Битиќи: Граѓаните тонат во сиромаштија, пратениците да го прифатат предлогот на СДСМ за ДДВ на струја и храна

Пратениците на СДСМ го поднесоа предлог-законот за намалување на ДДВ-то за струја и основните прехранбени продукти и бараат поддршка тој да се прифати, со што ќе се намали ДДВ-то за електричната енергија од 18 на 5 отсто, како и за основните прехранбени производи, од 5 на нула проценти. Со ова ќе им се помогне на граѓаните, а секое одложување и …

Continue Reading

Костовски: Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и без почитување на процедурата

„Денеска пред јавноста ги објавуваме доказите кои потврдуваат дека вицепремиерот Изет Меџити незаконски ги заобиколувал институционалните процедури, со цел лично да одлучува кои документи и предмети ќе бидат одобрени или стопирани. Документите кои до нас ги доставија свиркачи, а кои ги презентираме денес, покажуваат дека Меџити ги пречекорувал своите законски овластувања, лично потпишувајќи ги сите предмети, без законска основа и …

Continue Reading

Цената на патарините да се намали за 50 отсто, предлага партијата Левица

Пратеникот од партијата Левица, Амар Мециновиќ на прес-конференција соопшти дека пратеничката група поднела предлог за измена и дополнување на Законот за јавните патишта со цел намалување на патарините за 50 отсто и сведување на оваа тема на законска материја: „Со години македонските граѓани плаќаат високи цени за патарини, додека патиштата остануваат во катастрофална состојба. Дупки, свлечишта, незавршени делници и криминални …

Continue Reading

СДСМ: Поддршка за украинскиот народ, нивната борба е наша заедничка борба за свет во кој владеат мирот, демократијата и човековите права

Денеска на точно три години од почетокот на неиспровоцираната руска агресија врз Украина, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија изразува искрена поддршка и солидарност кон украинскиот народ во неговата херојска борба за слобода, демократија и суверенитет, велат од СДСМ. „Храброста, достоинството и отпорот на украинските граѓани се пример за целиот свет дека слободата и демократските вредности секогаш ќе надвладеат над агресијата и …

Continue Reading

„Корупцијата во Министерството за животна средина се продлабочува, каква е улогата на шефот на кабинетот на Меџити“, прашува ДУИ

„ДУИ повторно го осудува тешкиот корупциски скандал во Министерството за животна средина, каде што по контролата на Државниот управен инспекторат е потврдено злоупотребата на службената должност од страна на министерот Изет Меџити и неговиот кабинет“, велат од ДУИ. „Но, прашањето што останува без одговор е: Каква е улогата на шефот на кабинетот на Меџити во овој скандал? Доверливи извори од …

Continue Reading

„Мицкоски ги потврди списоците за вработување на Меџити, ДКСК итно да реагира“, бара СДСМ

„Изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека секој можел да прави списоци за вработување е јасна потврда дека списоци за робусно вдомување на 3.000 партиски војници постојат“, велат од СДСМ. „Се потврдуваат намерите со скандалозната најава на Меџити за историски најголема партизацијата на јавната администрација. Очигледно има веќе подготвени списоци со имиња на „подобните“ партиски кадри, кои треба да се вдомат …

Continue Reading

(Видео) „На повидок е корупциски скандал во Владата, дали Меџити барал мито“, прашува Илиевски

„На повидок е голем, робусен корупциски скандал во Владата! Бараме премиерот Христијан Мицкоски да излезе и да одговори: дали е точно дека Државниот управен инспекторат констатирал „злоупотреба на службената должност“од страна на министерот и вицепремиер Изет Меџити и неговиот кабинет“, прашува Методија Илиевски, потпретседател на СДСМ. „Не е прашањето дали Меџити бил лишен од своите надлежности, прашањето е дали во …

Continue Reading

„Воведувањето кривична одговорност за судиите е неопходна, тие не смеат да бидат недопирливи“, Левица бара власта да го поддржи нивниот предлог

„Покрај Предлог-законот за заштита на потрошувачите со кој Левица предлага да се укинат двојазичните декларации на производите, на утрешната собраниска седница ќе се најде и уште еден предлог на пратеничката група на Левица – дополна на Кривичниот законик со цел воведување кривична одговорност за судиите“, велат од Левица. Од таму ги повикуваат сите пратеници, особено владејачкото мнозинство, на утрешната седница …

Continue Reading

(Видео) Очајните спинови на ДПМНЕ за Ордановски, нема да го покријат скандалот со вработувањата на Меџити, вели Кузеска

„ВМРО-ДПМНЕ е во очај од скандалот кој ја тресе владата и 3.000 партиски вработувања кои ги планира Изет Меџити, а за кои Мицкоски молчи“, вели Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Очајни се обидите ставовите на новинари да се прикажат како ставови на СДСМ, а комедија е обидот да се прикаже СДСМ како антизападна партија, кога ние со сите дела во …

Continue Reading