Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда, вели Филипче

„Шест часа од бруталниот напад врз градоначалничката на Скопје, а од ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски сè уште нема ни збор за осуда. Молкот понекогаш зборува погласно од зборовите“, напиша претседателот на СДСМ, Венко Филипче на социјалните мрежи. „И не се работи само за напад врз градоначалничката и службениците од Градот. Се работи за тоа дали секој од нас може без страв …

Continue Reading

ДУИ најостро го осудува нападот врз Арсовска: Актите на насилство претставуваат директен напад врз демократскиот поредок и функционирањето на правната држава

Демократската унија за интеграција најостро го осудува нападот врз градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, кој се случил за време на извршувањето на нејзините службени обврски на територијата на Општина Чаир. „Актите на насилство, вербалните напади и обидите за попречување на институционалните претставници во извршувањето на нивните обврски претставуваат директен напад врз демократскиот поредок и функционирањето на правната држава. Независно …

Continue Reading

(Видео) СДСМ со осуда за нападот на Арсовска: Тоа е срам за државата и порака до сите граѓани дека ако зборуваат за криминал и неправда, ќе бидат замолчени со сила

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, најостро го осудува нападот врз официјални лица од Градот Скопје. Овој брутален напад е последица на атмосферата на страв и беззаконие што ја создава оваа власт. Овој напад е уште еден доказ дека кога се зборува за криминал, кога се откриваат злоупотреби, институциите не ве штитат — туку ве оставаат на милост и немилост на насилниците, …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Додека државата гори, додека семејствата во Кочани молат за помош, Владата ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира

Додека државата гори, додека пожарникарите со мизерни плати се борат со пламените стихии, додека семејствата во Кочани молат за помош и чекаат државата да им помогне, Владата на Христијан Мицкоски ќе потроши 1,8 милиони евра од народните пари за да се луксузира, да прави логоа, брошури, тотеми и кетеринзи за ЕКСПО што ќе се случи дури во 2027 година, вели …

Continue Reading

(Видео) СДСМ: Министерската фотелја на Борко Ристовски му е поважна од принципите по кои некогаш настапувал на терен

За една година Владата на ВМРО ДПМНЕ и Мицкоски, спортот го претворија во жртва на нивниот хаос, корупција и неспособност. Наместо поддршка, спортот од власта доби игнорирање. Наместо инвестиции, доби кратења. Министерот за спорт Борко Ристовски – заборави дека некогаш бил спортист – очигледно, министерската фотелја му е поважна од принципите по кои некогаш настапувал на терен, обвини Панче Милевски …

Continue Reading

Филипче: Сребреница засекогаш ќе остане симбол на опасноста од поделби и омраза

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска упати порака по повод 30 години од геноцидот во Сребреница, во која оддаде почит на жртвите и истакна дека ова злосторство засекогаш ќе остане опомена за светот. „Денеска се навршуваат 30 години од ужасното злосторство во Сребреница, кога во јули 1995 година, над 8.000 невини луѓе беа убиени во еден од најголемите геноциди во …

Continue Reading

Спасовски: СДСМ ги повлекува сите амандмани, бараме средства за справување со пожарите и настраданите во Кочани

Координаторот на пратеничката група на СДСМ, Оливер Спасовски, на денешната прес-конференција најави дека СДСМ и коалицијата ќе ги повлечат сите преостанати амандмани на предложениот ребаланс на буџетот и ќе поднесат два нови – целосно насочени кон справување со последиците од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани и тековните пожари низ државата. „Прво, еден комисиски амандман, ќе побараме Комисијата за …

Continue Reading

Филипче: Никој од Бугарија не смее да ги навредува нашите институции, ја осудувам изјавата на нивниот министер

Филипче ја осуди изјавата на бугарскиот министер за надворешни работи кој го нарече Мицкоски „северномакедонски“ премиер, истакнувајќи дека такви изјави не се во духот на демократијата и добрососедството. „Ја осудувам изјавата, затоа што сметам дека не е во духот на демократските вредности, не е во духот на цивилизациските вредности, ако сакате. Не може ниту еден политичар од Бугарија да ги …

Continue Reading

(Видео) Филипче: ВМРО-ДПМНЕ ветуваше подобра преговарачка позиција, донесе единствено понижувања на државата

По преземањето на власта, ВМРО-ДПМНЕ наследи стабилна и јасна позиција во евроинтегративниот процес со загарантиран македонски јазик во Европската Унија и јасен пат за напредок, посочи претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче истакна дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги оствари ниту едно од ветувањата за подобра преговарачка позиција. „Ветуваа и лажеа дека можат подобро. …

Continue Reading