(Видео) Петровска: Тошковски ја контаминираше истрагата за Кочани

„Трагедијата во Кочани точно е дека е резултат на системски пропусти, ама системот, колеги, има име и презиме или имиња и презимиња и тоа токму на денот на трагедијата. На денот на трагедијата вие министер лично и дел од раководството на Министерството за внатрешни работи покажавте дека не се водите по правото и по законите, туку по основ на брат, …

Continue Reading

„Само поранешниот министер Бектеши сè уште се држи изолиран – за да се заштитат вистинските виновници“, реагира ДУИ

„Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека другите инволвирани во истиот случај – вклучително и градоначалниците на Кочани – се наоѓаат на слобода, претставува јасен пример за селективна правда“, реагира ДУИ. „Ова не е само двоен правен стандард – туку отворена политичка, етничка и партиска дискриминација, што претставува навреда за секој граѓанин на Република Северна Македонија. Дополнително, иако …

Continue Reading

Филипче немаше одгвор на прашањето од родителите на загинатите што се случило со решенијата за забрана за работа на „Пулс“

Лидерот на СДСМ, кој заедно со пратениците од оваа партија излезе да се сретне со родителите на загинатите деца во „Пулс“ немаше одговор што се случило со двете решенија за забрана за работа на дискотеката додека таа партија беше на власт. „Кога бевте на власт, имаше две решенија за забрана на работа на шталата, како што некои од вашите колеги …

Continue Reading

Крмов побара родителите на настраданите од Кочани да присуствуваат на седницата, Гаши не дозволи

Пратеникот на политичката партија Левица, Борислав Крмов, на денешната седница за интерпелација на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, побара да бидат пуштени во законодавниот дом родителите на загинатите деца од дискотеката во Кочани кои протестираа пред Собранието. „По член 253 граѓаните на Република Македонија можат да ги следат седниците на Собранието и на работните тела од галериите во согласност …

Continue Reading

(Видео) Јанчев: Дискотеката без мака работела 13 години, Тошковски да сакал ќе ја затворел

Работата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој на оваа функција е повеќе од една година денес е на разгледување пред пратениците на македонското собрание. Интерпелацијата која ја поднесе пратеничката група на Левица, пред народните избраници ја образложи пратеникот Сашко Јанчев кој истакна дека за „некадарноста на министерот Тошковски од аспект на неговите карактерни особини, доволно говори фактот што …

Continue Reading

Талески: Интерепелацијата за Тошковски не е политика, туку прашање дали ќе опстои државата

Господине Тошковски, вие сте 15 месеци веќе министер во МВР, и во овие месеци министерството го претворивте во комплетно нефункционално министерство, министерство со најголем број скандали, каде што преовладуваат селективноста, неказнивоста и целосно е нарушена безбедноста на граѓаните, му се обрати пратеникот од СДСМ, Миле Талески на министерот Тошковски. Според него, гласот „за“ интерпелацијат на министерот Панче Тошковски не е прашање …

Continue Reading

СДСМ: Обвинителството да го истражи скандалот со Стефковски и да утврди одговорност за сите

Скандалот со братот на градоначалникот Бобан Стефковски кој дивееше по скопските улици, а потоа беше ослободен од страна на МВР го потврди она што сите многу добро го знаат: за функционерите на ДПМНЕ и нивните роднини не важат законите, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Министерот Панче Тошковски беше принуден јавно да го признае скандалот но само откако СДСМ го …

Continue Reading

Апасиев: Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на Тошковски

Собранието да ги отвори вратите за мајките да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, предлага пратеникот Димитар Апасиев од Левица. ,,Зошто денес да не ги пуштиме мајките на загинатите деца од Кочани кои протестираат во Скопје, во живо да ја следат интерпелацијата на министерот за внатрешни работи, Тошковски, (кој го посочуваат за селективна истрага)?. Согласно Деловникот …

Continue Reading

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да одлучува за политичкото претставување на Албанците

Изјавата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ дека соработката на една албанска партија со ДУИ е политичко самоубиство не е ништо друго освен доказ за нивната опасна амбиција за инженеринг на албанската политичка сцена, со цел создавање на марионетска албанска структура под целосна контрола, и истовремено доказ за нивната омраза и одмазда кон ДУИ и Албанците – мотивирана од длабоки геополитички, антиевропски и …

Continue Reading