11 декември – Ден што може да промени сè, одговорноста за последиците не е наша, вели ДУИ
„Уставниот суд на Северна Македонија одлучи на 11 декември да ја разгледува уставноста на Законот за употреба на јазиците – еден од клучните столбови на Охридскиот рамковен договор и меѓуетничката хармонија. Секој обид за укинување на било која одредба од овој закон не е само правен чин, туку претставува директен удар врз стабилноста и мирот кои оваа земја ги изгради …
Continue Reading
Димитријевиќ: Отворена врата за секој член, СДСМ ќе биде постојано активна на терен
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Саша Димитријевиќ денеска беше на средби со членовите на партијата од Росоман и Кавадарци. -Овде сме да ве слушнеме вас, да го слушнеме секој член. Ве охрабрувам да бидете гласни. Вашите идеи, предлози, критики, вашиот глас е нашата сила. Мора да го вратиме значењето на гласот на секој наш член. Сакам секој член на партијата …
Continue Reading
Чупеска: Ги снема најавените реформи во судството, ВМРО-ДПМНЕ одбра партизација и притисок
Ова ВМРО-ДПМНЕ што го прави е далку поопасно за независноста од судството од било која политика на преходните влади. Наместо да го реформираат судството, тие се обидуваат да го партизираат. СДСМ и граѓаните не смее да дозволи правдата да биде алатка за злоупотреби на партиите на власт, рече потпретседателката на СДСМ, Ана Чупеска на денешната средба со партиските членови во …
Continue Reading
СДСМ: Наместо неефикасни мерки со кошнички, ВМРО-ДПМНЕ да ги прифати докажаните мерки на СДСМ за цените
Вистинската мерка која ќе донесе реална корист за граѓаните и реално ќе ги намали цените на производите е укинувањето на ДДВ на храната, велат од СДСМ преку соопштение, укажувајќи на нивниот предлог. „Со укинување на ДДВ на храната реално и вистински ќе се намалат цените на повеќе од 250 категории на производи, а домаќинствата ќе можат да заштедат и до …
Continue Reading
ДУИ: Меџити кој е симбол за корупција две децении ги држеше највисоките позиции во нашата партија
Изет Меџити, личност која две децении ги држеше највисоките позиции во Демократската унија за интеграција, денес, без срам, зборува за разбивањето на митот за ДУИ, велат од Демократската Унија за Интеграција. „Две децении, Меџити ги искористуваше позициите што му ги даде ДУИ – како потпретседател на партијата, претседател на огранокот на Чаир и три мандати како градоначалник – за остварување …
Continue Reading
ВЛЕН: И СДСМ почна да бега од ДУИ – каде што допира ДУИ, ни трева не никнува
„СДСМ конечно ја прифати она што граѓаните одамна го знаат, Унијата за девалвација на институциите (ДУИ) е тежок товар за секое партнерство и машина која произведува само кризи и корупција. По години сервилност и обиди да ја заштити оваа трула партија, СДСМ сега прави задоцнет чекор кон оградување од ДУИ, јавно извинувајќи се за неуспесите“, велат од ВЛЕН. „ДУИ не …
Continue Reading
Интерпелациите од ДУИ и предлогот за пензионирање на 67 години немаат поддршка од СДСМ – заседаваше новиот состав на Извршниот одбор
Денеска се одржа првата седница на новиот состав на Извршниот одбор на СДСМ посветена на повеќе политички, безбедносни и економски актуелни теми. На состанокот беше заклучено дека СДСМ остро се спротивставува на секој предлог за зголемување на старосната граница за заминување во пензија на 67 години. Таквиот чекор претставува директен удар врз работниците, нивното достоинството и труд. Според нив, станува …
Continue Reading
„Скандал во Тетовската болница: До каде може да оди моралната деградација и кражбата на грбот на животите на пациентите“, прашува ДУИ
„Скандалите кои ја опкружуваат Клиничката болница во Тетово секојдневно ја шокираат јавноста. Последните вести, кои откриваат дека директорот склучил договор од 300 илјади евра со таткото на снаата, е јасен доказ за невидена морална деградација. Како е можно вакви луѓе, со криминален ум и без ни малку милост, да ги збогатуваат своите семејства додека пациентите, меѓу кои и деца, ги …
Continue Reading
ДУИ: Ден шести од легализирањето на навредата кон Албанците
Поминаа шест дена од тешкиот и неприфатлив чин, кога полициски службеник, пред очите на целата јавност и камерите, насилно го отстрани албанското знаме и го фрли на земја со презир. Овој флагрантен чин, кој не само што го понижува нашиот национален симбол, туку и сите Албанци, сè уште останува без никаква последица за сторителот, истакнуваат од ДУИ. „Денес се одбележува …
Continue Reading