ДОМ ја напушта коалицијата со СДСМ

Централниот одбор на ДОМ (Демократска обнова на Македонија) на седницата која ја одржа викендов одлучи да ја напушти коалицијата со СДСМ. Ваквата одлука, според ДОМ, претставува принципиелен исчекор кон заштита на вредносниот интегритет на ДОМ. „Кога процесите стануваат затворени, потребна е нова насока на самостојно, јасно и идеолошки доследно политички дејствување. ДОМ коалициите ги разбира како алатка за остварување на …

Continue Reading

Филипче: Во администрација се вработува само со списоци, сите останати граѓани се понижени и дискриминирани

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ не само што не ја рационализираше администрацијата, туку ја претвори во продолжена рака на партиските штабови. Вработувањата се политички награди, не резултат на квалитет и труд. Ова го истакна Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“. – Ветуваа ред и рационализација во администрацијата. Ветуваа мерит-систем. Што добивме? Нови министерства, илјадници нови партиски …

Continue Reading

(Видео) Македонија е со повредено достоинство и разочарани граѓани, рече Филипче на партиска трибина

По една година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНAM и ВЛЕН, Македонија не изгледа како просперитетна држава со јасна насока – туку како држава со повредено достоинство и разочарани граѓани. Ова го порача Венко Филипче на трибината „Македонија понижена – Една година Влада“. „Денес, по една година владеење на ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН, вистината е болна, но мора јасно и недвосмислено …

Continue Reading

Кадар на ДУИ е именуван за заменик директор на Агенцијата за национална безбедност, објави Левица

Владата на ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ го именувала Бесник Ферати на позицијата заменик-директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Бесник Ферати како кадар на ДУИ беше заменик и на претходниот директор Еролд Муслиу кој го следа бројни скандали, а за кои ревносно реагираа токму и од сега владејачката ДПМНЕ, соопшти политичката партија Левица. „Иако Законот јасно наведува дека директорот и …

Continue Reading

СДСМ: Со фирма без вработени РЕК Битола потпишала спогодба за чистење, управителот – молер со кривична историја во Германија

Обвинувања за раководството во РЕК Битола упати Методија Илиевски од СДСМ во изјава за медиумите и го повика Обвинителството да отвори постапка. Тој рече дека она што се случува во РЕК Битола не е никаква саботажа, туку корупција од епски размер и местење на тендери за неспособни партиски фирми. „Суштината на скандалот е следна, новото раководство на РЕК Битола, поставено …

Continue Reading

(Видео) СДСМ го повика Обвинителството да отвори нова истрага за сертификатот на Христовски

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија бара нова истрага од страна на Обвинителството за јазичниот сертификат на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, по истражувањето на БИРН. Портпаролката Богданка Кузеска истакна дека за јазичниот сертификат Христовски полагал од дома, додека во интервјуто за македонски медиум Христовски рече дека полагал преку јазичното студио „Јулија“ во Пловдив. „Дали Христовски излажал за да …

Continue Reading

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од „Вреди“ добило 9.000 евра од Општина Чаир

Општина Чаир исплатила речиси 9.000 евра на кафуле кое е во директна сопственост на заменик-министерката од Вреди, Калтрина Зеколи-Шаќири, во периодот откако стапила на функцијата, обвинува политичката партија Левица. „Ова е грубо кршење на Законот за јавни набавки, кој јасно пропишува дека секоја набавка над 1.000 евра мора да се реализира преку транспарентна тендерска постапка. Ваквото делење буџетски пари на фирми …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски да каже за парите од осомничени од Кочани кои завршиле во ВМРО-ДПМНЕ, да не се секира за нашата стратегија

„Кога наместо да деде одговор на конкретно поставено прашање во врска со донации кои неговата партија ги добивала од сега осомничен за трагедијата во Кочани, Мицкоски би требало да одговори на тоа прашање наместо да се секира за нашата стратегија“, велат од СДСМ. „За нас најважна е вистината и разобличувањето на обидот на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски да ја затскријат …

Continue Reading

„Кој лаже за пругата, Мицкоски или Кочоска“, прашува СДСМ

„Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој повеќе лаже. Мицкоски пред два дена најави дека пругата од британскиот кредит ќе започне да се гради до крајот на годината, а неговата министерка за финансии Кочоска денес рече дека нема да почне да се гради ни до 2027 година“, прашува СДСМ. „Има ли пилот во авионот на Владата? Откако се дојдени на власт, …

Continue Reading