СДСМ почна постапка за утврдување кандидати за локалните избори
Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на која се дискутираше за повеќе теми поврзани со актуелната политичко-економска ситуација во земјата, беа донесени неколку заклучоци но и одлуки за подготовките на партијата за претстојните локални избори. Од денес, 30.04.2025 година, започнува постапката за утврдување на кандидатите на СДСМ за советници и градоначалници на претстојните локални избори. „Преку отворена, …
Continue Reading
(Видео) Битиќи: Македонија на дното во регионот по економски раст и според Светска банка
Светската банка ја ревидираше својата проекција за растот на македонската економија за 2025 година од 3,0% на 2,6%. Надолната ревизија продолжува и за 2026 година, со очекуван раст на БДП од 2,7%, наместо претходно проектираните 3,2%. Станува збор за сигнал кој произлегува од реалните економски текови, не од желби и политички маркетинг. Светската банка не се занимава со реторика, туку …
Continue Reading
Левица: Уште еден закон одбиен – власта не гласаше за предлогот за денови на жалост
На вчерашната собраниска седница, владејачкото мнозинство повторно не ја надмина својата партиска суета и не гласаше за предлог-законот на Левица за денови на жалост, соопштија од партијата. „Бидејќи во Македонија никако не е регулиран медиумскиот простор при денови на жалост, пратеничката група на Левица поднесе законско решение за регулирана медиумска програма без забавни и политички содржини за време на деновите …
Continue Reading
(Видео) Мециновиќ: Македонија е држава во која животот се купува и продава
Пратеникот од партијата Левица, Амар Мециновиќ, се обрати на вчерашната седница за Интерпелација на министерот за внатрешни работи – Панче Тошковски. „Отворено Ве прашувам на која скала ја ставате вредноста на животот во однос на другите вредносни начела? Каде е вредноста на животот во Вашиот морален компас? Мене ми се чини министре, дека Вие моралот не го користите како аргумент, …
Continue Reading
СДСМ: Мерките на Владата за намалување на цените беа неуспешни, граѓаните плаќаат највисоки цени во регионот
„Економската криза сè повеќе го погодува џебот на граѓаните, а Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не само што не успеа да ја стабилизира ситуацијата, туку ја влоши со низа неефикасни и задоцнети мерки. Наместо системско решение за спречување на ценовните шокови, добивме маркетиншки трикови и привремени потези кои немаат реален ефект“, велат од СДСМ. „Најдобар пример за тоа е таканаречената „новогодишна …
Continue Reading
„Продолжувањето на притворот за Бектеши додека вистинските одговорни сè уште се на слобода претставува чист израз на селективна правда и политичка одмазда“, велат од ДУИ
„Продолжувањето на притворот за поранешниот министер Крешник Бектеши, додека вистинските одговорни – оние што биле задолжени за безбедноста на децата– сè уште се на слобода, претставува чист израз на селективна правда и политичка одмазда“, реагира ДУИ. „Ова не е само двоен правен стандард – туку отворена политичка и партиска дискриминација, која претставува флагрантно кршење на основните принципи на правната држава. …
Continue Reading
Ахмети: Албанците се соочуваат со опасна офанзива насочена кон демонтажа на клучните столбови на Охридскиот рамковен договор
Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денес беше пречекан во Приштина од страна на претседателката на Република Косово, Вјоса Османи. Средбата се одржа во топла атмосфера и се фокусираше на политичката ситуација во двете земји, регионалните предизвици, меѓусебната соработка и загрижувачките случувања во Северна Македонија, извести ДУИ. Ахмети ѝ се заблагодари на претседателката Османи за топлиот прием и …
Continue Reading
(Видео) Мојсоска: Ниту една оставка од морални причини додека во Србија цела влада се распушти
„Ние денес тука говориме за морална одговорност за најголемата трагедија која ја зацрни Македонија. Не знам дали им е јасно на колегите од ВМРО – ДПМНЕ но, морална одговорност е дури и кога немате лична вина да си поднесете оставка затоа што трагедијата се случила за време на вашиот мандат, па макар и да сте биле само еден месец на …
Continue Reading
(Видео) „Ново нормално со Тошковски – во двор на полициска станица испукани 60 куршуми“, рече Петровска
„За овој период од 15 месеци бројот на убиства, особено во главниот град, во централното градско подрачје, станува се почесто. Последното убиство е фрапантно. Во дворот на најголемата полициска станица во Скопје на Битпазар беа испукани повеќе од 60 куршуми. Ова е новото нормално со Тошковски“, истакна пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска при обраќање на собраниската седница, посветена на интерпелацијата …
Continue Reading