(Видео) Кузеска: Една година Влада на ВМРО-ДПМНЕ, понижени работници со најниски плати во Европа
За една година власт, ВМРО-ДПМНЕ, ВЛЕН и ЗНАМ ја претворија Македонија во земја на понижени работници, посиромашни граѓани и опасно задолжена држава, оценува портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според неа, поразителни се податоците на Евртостат, работниците во Македонија денес се на дното на Европа, со најниски плати и најнизок животен стандард. Наместо „горди работници“, вели таа, имаме понижени луѓе кои …
Continue Reading
Според ДУИ со законот за правична застапеност балансерот се заменува со годишни извештаи
Демократската унија за интеграција реагира на предложениот нацрт-закон за правична застапеност, кој, според нив, има за цел да го замени Балансерот – правен и обврзувачки инструмент за одразување на демографската реалност во јавните институции – со нејасна, неефикасна и политички стерилна структура како што е „координативно тело“. „Ова е обид уставната обврска да се претвори во административна фарса и да …
Continue Reading
(Видео) Спасовски: Со акробации во Собрание, ВМРО-ДПМНЕ го блокира законот за Кочани
ВМРО-ДПМНЕ на секој начин ја отежнува и така тешката ситуација на Кочани и на оние коишто настрадаа во несреќата и на нивните семејства, истакна Оливер Спасовски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ. Спасовски со реакција за седницата на Комисијата за политика демографија и млади, водена од пратеничката Благица Ласовска од ВМРО-ДПМНЕ. „Се случи груба узурпација на правото на …
Continue Reading
Беџети најави проширување на Европскиот фронт и ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори
Координаторот на пратеничката група на Европскиот фронт, Блерим Беџети најави проширување на коалицијата не само со политички партии туку и со поединци и невладиниот сектор. Тој уште еднаш ги повика Влен и ВМРО-ДПМНЕ на предвремени избори. Обвини дека албанската дијаспора е исклучена од политичкиот живот, албанскиот јазик брутално се деградира, а повеќе од 78 институции го игнорираат законот за користење …
Continue Reading
Филипче: Младите не смеат да ги враќаат долговите од 7 милијарди направени за бизнис интерес на власта
Во обраќање пред младите социјалдемократи, претседателот на СДСМ, Венко Филипче ја осуди, како што рече, неодговорната и корумпирана власт која ја задолжила Македонија со над 7 милијарди евра, без отчет и без развој. „Страшно ми е што сите вие, младите, па дури и вашите неродени деца треба да враќаат седум милијарди евра коишто се земени на којзнае каков, на сомнителен …
Continue Reading
ДУИ: Ја поддржуваме заложбата на САД и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје
Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за ескалацијата на ситуацијата на Блискиот Исток и ја поддржува координираната заложба на Соединетите Американски Држави и нивните сојузници за спречување на ширењето на нуклеарното оружје во рацете на авторитарни режими, соопштија од партијата. „Последните случувања покажуваат дека демократскиот свет не може да стои со скрстени раце пред заканата од нуклеарно вооружен Иран, …
Continue Reading
По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна, велат од СДСМ
По една година од новата влада, состојбата со македонската економија е алармантна. Македонија економски е понижена, обвинија од СДС. „Живеачката на луѓето e сè потешка од ден во ден, стандардот е уништен, граѓаните се оставени сами на ударот од енормните поскапувања, додека постојано го чувствуваат падот на куповната моќ гледаат како власта аздисува и се луксузира. Растот на платите е …
Continue Reading
ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ
Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со СДСМ. Ваквата одлука, според ДОМ, претставува принципиелен исчекор кон заштита на вредносниот интегритет на ДОМ. „Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока на самостојно, јасно и идеолошки доследно политички дејствување. ДОМ коалициите ги разбира како алатка за остварување на …
Continue Reading
Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани
Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не само што не ја рационализираше администрацијата, туку ја претвори во продолжена рака на партиските штабови. Вработувањата се политички награди, не резултат на квалитет и труд. Ова го истакна Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“. – Ветуваа ред и рационализација во администрацијата. Ветуваа мерит-систем. Што добивме? Нови министерства, илјадници нови партиски …
Continue Reading