Николовски: За првпат во историјата со ребалансот се намалуваат субвенциите за земјоделците
Ребалансот на буџетот што го предлага власта претставува сериозен удар врз македонското земјоделство. За првпат во историјата, со ребалансот се намалуваат субвенциите за земјоделците, што директно ја намалува финансиската поддршка која тие ја добиваат. Ова е целосен преседан, бидејќи досега секогаш со ребалансот се додаваа дополнителни средства, а сега, напротив, се кратат, рече пратеникот на СДСМ, Љупчо Николовски, на денешната …
Continue Reading
Николова: Со ребалансот, власта крати пари од најсиромашните, за таа да се луксузира со скапи возила и мебел
Ребалансот на Буџетот што го предложи Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е јасен доказ за економската неспособност, недалекувидост и отсуство на визија. Наместо економска стратегија, овој ребаланс е политичко признавање на економскиот пораз на владата, рече пратеничката на СДСМ, Даниела Николова на денешната седница за ребаланс на буџетот. Таа потенцираше дека со овој ребаланс гледаме продолжување на политиките на неодговорно трошење, …
Continue Reading
Талески: За една година владеење ВМРО-ДПМНЕ ја загрози иднината и ја врати државата цела деценија назад
На денешната собраниска седница, пратеникот од СДСМ, Миле Талески, упати критика до владејачкото мнозинство предводено од ВМРО-ДПМНЕ за ребалансот на буџетот, критикувајќи ги како што рече, лошите економски, но и погрешните политики на власта кои според него за само една година ја вратија државата цела деценија назад, како во времето на Никола Груевски, загрозувајќи ја нејзината иднина. „Ова е ваш …
Continue Reading
(Видео) Трајчулевски: Ребалансот носи сиромаштија за граѓаните а луксуз за власта
Владата уште еднаш покажа дека нема допир со реалноста. Денешниот ребаланс на Буџетот не е ништо друго освен јасен показател дека оваа власт не само што нема визија, туку и свесно се оддалечува од интересите на граѓаните. Она што требаше да биде алатка за подобар животен стандард и економски развој, се претвори во средство за партиско луксузирање и изборен маркетинг, …
Continue Reading
(Видео) Битиќи: Неразвоен буџет за предизборен поткуп, власта без слух за реалните потреби на граѓаните
Овој ребаланс не е развоен и не е социјално одговорен. Тој е создавање на ново множество на пропуштени шанси, на скриени долгови, на селективна поддршка и на краткорочни политички пресметки. Ова е ребаланс за предизборен поткуп, служи само за изборите во октовмри, порача пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, на денешната собраниска расправа посветена на ребаланост на буџетот за 2025 година. …
Continue Reading
Лукаревска: Со ребалансот власта крати од граѓаните, а народот тоне во сиромаштија
Ребалансот на Буџетот за 2025 година е фискално нереален, социјално штетен и целосно без развојна компонента. Овој ребаланс е скроен по мерка на власта, а не по мерка на граѓаните. Сведоци сме на невидено галопирање на основните трошоци за живот. Според официјалните податоци од Државниот завод за статистика, инфлацијата во јуни изнесува 4,5%, а Владата продолжува да прогнозира нереални 2,8%. …
Continue Reading
(Видео) Кузеска: Владата ќе соработува со Казанџи Холдинг, чија ќерка фирма е обвинета за корупција во Гана
Со огромна загриженост ја информираме јавноста дека владејачката партија подготвува уште еден срамен чин на предавство на националните интереси, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Наместо да спроведе транспарентна и законска постапка за изградба на новиот дистрибутивен систем за природен гас, како што е наведено во Законот за енергетика, кој самите го донесоа во парламентот во мај годинава, додаде таа, …
Continue Reading
СДСМ: Предлог-резолуцијата со Бугарија е штетна – ВМРО-ДПМНЕ отвора затворени прашања
Потпретседателката на СДСМ, Кристина Костова, оцени дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за заедничка резолуција со Бугарија за македонскиот јазик и идентитет е штетен и претставува нов удар врз македонските национални позиции. „Станува збор за свесно враќање наназад. Клучното прашање е зошто се отвораат теми кои се веќе затворени, кога македонскиот јазик и идентитет се неспорни, потврдени и признаени во светот и …
Continue Reading
СДСМ: Тошковски да го повлече скандалозниот Закон за полиција, нема место за партиска милиција по теркот на Груевски
СДСМ бара итно повлекување на, како што го нарекува, сакндалозниот Закон за полиција прелдожен од Панче Тошковски и запирање на партиската окупација на МВР. Пратеникот Миле Талески изјави дека предлог законот е опасен, антиевропски и длабоко корумпиран обид за формирање на партиска милиција под команда на Тошковски. „По стапките на Никола Груевски, министерот Панче Тошковски го претвора МВР во параполициски …
Continue Reading