­

Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата за Кочани: „Пратениците да земат по половина плата оти решија да не работат две недели“

Во знак на солидарност со семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани, а поради големиот интерес на јавноста и бројните прашања, пратениците на Левица соопштија дека ќе донираат повеќе од половина од својата мартовска плата. „Оваа одлука ја носиме свесни дека вистинската поддршка не треба да се темели на индивидуални гестови, туку на системски решенија што ќе обезбедат сигурност …

Continue Reading

Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка, порачуваат од СДСМ

Градоначалникот на ДПМНЕ од Гази Баба, Бобан Стефковски е осудено лице за дилање дрога, велат од СДСМ. „Бране Петрушевски прво што треба да направи е да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот на ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски, да му ја однесе и јавно да побара оставка од него. Јавноста знае дека со дрога беше фатен и истакнат …

Continue Reading

Mора да има политичка одговорност за трагедијата во Кочани, СДСМ ќе ги искористи сите механизми во Собранието, порачаа од партијата

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ, разговаравме за актуелните состојби во земјата, по оваа тешка трагедија којашто ни се сличи и ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 млади животи, информира Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ. Заклучок на Централниот одбор на СДСМ како што рече, бил, дека досегашниот тек на истрагата покажува дека се води селективно, …

Continue Reading

(Видео) Кузеска: Кога истрагата е селективна а обвинителот станува подобен за Мицкоски, правда не може да се очекува

Страшната трагедија во Кочани, во која загинаа 59 луѓе, повикува на неселективна и темелна истрага за лоцирање на одговорност. За жал, од досегашниот тек на истрагата гледаме дека се води селективно и не се опфатени актуелните функционери и службеници, иако биле на функции на денот кога се случила трагедијата, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ. „Како тоа тие што се …

Continue Reading

(Видео) Костова: Папаја за Владата, трошки за народот, срамна одлука за „зголемување на “ минималната плата

Срамна, понижувачка и крајно неодговорна е одлуката на Владата за некакво бедно покачување на минималната плата од само 1.800 денари. Што да прават работниците со 1.800 денари во услови кога истата оваа Влада дозволи екстремно зголемување на цените на храната и на производите, прашува Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ. Владата на ДПМНЕ, вели таа, очигледно нема допир со реалноста и …

Continue Reading

Премиере, не бегај, бегството не е решение: Апасиев со порака до Мицкоски да не бега од пратенички прашања

Лидеот на Левица Димитар Апасиев со порака до премиерот Христијан Мицкоски да не бега од пратенички прашања: Премиере, не бегај – бегството не е решение, му порачува Апасиев на Мицкоски. „Институтот пратенички прашања е уставен инструмент за парламентарна контрола над власта (чл. 72, ст. 3 од Уставот на РМ), кој потоа е гарантиран и во чл. 15 од Законот за …

Continue Reading

Седница на ЦО: „СДСМ ќе ги искористи сите механизми за обезбедување неселективна правда и одговорност за трагедијата во Кочани“

Синоќа се одржа седница на Централниот одбор на СДСМ на којашто, како што извести партијата, се разговарало за актуелните состојби во земјата по најтешката трагедија којашто ја погоди Македонија и во која згаснаа 59 луѓе. Со едноминутно молчење членовите на највисокиот орган на СДСМ оддадоа почит на жртвите од трагедијата во Кочани и изразија сочувство со болката и тагата на …

Continue Reading

„Ургентно формирање на Парламентарна комисија за оценување на селективната правда во третманот на трагедијата во Кочани“, бара ДУИ

„Парламентарната група на Европскиот Фронт денеска официјално ќе побара формирање на посебна Парламентарна Комисија за истражување на селективниот и едностран пристап на правосудниот систем, кој е под контрола на Владата, во третманот на трагедијата во Кочани“, велат од ДУИ. „Оваа комисија треба да се формира веднаш и да вклучи претставници на ОБСЕ, како и претставници од амбасадите на САД. ЕУ …

Continue Reading

СДСМ: Јавното обвинителство и МВР не одговараат на нашите прашања

Кој е Бране Петрушевски да одговара на прашања упатени до МВР и Јавното обвинителство, прашува СДСМ. „Скандалозно е ова што го прави власта. Поминаа два дена од поставените легитимни прашања на СДСМ кон МВР и Јавното обвинителство, а досега одговори нема. Дали актуелните командири, инспектори и раководството на БЈБ и МВР во ОВР Кочани и СВР Штип – кои биле …

Continue Reading