СДСМ Прилеп: Коруптивните бизнис зделки на функционерите на ДПМНЕ ги оставија прилепчани без полагања за возачка дозвола
„Поради нерегуларности во работењето, МВР го затвори Испитниот центар „Супер возач“, со што жителите на Прилеп и другите општини од Пелагонискиот регион, во најголем дел млади луѓе, повторно остануваат без можност да полагаат и да се стекнат со возачка дозвола“, реагира СДСМ Прилеп. „Велиме повторно, бидејќи од ланскиот 15 декември се’ до 15 мај оваа година, на жителите од Пелагонискиот …
Continue Reading
СДСМ: Вистинското прашање за Мицкоски е зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за Казандол?
Додека премиерот Мицкоски се обидува да ја изврти вистината и да зборува за арбитражите кои СДСМ ги доби, вистинското прашање на кое што треба да одговори е: зошто ВМРО-ДПМНЕ ја даде концесијата за „Казандол“ во 2015 година, велат од СДСМ. Од таму прашуваат дали заради тоа што бизнис интересите им биле поважни од граѓаните? „Зошто ВМРО-ДПМНЕ застана против граѓаните од …
Continue Reading
СДСМ: Скандалот со испитниот центар во МВР мириса на корупција, бараме истрага
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, денеска обвини дека тендерот за организирање возачки испити во МВР е тежок скандал и „смрди на корупција“. Според Кузеска, новооснована фирма зад која стои советник на ВМРО-ДПМНЕ добила милионски договор и петгодишен монопол за полагање возачки испити во Битола, Прилеп и Ресен, иако, како што рече, не ги исполнувала основните услови за работа. Таа потсети …
Continue Reading
Битиќи: Ја добивме битката, концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, падна на арбитража
Концесијата дадена од ВМРО-ДПМНЕ, симбол на криминал и коруптивни зделки, падна на арбитража. Државата ја доби битката, нема да плати штета од 115 милиони евра, реагира пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи и поранешен вицепремиер. „Да се потсетиме: Случајот односно судските рочишта се затворени во 2023 година. Арбитражниот суд носи конечна пресуда во рок од две (2) години по завршните зборови. …
Continue Reading
Го добивме арбитражниот спор со рудникот Казан дол и заштедивме 115 милиони евра
Успеавме да заштедиме 115 милони евра откако го добивме арбитражниот спор со дел од инвеститорите од рудникот Казан дол во Валандово, истакна на денешната прес конференција вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, кој е и претседател на координативното тело на Владата за арбитражни спорови. “Државата беше тужена од страна на неколку инвеститори во рудникот Казан дол во Валандово. Нивното …
Continue Reading
СДСМ: Дури и нивниот градоначалник од Кавадарци ги демантираше лагите за Еразмус+
СДСМ обвини дека ВМРО-ДПМНЕ шири невистини за проектите преку програмата „Еразмус+“, со цел да ја одбрани актуелната в.д. директорка и да ги прикрие криминалните шеми. Од партијата посочуваат дека дури и градоначалникот на Кавадарци од ВМРО-ДПМНЕ, Митко Јанчев, јавно ја демантирал сопствената партија, објаснувајќи дека проектот за кој тие зборуваат не бил за „тренирање магариња“, туку за обука на ученици …
Continue Reading
ДУИ: ВРЕДИ вети Европа, донесе „Српски Свет“
„Прво ветија дека веднаш по конституирањето на Собранието, пред формирањето на Владата, ќе бидат усвоени уставните измени за продолжување на европскиот пат. Излажаа! Потоа ветија дека во првите 100 дена на Владата ќе го сменат Уставот. Повторно излажаа!“, велат од ДУИ. „Подоцна ветија дека во рок од три месеци ќе го исполнат тоа ветување. Пак излажаа! Тримесечниот рок го продолжија …
Continue Reading
(Видео) Јанковиќ: ВМРО-ДПМНЕ штити милионски злоупотреби во Еразмус+, зошто в.д. директорката не е разрешена?
Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+. Зошто в.д. директорката не е разрешена кога е потврдено дека била дел од истрага на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами, праша Јовица Јанковиќ од СДСМ. Наместо да ја разреши и да побара одговорност, додаде тој, Владата молчи и ја остава на функција со што директно …
Continue Reading
ДУИ: Членовите го напуштаат ВРЕДИ, Албанците се откажуваат од лагите на Меџити
Секој нов ден е нов пораз за ВРЕДИ. Членови, активисти и цели структури си заминуваат, оставајќи зад себе вештачка, празна и дискредитирана коалиција. Само во текот на овие денови, членови и структури од три општини јавно се оградија од оваа групација. Ова е јасен доказ дека Албанците не можат да се водат со лаги и дека политиката изградена врз лични …
Continue Reading