Битиќи до Кочоска: Имам сопруга и родител сум на две деца, дали сум достоен да ви поставам пратеничко прашање

Денес во Собранието се случи срамен чин на непочитување и дискриминација изговорени од страна на министерката за финансии. Настан којшто не е само личен напад до пратеничката Петровска, туку напад и до достоинството на сите жени, мајки, работнички, борци за правда и еднаквост во ова општество, реагираше пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на собраниската седница посветена на пратенички прашања. „Министерката …

Continue Reading

Левица со осуда за навредите на Кочовска кон Петровска: Подли, мизогини и недостојни изблици на вмровските политичари

Политичката партија Левица го осудува говорот на министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска која на пратеничката Славјанка Петровска ѝ кажа дека нема право да зборува за семејство бидејќи нема деца. „Јас политички не се согласувам со пратеничката Славјанка Петровска, ама секаква лична дискредитација во обид да се избегне одговорност и тоа како е за осуда. За жал, министерката Кочоска (во …

Continue Reading

Филипче: Ме згрози навредата на Кочовска кон Петровска

Шокиран сум од денешната навреда што министерката за финансии, Кочовска, ја упати кон пратеничката Славјанка Петровска. Нејзината дрска и понижувачка изјава – дека Петровска не може да знае колку троши едно четиричлено семејство затоа што нема деца ме згрози, вели во објава на својот Фејсбук профил, претседателот на СДСМ, Венко Филипче. „Наместо аргументи и дебата во Собранието, сведочиме на лични …

Continue Reading

Апасиев до директорот на ААВМУ: Дали приметувате дека медиумите ја дискриминираат Левица и нема никаков плурализам?

Лидерот на Левица, пратеникот Димитар Апасиев, на денешните пратенички прашања постави прашање и до директорот на ААВМУ, Зоран Трајчевски, во однос на дискриминацијата и дискредитацијата на Левица во медиумскиот простор и не преземањето на никаков чекор за обезбедување на плурализмот: „ААВМУ е регулаторно тело кое стручно врши надзор над примената на Законот за медиуми и Законот за аудио-визуелни медиумски услуги. …

Continue Reading

Лукаревска до Љутков: Зошто не се почитува законот, се срамите ли што досега ништо не направивте за македонскиот јазик

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашање до министерот за култура, Зоран Љутков, кои се однесуваа на македонскиот јазик. Односно, кога ќе почнат да ги исполнуваат обврските од Законот за македонски јазик, бидејќи не е исполнета ниту една обврска и дали не се срамат затоа што досега ништо немаат направено за …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Власта лиферува имиња во јавноста за етикетирање и предвремена јавна осуда

Секогаш кога власта ќе направи некаква глупост или нејзините погрешни политики ќе доживеат дебакл, како што деновиве се случи на меѓународен план со Резолуциите во ОН и со падот на економијата, гледаме како се поднесуваат кривични пријави и се лиферуваат имиња во јавноста за предвремена јавна осуда и политичко етикетирање, вели портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Како што истакна, правење …

Continue Reading

(Видео) Петровска до Мицкоски: Неодлучноста со Резолуцијата во ООН ја маргинализира земјата на меѓународен план

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати прашање до премиерот Христијан Мицковски, кое се однесуваше на негласањето, односно недавањето поддршка на резолуцијата за мир во Украина, поддржана од ЕУ во Обединетите Нации. „Премиере, ако на новинарско прашање да го објасните негласањето или недавањето на поддршка на резолуцијата за мир во Украина, поддржана од …

Continue Reading

„Македонците плаќаат најскапи патарини за најлоши патишта, власта да го прифати нашиот предлог“, бара Левица

„Додека животниот стандард на граѓаните е на дното во Европа и регионот, висината на патарините се уште еден грабеж врз грбот на граѓаните“, велат од партијата Левица. „Компаративните анализи покажуваат дека во Бугарија се вози цел месец за 16,55 евра на автопат; во Словенија една недела чини 16 евра; во Унгарија околу 17 евра за десет дена. Во Македонија, на …

Continue Reading

„Прво Филипче направи целосна утка на прес конференција, а потоа за да се извлече СДС пушти соопштение со снимка стара две години“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„СДС без компас, прво Филипче вчера направи целосна утка на прес конференција а потоа за да се извлече СДС пушти соопштение со снимка стара две години која всушност беше критика на патлиџан дипломатијата на СДС. СДС тотално се изгуби на политичката мапа па почнаа да прават последователни грешки“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Додека беа власт СДС водеше погрешни политики но и …

Continue Reading