„Од 2.500 на 5.000 денари ја зголемуваме еднократната парична помош за пензионери“, најави Герасимовски
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар од редовите на СДСМ и актуелен градоначалник Горан Герасимовски, информира дека од следната година еднократната парична помош за пензионерите се зголемува од 2.500 на 5.000 денари. „Двојно ја зголемуваме еднократната парична помош, од 2.500 на 5.000 денари за пензионерите чии пензии се до висина на просечната пензија. Покрај тоа, го реализираме и нивното барање …
Continue Reading
(Видео) Филипче од Битола: Економијата е заглавена, инфлацијата галопира – Мицкоски ја влече државата назад
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на вчерашната граѓанска трибина во Битола, посочи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за година и пол ја заглави економијата и го уназади напредокот на државата. „Економијата е заглавена, инфлацијата галопира, а платите се замрзнати. Оваа власт не ги решава проблемите на луѓето туку ги игнорира.Оваа власт гази по солидарноста, човечноста, демократијата, напредокот …
Continue Reading
Филипче од Ресен: Резултатот на владата на ВМРО-ДПМНЕ е чиста нула
„Чиста нула“ е резултатот на работењето на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години локална власт и година и половина централна власт, порача вечерва претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на трибината која се одржа во градот Ресен. Тој пред ресенчани зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ не само на локално ниво, туку и како централна власт не донесе ништо добро за граѓаните и државата. „Изминатите …
Continue Reading
(Видео) СДСМ: Целата фамилија на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Зелениково е по избирачките одбори
Денеска јавно укажуваме на скандалозен судир на интереси, непотизам и директна злоупотреба на изборниот процес во Општина Зелениково, во режија на ВМРО-ДПМНЕ, обвини Александар Алексовски од СДСМ. Тој вели дека во Општинската изборна комисија на Зелениково за претседателка е назначена Елена Маневска Јовановска, сестра на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ – Коста Маневски. „Тоа само по себе претставува класичен судир на …
Continue Reading
Скопје е хаотично оти јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, мој приоритет е нивна вистинска реформа, вели Шукова
За кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, Скопје денес изгледа запуштено, нечисто и хаотично затоа што јавните претпријатија се заробени од партиски интереси, долгови и неспособни раководства. Таа констатира дека граѓаните плаќаат за услуги, а добиваат насобран смет, нефункционален јавен превоз и хаотична инфраструктура. „Мој приоритет е вистинска реформа на јавните претпријатија, да им служат на граѓаните, …
Continue Reading
„Од 7.000 на 10.000 го зголемуваме надоместокот за новороденче“, најави Герасимовски
Кандидатот за градоначалник на општина Центар од редовите на СДСМ, Горан Герасимовски, синоќа беше на терен, на средби со граѓаните „од врата до врата“. Во разговорите со центарци, тој најави дека во новата програма надоместокот за новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари. „За 50% го зголемуваме надоместокот за новороденче, од 7.000 на 10.000 денари. Со оваа мерка ги …
Continue Reading
(Видео) Филипче: Само со темелни реформи може да го смениме системот, тоа е мојата политика
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на граѓанската трибина во Кочани, нагласи дека во изминатата година неговата борба била насочена кон суштински промени во судството, институциите, за темелни реформи. „И затоа, во изминатата година, се борев за вистинска, искрена реформска промена на оваа држава. Се борев да направиме темелни реформи во судството и институциите. Се борев да …
Continue Reading
Герасимовски: Буџетот за култура двојно се зголемува, македонската култура, автори и уметници имаат вистинска поддршка во Центар
Општина Центар изминативе четири години вложува во промоција и афирмација на македонската култура, јазик и уметност преку мурали, концерти и настани посветени на културното наследство, вели градоначалникот на Општина Центар и кандидат за нов мандат, Горан Герасимовски. „Муралот „Бушавата азбука“ во Дебар Маало е посветен на промоција на кирилицата и ги поврзува генерациите, потсетувајќи на култната детска емисија преку која …
Continue Reading
Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ на власт храната станува луксуз
Што имаме ние од скандинавската среќа што премиерот Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ сакаат да ни ја прикажат и да не разубедат дека во држава со 400 евра минимална плата и цените што дивеат, добро се живеело. Да, се живее, ама до 10-ти во месецот, потоа е период на преживување. Со ВМРО ДПМНЕ на власт, година и пол, храната стана луксуз, …
Continue Reading