СДСМ го честита Денот на Армијата: Нашите херои во униформа се гарант за сигурна иднина

„Во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, упатуваме искрени честитки до припадниците на Армијата на Република Северна Македонија, до сите сегашни и поранешни воени лица, како и до нивните семејства, по повод 18 август – Денот на Армијата“, велат од СДСМ. „Армијата претставува столб на сигурноста, одбраната и стабилноста на нашата држава. Со својата посветеност, дисциплина и професионалност, армиските припадници …

Continue Reading

(Видео) Владата да ја покачи минималната плата на 500 евра, порача СДСМ

Филмските изјави на премиерот Христијан Мицкоски за наводен раст на платите од 11 до 13 проценти месечно се најголемо потценување и навреда за граѓаните, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „Мицкоски сака да каже дека платите во последните месеци пораснале и до 110 проценти. Такви фантазии не постојат во македонската економија. Реалноста е спротивна – цените растат, а платите стагнираат“, …

Continue Reading

СДСМ обвинува: Злоупотреби со европски пари од Еразмус+ поврзани со ВМРО-ДПМНЕ

Според СДСМ, злоупотребите со милионите евра од програмата Еразмус+ водат директно кон поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ. Партијата обвинува дека Владата на Мицкоски назначила за вршител на должност директор на Националната агенција за европски образовни програми лице кое се наоѓа под активна истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами. СДСМ наведува дека станува збор за „скандал без преседан“ …

Continue Reading

Бујар Османи најави механизми за ефикасност „Чаир 48“ и јавно табло

Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, денеска пред зградата на општината излезе со пакет механизми, меѓу кои јавно табло со неделен план и статус на задачи, проект „Чаир 48“ за одговор/решение на пријави во рок од 48 часа, вторник како „отворен ден“ без закажување, брза комунална екипа и јавен календар на средби и одлуки на општината. „Оваа рамка директно …

Continue Reading

Левица: Штрајкот во пералната на Клинички центар е аларм за распад на јавното здравство

Штрајкот на вработените во пералната на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ е аларм за целосен распад на јавното здравство, предупредуваат од партијата Левица. Според нив, болниците се во хаос, операциите доцнат, недостасува чиста облека, а пациентите се изложени на ризик од зарази, додека министерот за здравство Азир Алиу останува пасивен и без конкретни одговори. „Клучното прашање е кој управува со пералната …

Continue Reading

СДСМ: Мицкоски повторно халуцинира, Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа

Мицкоски повторно халуцинира, Македонија е четврта најсиромашна држава во Европа, велат од СДСМ. „На секојдневните јавни настапи „отворајќи“ чешми и други „мега-проекти“ Мицкоски се фали со имагинарни успеси во недостиг на реални резултати кои би го подобриле животот на македонскиот граѓанин. СДСМ јавно го прашува премиерот каде се инвестициите со кои се фали? Доколку навистина постојат наредниот пат нека се …

Continue Reading

ДУИ: Азир Алиу веднаш да поднесе оставка за измамите во Клиничката болница во Тетово

„Демократската унија за интеграција најостро го осудува јавниот измамнички чин на министерот за здравство, Азир Алиу, кој манипулираше со одлуките за вработувања во Клиничката болница во Тетово, излажувајќи 155 вработени и целата јавност“, велат од ДУИ. „Вчера сведочевме на скандалозен апсурд: Азир Алиу го демантира Азир Алиу! Најпрво објави дека има вработувања, а потоа ги негираше, со што докажа дека …

Continue Reading

„Владата да не ја штити Михајлов туку да ја разреши, за милионските скандали со Еразмус+ мора да има одговорност“, велат од СДСМ

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е фатена во еден од најголемите скандали со европски пари“, велат од СДСМ. „На чело на Националната агенција за европски образовни програми, институција која управува со милионски фондови од Европската унија, Владата ја назначи Ана Михајлов. Иако во Извештај на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) се наведени сериозни сомнежи за злоупотреба на …

Continue Reading

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

„Скандалот со вмровските шеми во Еразмус+ вреден милиони евра мора целосно да биде расчистен од страна на Обвинителството и да следи одговорност“, велат од СДСМ. „Владата назначи лице под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за в.д. директор на Националната агенција. Тоа јасно ја покажува намерата на власта да ги штити партиските и бизнис интереси по …

Continue Reading