(Видео) Димитриевски: Застана откупот на пиперката ајварка поради срамно ниски цени, дебакл на ВМРО-ДПМНЕ

„Деновиве се случува дебакл со откуп на индустриската пиперката ајварка. ВМРО-ДПМНЕ ветуваше дека е договорена цена на откуп од 45 денари за килограм денес откупот е застанат целосно. Пиперката е на нивите а цената е 20 денари за килограм. Катастрофа“, кажа денеска прес-конференција Александар Димитриевски, Комисија за земјоделство на СДСМ. „Половина од годинешната реколта на пиперката стои на нивите а …

Continue Reading

Филипче: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Свети Николе, ја коментираше последната информација дека Владата склучила договор со фирмата ИРД инженеринг, иако токму оваа компанија беше цел на жестоки напади од ВМРО-ДПМНЕ кога беше опозиција. „Денес излезе информација дека Владата склучила договор со ИРД инженеринг – фирмата со која и нашата Влада имаше договор. Тогаш …

Continue Reading

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

„Нашиот слоган за оваа кампања е „Се бориме за нашиот дом”, и тоа не е случајно,“ нагласи Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Свети Николе. Тој објасни дека идејата за „дом“ е суштината на социјалдемократската политика, држава што се грижи за сите, а не само за избраните. „СДСМ секогаш се бореше и ќе се бори Македонија да …

Continue Reading

Филипче од Велес: Маја Хеско за урбан ред во Велес, нова сала, затворен базен и средено Езеро Младост

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Велес го истакна разочарувањето на граѓаните од владеењето на локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ, која четири години не успеала да реализира ниту еден капитален проект. „Градот стагнира, проектите стојат, ветувањата останаа само на хартија. Нема донесен Генерален урбанистички план. Не е реконструирана зградата на Противпожарната служба, нема ниту нови …

Continue Reading

Хеско: ДПМНЕ не направи ништо за Велес, време е да им го вратиме градот на граѓаните

Кандидатката за Градоначалничка Маја Хеско, од трибината во Велес, ја презентираше својата програма , со која вели дека Велес повторно ќе стане град каков што заслужуваат жителите, спротивно на она што денес е реалната слика на градот. „Велес е запоставен и заборавен од централната власт, поминува низ тешка криза и веќе сериозно заостанува во развојот во споредба со околните општини …

Continue Reading

Филипче од Велес: Борбата на СДСМ е за достоинствен живот на работниците, на младите и пензионерите

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на граѓанската трибина во Велес, испрати силна порака дека борбата која ја води СДСМ не е само политичка, туку човечка, врз социјалдемократските вредности за достоинството на секој човек што живее од својата плата, за младите што ја гледаат својата иднина дома, и за пензионерите што заслужуваат сигурна старост. „Да биде јасно: оваа борба не е …

Continue Reading

(Видео) Шукова од Кисела Вода: Имаме решенија загадувањето да не биде зимска судбина за Скопје

Кандидатката за Градоначалничка на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, денеска при посетата на општина Кисела Вода ја претстави програмата за справување со загадувањето на воздухот, со посебен фокус на решавање на проблемот со затоплувањето во домаќинствата. Таа истакна дека над 50% од загадувањето и понатаму потекнува од индивидуалните домаќинства кои се греат на дрва, јаглен или други цврсти горива. …

Continue Reading

Левица со народен собир во Кичево

Во Кичево денеска се одржа народен собир на Левица, на кој беше промовирана советничката листа и програмата за локалните избори. На настанот присуствуваа носителот на листата за советници Бојан Мишковски, генералниот секретар на партијата и кандидатка за градоначалник на Струга, Јована Мојсоска, како и претседателот на Левица, Димитар Апасиев. „Денес сме овде заедно со граѓаните на Кичево за да ја …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Владата на Мицкоски склучила договор за надзор со ИРД Инженеринг, истата фирма за која велеа дека е епски криминал

Со фирмата ИРД Инженеринг, за која велеа дека е епски криминал и сомнителна, владата на Христијан Мицкоски склучила Договор за надзор, рече денеска на прес-конференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа кажа дека договорот е склучен на 19 септември годинава, помеѓу македонски Желеници и ИРД Инженеринг и е вреден 55 илјади евра. „Кога беа опозиција, Мицкоски, Николовски, Стојановски, цело ВМРО-ДПМНЕ …

Continue Reading