објавен на неговиот Фејсбук профил, Исмаил наведува дека на последната седница за пратенички прашања во Собранието, двајцата функционери оставиле низа отворени дилеми во врска со институционалното постапување: „На …

Continue Reading

Утре ќе се одржат внатрепартиските избори за Претседател на СДСМ

Утре ќе се одржат директните внатрепартиски избори за Претседател на СДСМ кои беа одложени поради трагедијата во Кочани. „Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија којашто Претседателот го избира на непосредни, внатрепартиски избори. Изборите ќе се спроведат во општинските организации на СДСМ ширум републиката, на 78 избирачки места, кои на денот на гласањето ќе бидат отворени од 08 до 20 …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Со Тошковски на чело, МВР е во хаос – бодигарди аздисуваат на улиците како на див запад

Со Панче Тошковски на чело на МВР хаос се случува по македонските улици, безбедноста е загрозена, нема никаков ред и поредок, кажа денеска на прес-конференција Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „МВР се сведе на тоа да не може ниту еден џип неправилно паркиран да санкционира. Скандалот во Дебар Маало по којзнае кој пат го потврди нефункционирањето на МВР ама го …

Continue Reading

СДСМ: Гиновска ги штити загадувачите на Крива Река, наместо граѓаните

Скандалозно е што директорката на Државниот инспекторат за животна средина денес на прес-конференција застана во заштита на предизвикувачите на еколошка катастрофа, наместо да застане во одбрана на животот и здравјето на граѓаните што е нејзина должност соогласно Устав и Закон, велат од СДСМ. „Ивана Гиновска денеска покажа застрашувачка неинформираност и непознавање од областа на заштитата на животната средина, но и …

Continue Reading

Филипче: Велеа дека лидерска е губење време, па обвинуваат за моноетничност, ги повикувам повторно

Јас повикав на средба со сите претседатели на политичките партии, и да ве потсетам, претседател на една албанска партија рече дека тоа би било губење на време (се мисли на Таравари), а сега нè обвинуваат за некаква моноетничка средба. Ова го истакна претседателот на СДСМ, Венко Филипче во одговор на новинарско прашање поврзано со обвинувањата од албанскиот блок на политички …

Continue Reading

Левицата со демант до ВМРО-ДПМНЕ: Цената на квадратот е дефинирана со деловни преговори

Левица ги демантира, како што велат, паушалните обвинувања на премиерот Мицкоски и неговата криминогена партија, кои во обид да го амортизираат нивното катастрофално работење, шират невистини и спинови за единствената легитимна опозиција Левица. Ваквата реакција доаѓа откако Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, го обвини Димитар Апасиев дека купил деловен простор во Центар за 721 евра м2. „Покрај обидот на Мицкоски …

Continue Reading

Левица: Воведените царини се доказ дека Македонија никогаш не била стратешки партнер на САД

Санкциите што САД ги воведоа на Македонија, со зголемување царини на увоз на роба за 33% – со стапки повисоки од оние наметнати на земји кои со години се под американски санкции се очигледен доказ дека Република Македонија за САД всушност никогаш не била стратешки партнер, туку само стратешка алатка во служба на нивните империјалистички интереси, сметаат од партијата Левица. …

Continue Reading

Кузеска: Трагедијата во Кочани покажа длабоки пропусти на МВР, мора да има одговорност

Најтешката трагедија во поновата историја на нашата држава – трагедијата во Кочани – однесе уште една жртва. Болката се уште е огромна, а прашањата за одговороност за институционалните пропусти– сè погласни. Трагедија со вака тешки последици, со толку голем број на жртви повикува на неселктивна истрага и одговорност од сите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа рече дека и …

Continue Reading