ДУИ: Силен шамар од Брисел, Северна Македонија лабораторија на влијанијата од „српскиот свет“, Русија и Кина

За ДУИ, најновиот извештај на европратеникот Томас Вајц во Европскиот парламент претставува алармантно обвинение за насоката во која се движи Северна Македонија под раководство на коалицијата ЗНАМ–ВМРО–ВЛЕН. Овој извештај, велат од партијата на Ахмети, потврдува токму она на што ДУИ со месеци предупредува: државата се претвора во експериментален терен за најдеструктивните антизападни влијанија на континентот. „Според извештајот, Северна Македонија станала …

Continue Reading

(Видео) СДСМ бара вонредна координативна седница во Собранието за справување со пожарите

Координатрот на пратеничката група на Социјалдемократскиот сојуз, Оливер Спасовски, на денешната собраниска седница за пратенички прашања од опозицијата, го повика претседателот на Собранието, Африм Гаши, да свика итна координативна седница за справување со пожарите. „Македонија гори во моментот, во Крива Паланка за жал ја имаме првата човечка жртва. Горат неколку куќи во кумановско во село Читирце, под опсада е веќе …

Continue Reading

Институциите ја губат контролата со пожарите, импровизациите на власта удираат по здравјето на граѓаните, велат од СДСМ

Хаосот и слабата организација со која институциите ја дочекаа сезоната на пожарите ја прават Македонија небезбедна за граѓаните и нивниот имот. Истовремено има десетици пожари на кои се дејствува доцна и со недоволни ресурси, граѓаните сами се снаоѓаат и се борат со огнот на многу места низ земјата, реагираат од СДСМ. Според оваа партија, последните пожари во близина на Скопје …

Continue Reading

„Исклучувањето на Албанците продолжува со алармантно темпо, во Министерството за енергетика 18 Македонци, 0 Албанци“, велат од ДУИ

„Демократската унија за интеграција го изразува својот најдлабока загриженост за систематската дискриминација и исклучување на Албанците од државните и јавните институции во Република Северна Македонија. Последниот случај во Министерството за енергетика, каде од 18 нововработени нема ниту еден Албанец, е јасен доказ за постоење на однапред испланирана стратегија за поништување на државотворниот статус на Албанците во земјата“, велат од ДУИ. …

Continue Reading

Морбидни обивнувања на Мицкоски и измислени приказни за пожарите, велат од СДСМ

Нема крај на морбидното однесување на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мцикоски. Во услови на огнена стихија и прогласена вонредна состојба на територија на целата држава, партијата на власт наместо да бара решенија, бара изговори за катастрофата, реагираат од СДСМ. „Минатата година со ВМРО-ДПМНЕ на власт изгореа помеѓу 10% и 15% од целокупната територија на земјата. И тогаш наместо одговорност, Мицкоски бараше …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Нов бран на економско тонење, животниот стандард срозен

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски ја туркаат државата во економски хаос – инфлацијата вртоглаво расте, животот станува се поскап, стандардот на граѓаните од ден во ден се влошува, обвини Јована Тренчевска, пратеничка на СДСМ. Според неа, Македонија се наоѓа во нов, длабок бран на економска нестабилност. „Последните податоци за раст на инфлацијата на годишно ниво од 4,5 % се резултат на погрешните …

Continue Reading

СДСМ: Во ниту една земја пожарите не се гаснат со хермелини од Армијата, граѓаните се бореа со лопати против огнот

Пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, на денешната прес-конференција ја обвини Владата предводена од Мицкоски за неспособност и импровизација во справувањето со пожарите. Тој посочи дека институциите повторно потфрлиле, оставајќи ги граѓаните со лопати, сами да се борат со огнените стихии, без соодветна поддршка, опрема и логистика. „Само 24 часа по ПР спектаклот со импровизираното противпожарно тело и хермелините од АРМ, …

Continue Reading

Повеќе нови службени возила отколку што има вкупно амбулантни – Левица бара средства за здравството и Центар за изгореници

Пратеничката група на Левица поднесе амандмани на ребалансот на Буџетот за 2025 година, со кои предлага зголемување на средствата за јавното здравство. Со еден од амандманите се предлага издвојување на 1 милион евра за набавка на нови амбулантни возила, имајќи предвид дека, според нив, просечната старост на возниот парк на итната медицинска помош во државата изнесува 14 години, а над …

Continue Reading

„Алармантно – Албанците систематски се исклучуваат од институциите, во Одбрана, од 26 нови вработувања, 25 се Македонци, а само еден е Албанец“, вели ДУИ

„Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост поради алармантното ниво на дискриминација против Албанците во државните и јавните институции. Најновиот пример доаѓа од Министерството за одбрана, каде што од вкупно 26 нови вработувања, 25 се Македонци, додека само еден вработен е Албанец, јасен доказ за организирана политика за исклучување на Албанците од институционалниот живот во Република Северна Македонија“, велат од …

Continue Reading