(Видео) Кузеска: Само СДСМ гласаше за минимална плата од 600 евра
Во Собранието се гласаше за минимална плата од 600 евра на предлог на СДСМ. Пратениците на руската партија Левица не беа во салата. Не дадоа ниту еден глас. Токму на Светскиот ден на пристојна работа, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа кажа дека „за“ не гласале ниту ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, а во салата ги немало ни пратениците на …
Continue Reading
СДСМ: Не работат скенери, томографи, фалат лекови – со Клековски и Мицкоски здравството е во хаос
Во 21 век кога светот оди напред со иновации и технологии во здравство, кај нас не работат основни медицински апарати неопходни за итни случаи. Три недели не работи ниту еден компјутерски томограф во Клиничкиот центар, велат од СДСМ преку соопштение. „Три недели пациенти чекаат, за преглед, ама болеста не чека. Во изминатите две години Пет скенот не работи, иако е …
Continue Reading
СДСМ: Ребалансот на Буџетот е затоа што нема пари за плати и пензии до крајот на годината
Владата подготвува нов ребаланс на Буџетот поради недостиг од средства за исплата на плати, пензии и покривање на тековните трошоци до крајот на годината, велат од СДСМ. Членката на Извршниот одбор на партијата, Симона Цветаноски, на денешната прес-конференција изјави дека состојбата со државната каса е катастрофална и дека буџетскиот дефицит ќе надмине 900 милиони евра. „Целиот планиран дефицит е веќе …
Continue Reading
Исмаил: СДС не предлага 600 евра минимална плата, туку субвенционирање на газдите со народни пари
Пратеникот и потпретседателот на Левица, Реџеп Исмаил – Хактан, реагира на обидите на СДС да ја претстават Левица како против зголемувањето на минималната плата од 600 евра, и посочува дека суштината на предлогот е целосно поинаква од она што СДС се обидува да го прикаже во јавноста. „Како пратеник од Левица, јас бев во сала, но свесно не гласав. Не …
Continue Reading
(Видео) Штерјова: Левица не гласаше за минимална плата од 600 евра, не влегоа ниту во собраниската сала
Левица не гласаше за минимална плата од 600 евра. Не влегоа ниту во собраниската сала. Токму на Светскиот ден на пристојна работа, истакна на прес-конференција Кети Штерјова советничка на Град Скопје. „Лажна лева партија која работи под десна наредба, спутник на арамијата. Партија на далечинско која одработува само за потребите на Мицкоски. Анти-ЕУ, анти-НАТО, анти-Америка. На крајот испадна и анти-плата, …
Continue Reading
(Видео) Јанчев: ДПМНЕ ја остава отворена вратата за бизнис со опожарени шуми – вторпат не го поддржа предлогот на Левица за 50-годишна забрана за сеча и градење
Пратеникот на Левица, Сашко Јанчев, во Собранието го образложи предлогот за дополнување на Законот за шумите, со кој се предлага да се забрани сеча на дрвја, урбанизација, изградба на објекти и поставување фотоволтаични централи на земјиште зафатено со шумски пожар во период од 50 години по гасењето на пожарот. Предлогот има за цел да се отстрани економскиот интерес од намерното …
Continue Reading
Нов ребаланс затоа што нема пари за плати и пензии, следуваат нови долгови за граѓаните, предупредува СДСМ
Нов ребаланс на Буџетот само по два месеци од последниот. Тоа ја потврдува катастрофалната состојба на државната каса и дебаклот на економските политики на Мицкоски. Се случува тоа што го најавивме, предупредуваат од СДСМ. „Буџетската дупка е огромна, 900 милиони евра. Владата нема доволно пари за плати, пензии и тековни обврски. Следуваат нови долгови врз грбот на народот. Веќе Владата …
Continue Reading
Иднината на земјата не смее да биде заложник на политички инаети: Алијанса за Албанците ја поздравува средбата со бугарската страна
Алијансата за Албанците ја поздравува најавената средба меѓу министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Бугарија и дава целосна поддршка на секој процес што може да доведе до надминување на блокадата и продолжување на европската интеграција, истакнуваат од оваа партија. Иднината на земјата, потенцираат од партијата, не смее да биде заложник на политички инаети, огорчености или партиски битки. „Државниот …
Continue Reading
СДСМ: Пратениците на Левица не беа во салата кога се гласаше за минималец од 600 евра
СДСМ денеска ја обвини Левица дека не го поддржала предлогот за зголемување на минималната плата на 600 евра, кој беше на дневен ред на собраниската седница. Предлог-измените предвидуваат минималната плата да изнесува 36.960 денари нето. „Кога денеска требаше да се гласа во македонското Собрание за зголемување на минималната плата на 600 евра, пратениците на Левица не беа во салата“, соопшти …
Continue Reading