Таравари: Оптимист сум дека ќе најдеме заеднички јазик со партиите ВЛЕН за локалните избори
Министерот за здравство, Арбен Таравари, изјави дека се во постојана комуникација со останатите партии од коалицијата ВЛЕН за тоа како ќе се натпреваруваат на локалните избори. Тој рече дека оние како Алијанса за Албанци инсистираат да се изготват посебни листи за советници, а додаде дека е оптимист дека ќе најдат заеднички јазик. „Ние сме во постојана комуникација, комуницираме и се …
Continue Reading
Пратениците од Левица ќе донираат по половина плата за Кочани: „Пратениците да земат по половина плата оти решија да не работат две недели“
Во знак на солидарност со семејствата на загинатите во трагичниот настан во Кочани, а поради големиот интерес на јавноста и бројните прашања, пратениците на Левица соопштија дека ќе донираат повеќе од половина од својата мартовска плата. „Оваа одлука ја носиме свесни дека вистинската поддршка не треба да се темели на индивидуални гестови, туку на системски решенија што ќе обезбедат сигурност …
Continue Reading
Мисајловски – Хејбет: Благодарност за медицинската поддршка од Турција во згрижувањето на повредените во Кочани
Министерот за одбрана Владо Мисајловски, денеска во Министерството се сретна со заменик-министерот за одбрана на Турција, Муса Хејбет кому му се заблагодари за медицинската помош од страна на пријателска Турција во згрижувањето на дел од повредените во трагедијата во Кочани. „Нашите две земји се исклучително блиски повеќе декади и тоа го гледаме на дело. Голема благодарност од целиот македонски народ …
Continue Reading
Мицкоски: Развојот на нови авиолинии е стратешка инвестиција во иднината на нашата економија
Развојот на нови авиолинии не е само техничко прашање, туку стратешка инвестиција во иднината на нашата економија, туризам и меѓународна соработка, истакнува премиерот Христијан Мицкоски. Според него, нашата држава, со својата стратешка локација на Балканот, има потенцијал да стане значаен центар за воздушен сообраќај. „Затоа нашата Влада активно работи на: Воведување нови авиолинии – Преку партнерства со реномирани авиокомпании како …
Continue Reading
Николоски: Охрид преку Истанбул од денеска го поврзуваме со цела Европа и светот
Со обсмислена стратегија успеваме охридскиот аеродром да го развиваме. Денеска ја воспоставуваме новата и најважна линија Охрид-Истанбул со која Охрид преку Истанбул ќе го поврземе со цела Европа и светот, истака вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на воведувањето на новата авиолинија Охрид-Истанбул. „Ова е комплетно нова димензија за охридскиот аеродром и целосно нов развој на охридскиот аеродром затоа …
Continue Reading
ВМРО-ДПМНЕ: Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија
Чудно е што СДС и ДУИ се против обвинителите кои сами ги поставија и поради кои судството и обвинителството има сега под 2 посто доверба, велат од ВМРО-ДПМНЕ. Според оваа партија, нелогично е што СДС и ДУИ сега како што велат, се бунтуваат против истрагата, а на позиции во ОЈО се Гаврил Бубевски, Љупчо Коцевски и Ислам Абази, од прв …
Continue Reading
Петрушевски да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот Стефковски и да му побара оставка, порачуваат од СДСМ
Градоначалникот на ДПМНЕ од Гази Баба, Бобан Стефковски е осудено лице за дилање дрога, велат од СДСМ. „Бране Петрушевски прво што треба да направи е да ја земе пресудата за дрога на градоначалникот на ДПМНЕ во Гази Баба, Бобан Стефковски, да му ја однесе и јавно да побара оставка од него. Јавноста знае дека со дрога беше фатен и истакнат …
Continue Reading
Меџити: Агилните инспекциски контроли се приоритет за заштита на животната средина
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска одржа работна средба со директорката на Државниот инспекторат за животна средина, Ивана Гиновска и директорот на Управата за животна средина, Игор Никоски. На состанокот беше разгледан контролниот план за засилени инспекциски надзори, со цел ефикасна примена на законите за заштита на животната средина. Меџити нагласи …
Continue Reading
Муцунски на петгодишнината од членството во НАТО: Македонија останува посветена на заедничката работа со сојузниците и партнерите во справување со предизвиците
Денес во Скопје се одржа работен состанок по повод одбележувањето на петгодишнината од членството на Република Северна Македонија во НАТО. На покана на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на состанокот присуствуваа заменичката министерка за одбрана, Елфет Исмаили, амбасадори и шефови на дипломатски мисии на земјите членки на НАТО, партнерите од Индо-Пацификот, како и претставници од Украина …
Continue Reading