СДСМ: По наркоскандалот на директорот на Неврологија мора кривична одговорност и темелна истрага
По скандалот со директорот на Клиниката за неврологија, кој беше снимен како консумира дрога, од СДСМ реагираат дека повлекувањето од функцијата не е доволно и бараат целосна кривична и институционална одговорност. „Ова е мега скандал на власта и мора да има кривична одговорност и темелна истрага на целокупната негова работа, бидејќи се работи за здравството и за здравјето на луѓето,“ …
Continue Reading
(Видео) Шукова: План и решенија за Гази Баба да стане мотор на развој на Скопје
„Оваа општина има огромен потенцијал. Но наместо да биде мотор на развојот, стана илустрација за стагнација“ – порача Каја Шукова од митингот во Гази Баба, каде што ја претстави својата програма за обнова на општината и за трансформација на Скопје. Шукова најави дека ќе стави крајот на урбанистичкото дивеење и ќе воспостави систем што ги става луѓето во центарот на …
Continue Reading
Злоупотребен профилот на основно училиште во општина Аеродром за политичка кампања, МОН и ДИК да реагираат, бара СДСМ
СДСМ Аеродром реагира на, како што велат, скандалозниот чин во кој основното училиште „Браќа Миладиновци” споделило видео-спот од политичка кампања за локалните избори. „Ова претставува директно прекршување на законите, принципите на непристрасност и професионалност, и претставува срамно партизирање на јавните институции. Училиштата се место за образование, воспитување и градење на вредности, а не алатка за партиска промоција. Злоупотребата на училишните …
Continue Reading
Герасимовски: Целосно ја расчистивме дивата депонија во Крњево, на ова место следува детско и спортско игралиште
Целосно е исчистена дивата депонија во населбата Крњево. Кандидатот за градоначалник и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со идниот тим од советници и хигиеничари, изминатиот викенд, како што објави, ја почнаа акцијата за нејзино целосно расчистување. Герасимовски потенцира дека чиста и уредна општина е приоритет од кој никогаш не отстапил, и дека грижата за хигиената е континуиран …
Continue Reading
Османи: Го враќаме автентичниот лик на Старата Чаршија
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, денес ја претстави визијата за целосна реставрација и ревитализација на Старата Чаршија, проект кој, како што рече, има за цел да ѝ го врати автентичниот изглед, дух и достоинство на оваа историска и културна целина. „Нашата идеја е да ѝ ја вратиме автентичноста, да ѝ го вратиме имиџот. Треба да го вратиме …
Continue Reading
Ви-фи зони во Чаршијата, обнова на дуќаните со буџетски средства и школи за занаети, вети Шукова
Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова на Скопје ќе му ја враќа Чаршија со низа проекти. Ви – фи зони, обнова на дуќаните и отворање школи за занаети и мајсторски работилници се дел од ветувањата. „Старата скопска чаршија е душата на Скопје. Денес Чаршијата е задушена од нечистотија, административен хаос и институционална негрижа, но таму каде што …
Continue Reading
Филипче: Зошто се плашиш Мицкоски од независно судство, затоа што нема да имаш контрола
На граѓанската трибина „Се бориме за нашиот дом“ во Кавадарци, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја обвини власта за партизација на правдата и постави директни прашања кон премиерот зошто не се спроведени реформи во судството и од што се плаши. „Зошто не направи ништо? Зошто не ги реформираше судството и обвинителството? Зошто се плашиш, Мицкоски? Дали затоа што знаеш дека, …
Continue Reading
(Видео) Бујар Османи: Предвремени избори ќе има во март или април
Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, ја коментираше изјавата на премиерот Христијан Мицкоски дека по локалните избори е можно одржување предвремени парламентарни избори, потврдувајќи дека според неговите сознанија и проценки, таквите избори ќе се одржат во март или април следната година. „Тоа е всушност тоа што го кажувам јас и ние од почетокот, дека да, ќе има предвремени …
Continue Reading
Герасимовски и советниците спречија изградба на зграда: „Безбедноста на граѓаните на прво место“
На предлог на градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски, Советот на општина Центар со 19 гласа „за“ и и еден воздржан донесе одлука за суспендирање на примената на градежна парцела во рамки на ДУП „Буњаковец 1. Причината за суспензијата е изградба на објект чија реализација може да предизвика сериозни безбедносни и правни импликации. Градежната парцела се наоѓа на аголот на …
Continue Reading